Во 123 НЕ, Кинескиот полимат Жанг Ханг го претставил неговиот најнов изум пред советниците на Хан. Голема вазна, која, како што тврдел. можела да предвиди кога ќе се случи земјотрес во кралството - вклучувајќи ја насоката во која треба да се прати помош. Советниците биле малку скептични, особено откако вазната профункционирала едно мирно попладне. Но кога гласник дошол да побра помош по неколку дена, нивните сомнежи се претвориле во благодарност. Во денешно време веќе не користиме вазни за да предвидуваме земјотреси, но земјотресите сѐ уште се предизвик за оние кои ги следат. Па зошто се земјотресите толку тешки за предвидување, и како може да станеме подобри во предвидувањето? За да одговориме на тоа, треба да разбереме некои теоретски концепти за како се случуваат земјотресите. Земјината кора се состои од неколку големи, карпести плочи, наречени тектонски плочи, кои пловат врз жешкиот, делумно стопен слој на земјината обвивка. Ова прави плочите да се движат многу бавно, со брзина од 1 до 20 cm годишно. Но овие мали движења се доволно моќни за да предизвикаат длабоки пукнатини во плочите. А во нестабилните зони зголемениот притисок може на крај да предизвика земјотрес. Тешко е да се следат овие минијатурни движења, а има и многу други фактори кои влијаат на создавањето земјотреси. На различните тектонски раседи се допираат разни карпи - некои се појаки а некои послаби под притисок. Различните карпи реагираат различно на триење и високи температури. Некои делумно се топат, создавајќи лубрикант направен од врели минерли кој го намалува триењето на раседот. Но некои се суви, и подложни на опасно покачување на притисокот. Сите овие раседи се подложни на разни гравитациони сили, и на струите од врели карпи кои се движат низ земјината кора. А која од овие непознати треба да ја анализираме, и како тие се вклопуваат во нашата растечка кутија алатки за предвидување? Бидејќи некои од овие сили делуват со константен интензитет, однесувањето на плочите е, до некаде, циклично. Многу од најверодостојните претпоставки доаѓаат од долгорочните предвидувања кои се основани на тоа каде и кога имало земјотреси претходно. На милениумската скала, ова овозможува да правиме предвидувања за тоа кога активните раседи како Сан Андреас, се на раб на огромен земјотрес. Но бидејќи во системот има многу непознати овој метод само грубо предвидува приближни временски периоди. За да се предвидат иминентни потреси, научниците ги истражуваат вибрациите во Земјата пред земјотрес. Геолозите веќе одамна користат сеизмометри за да ги следат и бележат малите промени во земјината кора. Денес, повеќето од телефоните можат да ги снимаат примарните сеизмични бранови. Со мрежата на телефони околу светот, научниците би можеле да добијат богат, детален систем на предупредување кој ги известува луѓето за идните земјотреси. За жал, телефоните можеби не се доволни за да се даде предупредување на време за да се спроведат безбедносните протоколи. Но таквите детални мерења сепак може да бидат корисни за програмите за предвидување како Quakesim на НАСА, кој може да користи ригорозна мешавина од геолошки подтоци за да ги идентификува ризичните региони. Сепак, неодамнешните студии покажуваат дека најпрепознатливите знаци за земјотрес се можеби невидливи за овие сензори. Во 2011 точно пред земјотрес да го затресе источниот брег на Јапонија, научниците недалеку снимиле изненадувачки високи концентрции на радиоактивниот пар изотопи: радон и торон. Како што напрегањето се зголемува во кората неспоредно пред земјотрес, микропукнатините дозволуваат овие гасови да излезат на површината. Овие научници мислат дека ако изградиме мрежа на детектори на радон и торон во зоните подложни на земјотреси, може да добиеме потенцијален систем на предупредување - кој би можел да предвидува земјотреси една недела порано. Се разбира, ниедна од овие технологии нема да биде корисна како едноставно гледање длабоко во самата земја. Со подлабока глетка можеби ќе можеме да ги следиме и предвидувме големите геолошки промени на време, со можност да спасиме десетици илјади животи годишно. Но за сега, овие технологии можат да ни помогнат да се подготвиме и брзо да помогнеме во регионите во криза без да чекаме информации од вазна.