0:00:01.094,0:00:04.752 Сè што сакав беше да го добијам [br]заслуженото унапредување, 0:00:04.752,0:00:06.561 а тој ми рече: „Качи се на масата 0:00:06.585,0:00:08.116 и рашири ги“. 0:00:09.904,0:00:12.651 Сите мажи во канцеларијата[br]напишаа на лист хартија 0:00:12.675,0:00:15.140 кои сексуални услуги ги сакаат од мене. 0:00:15.583,0:00:18.185 Сè што јас побарав беше [br]канцеларија со прозорец. 0:00:20.190,0:00:23.768 „Го прашав за совет како да[br]помине на комисија законот; 0:00:24.500,0:00:27.267 тој ме праша дали носам[br]штитници за колена.“ 0:00:29.753,0:00:31.991 Овие се само некои од ужасните приказни 0:00:32.015,0:00:34.523 кои ги имам чуено од жени[br]изминативе години, 0:00:34.547,0:00:37.726 додека истражував за сексуалното[br]малтретирање на работно место. 0:00:38.236,0:00:40.385 Открив дека 0:00:40.409,0:00:43.225 тоа е епидемија ширум светот. 0:00:44.307,0:00:47.622 Ужасна вистина за милиони жени, 0:00:47.646,0:00:49.760 кои единственото нешто кое сакаат 0:00:49.784,0:00:51.204 е да одат на работа. 0:00:52.998,0:00:55.247 Сексуалното малтретирање не дискриминира. 0:00:55.886,0:00:57.268 Можете да носите здолништа, 0:00:57.799,0:00:59.371 болнички мантил, 0:00:59.395,0:01:00.843 камуфлажна војничка униформа. 0:01:01.456,0:01:02.976 Може да сте млади или стари, 0:01:03.000,0:01:04.215 мажени или немажени, 0:01:04.239,0:01:05.429 црни или бели. 0:01:05.453,0:01:08.693 Може да сте демократи или републиканци[br]или независни. 0:01:10.577,0:01:13.483 Слушнав од многу жени: 0:01:14.047,0:01:15.403 полицајки, 0:01:15.427,0:01:16.934 припаднички на воени единици, 0:01:16.958,0:01:18.415 финансиски помошнички, 0:01:18.439,0:01:21.652 актерки, инженерки, адвокатки, 0:01:21.676,0:01:24.737 банкарки, сметководителки, наставнички..[br] 0:01:25.485,0:01:26.886 новинарки. 0:01:29.521,0:01:31.722 Излезе дека сексуалното малтретирање 0:01:31.746,0:01:33.633 нема врска со сексот. 0:01:34.609,0:01:36.945 Има врска со моќта, 0:01:36.969,0:01:39.540 и она што некој ви го прави 0:01:39.564,0:01:42.105 за да ви ја одземе моќта. 0:01:42.862,0:01:44.471 Денес сум тука 0:01:45.285,0:01:50.209 за да ве охрабрам да си ја вратите моќта. 0:01:51.210,0:01:54.273 (Аплауз) 0:01:55.675,0:01:58.235 На 6-ти јули, 2016 год. 0:01:59.004,0:02:01.330 направив скок во непознато сосема сама. 0:02:02.685,0:02:04.945 Тоа беше најстрашниот миг во мојот живот; 0:02:04.969,0:02:06.995 мачен избор. 0:02:09.015,0:02:11.873 Паднав во бездна сама, 0:02:12.688,0:02:14.749 без да знам што ме чека долу. 0:02:16.373,0:02:19.798 Но тогаш нешто чудесно [br]почна да се случува. 0:02:19.822,0:02:22.022 Илјадници жени стапија во контакт со мене 0:02:22.046,0:02:25.427 за да ги споделат нивните приказни[br]за срамот, болката и агонијата. 0:02:26.132,0:02:28.387 Ми велеа дека станав нивниот глас, 0:02:28.411,0:02:29.942 тие беа безгласни. 0:02:32.293,0:02:35.583 Наеднаш сфатив дека и во XXI-век 0:02:35.607,0:02:38.102 секоја жена има своја приказна. 0:02:40.796,0:02:42.376 Како Џојс, 0:02:43.125,0:02:44.647 главна стјуардеса 0:02:44.671,0:02:46.578 чиј шеф секојдневно на состаноците 0:02:46.602,0:02:49.739 ѝ раскажувал за порно филмовите[br]кои ги гледал претходната ноќ 0:02:49.763,0:02:51.640 притоа цртајќи пениси во роковникот. 0:02:51.664,0:02:52.840 Таа се жалела. 0:02:52.864,0:02:54.689 Ја нарекле луда и добила отказ. 0:02:55.219,0:02:57.635 Како Џоан, вработена во банка на Вол Стрит. 0:02:57.659,0:03:01.234 Нејзините колеги ја ословувале[br]со погрдниот збор на буквата „п“. 0:03:01.258,0:03:02.353 Таа се жалела- 0:03:02.353,0:03:03.814 ја обележаа како проблематична 0:03:03.814,0:03:06.539 и никогаш повеќе не направила[br]зделка на Вол Стрит. 0:03:07.438,0:03:10.048 Како Елизабет, офицерка во армија. 0:03:10.831,0:03:14.311 Нејзините подредени колеги мавтале[br]со банкнота од 1 долар пред неа 0:03:14.335,0:03:16.063 и ѝ велеле: „Танцувај ми“. 0:03:16.456,0:03:18.415 Кога отишла да се пожали кај мајорот 0:03:18.439,0:03:20.983 тој рекол: „Што? Само еден долар? 0:03:21.007,0:03:23.139 Вредиш најмалку 5 или 10!“ 0:03:26.392,0:03:27.965 Откако ќе ги прочитав 0:03:27.989,0:03:29.576 и ќе одговорев на сите 0:03:30.277,0:03:34.778 плачејќи над мејловите, 0:03:34.802,0:03:38.732 сфаќав колку многу треба да направам. 0:03:40.385,0:03:42.053 Еве ги потресните факти: 0:03:42.077,0:03:44.129 една од три жени - од тие кои ги знаеме - 0:03:44.926,0:03:47.040 била сексуално малтретирана[br]на работно место. 0:03:48.636,0:03:53.789 71 % од инцидентите[br]никогаш не биле пријавени. 0:03:54.874,0:03:56.024 Зошто? 0:03:56.738,0:03:58.435 Затоа што кога жените ќе прозборат, 0:03:58.459,0:04:00.590 ги нарекуваат лажливки, проблематични, 0:04:00.614,0:04:02.524 ги понижуваат, отфрлуваат и деградираат, 0:04:02.524,0:04:04.391 ги ставаат на црна листа 0:04:04.395,0:04:05.766 и ги отпуштаат. 0:04:05.790,0:04:10.372 Пријавување на сексуално малтретирање[br]може да значи крај на кариера за некој. 0:04:11.136,0:04:13.289 Сите овие жени кои ме исконтактираа, 0:04:14.001,0:04:18.874 речиси ниту една не работи[br]во избраната професија, 0:04:18.898,0:04:20.890 а тоа е невидено. 0:04:24.036,0:04:27.152 И јас бев повлечена на почетокот. 0:04:28.256,0:04:32.367 Мене ми се случи на крајот на годината[br]кога бев Мис Америка, 0:04:32.391,0:04:35.053 кога се сретнав со ТВ директор[br]на висока позиција 0:04:35.077,0:04:36.241 во Њујорк. 0:04:36.265,0:04:38.493 Мислев ми помага во текот на денот, 0:04:38.517,0:04:39.982 кога постојано ми се јавуваше. 0:04:39.982,0:04:41.038 Излеговме на вечера 0:04:41.062,0:04:43.985 и на задното седиште наеднаш [br]се нафрли врз мене 0:04:44.009,0:04:45.782 и ми го вовлече јазикот в грло. 0:04:47.928,0:04:52.356 Во својата наивност не сфаќав дека[br]„да се фатиме за работа“- 0:04:53.608,0:04:56.111 значи „да посегне по мојот долен веш“ . 0:04:58.685,0:04:59.930 Една недела подоцна, 0:04:59.954,0:05:04.532 ми се случи истото кога се сретнав [br]со високо рангиран издавач во Лос Анџелес, 0:05:04.556,0:05:06.075 повторно, 0:05:06.099,0:05:07.415 во автомобил. 0:05:07.439,0:05:10.410 Ме фати за вратот, 0:05:10.434,0:05:13.496 и толку силно ми ја зари главата [br]во неговото меѓуножје 0:05:13.520,0:05:15.109 што едвај можев да дишам. 0:05:21.137,0:05:26.622 Овие се настани кои целосно[br]ја уништуваат вашата самодоверба 0:05:29.709,0:05:33.866 Овие се настани кои до неодамна 0:05:33.890,0:05:36.271 не ги ни нарекував напади. 0:05:39.455,0:05:43.366 Затоа имаме уште многу да направиме. 0:05:47.431,0:05:49.400 После годините поминати како Мис Америка, 0:05:49.424,0:05:51.840 продолжив да запознавам познати луѓе, 0:05:52.899,0:05:54.511 вклучувајќи го и Доналд Трамп. 0:05:56.050,0:05:58.348 Кога е направена[br]фотографијава во 1988 год. 0:05:58.372,0:06:00.936 никој не предвидуваше[br]каде ќе стигнеме денес. 0:06:00.960,0:06:02.110 (Смеа) 0:06:03.239,0:06:06.486 Јас, во борба да се запре сексуалното[br]малтретирање на работно место: 0:06:07.357,0:06:09.793 тој, претседател на САД 0:06:09.817,0:06:11.089 и покрај тоа. 0:06:14.266,0:06:17.297 Веднаш потоа го добив првиот [br]ангажман во ТВ вестите 0:06:17.321,0:06:18.474 во Ричмонд, Вирџинија. 0:06:18.498,0:06:21.279 Обрнете внимание на сигурната[br]насмевка во розевото палто. 0:06:21.303,0:06:22.530 Не гледајте ја косата. 0:06:22.554,0:06:23.704 (Смеа) 0:06:24.458,0:06:29.169 Работев напорно да докажам [br]дека русокосите се многу паметни. 0:06:31.027,0:06:33.660 Но,која иронија-една од првите вести [br]за кои известував 0:06:33.684,0:06:36.225 беше сослушувањето на [br]Анита Хил во Вашингтон. 0:06:36.663,0:06:38.227 Набрзо потоа, 0:06:38.251,0:06:41.199 и јас бев сексуално малтретирана. 0:06:42.043,0:06:44.488 Известував од руралниот дел на Вирџинија 0:06:44.512,0:06:46.182 и кога се вративме во возилото 0:06:46.206,0:06:48.085 камерманот почна да ми зборува 0:06:48.109,0:06:50.980 колку сум уживала додека[br]ми ги допирал градите 0:06:51.004,0:06:52.577 додека ми го местеше микрофонот. 0:06:52.601,0:06:54.388 Од тој момент состојбата се влоши. 0:06:54.947,0:06:57.275 Се потпирав на совозачката врата - 0:06:57.275,0:06:58.848 ова беше пред мобилните телефони. 0:06:58.872,0:07:00.118 Се скаменив. 0:07:00.142,0:07:04.204 Замислував како излетувам низ вратата 0:07:04.228,0:07:07.457 при брзина од 80 км на час [br]како што гледав во филмовите, 0:07:07.481,0:07:09.588 прашувајќи се колку ќе боли. 0:07:13.880,0:07:16.862 Кога се обелодени приказната[br]за Харви Вајнстин- 0:07:16.886,0:07:20.305 еден од најпознатите филмски[br]магнати во Холивуд- 0:07:20.329,0:07:22.265 обвинувањата беа ужасни. 0:07:22.882,0:07:24.849 Но толку многу жени проговорија 0:07:24.873,0:07:28.497 што сфатив дека она[br]што го направив вредеше. 0:07:29.381,0:07:34.506 (Аплауз) 0:07:36.245,0:07:38.274 Неговото оправдување звучеше бедно. 0:07:38.813,0:07:41.194 Рече дека бил производ на 60-те и 70-те 0:07:41.218,0:07:42.974 и дека тогаш тоа било вообичаено. 0:07:42.998,0:07:44.877 Да, тоа било вообичаено тогаш, 0:07:44.901,0:07:47.798 и за жал, се`уште е. 0:07:47.822,0:07:48.972 Зошто? 0:07:49.779,0:07:51.150 Поради сите митови 0:07:51.174,0:07:53.579 кои се поврзани со сексуалното [br]малтретирање. 0:07:55.004,0:07:58.239 „Жените треба да си најдат[br]друга работа и друга кариера.“ 0:07:58.263,0:07:59.381 Да, секако. 0:07:59.381,0:08:01.828 Кажете ѝ на самохрана [br]мајка која работи 2 работи 0:08:01.828,0:08:03.351 во обид да врзе крај со крај 0:08:03.351,0:08:05.355 и била сексуално малтретирана. 0:08:06.082,0:08:07.627 „Жени- 0:08:07.651,0:08:09.422 сами си го бараат.“ 0:08:10.005,0:08:11.571 Поради облеката која ја носиме 0:08:11.595,0:08:13.238 и шминката што ја користиме. 0:08:13.876,0:08:17.431 Да, оние дуксерките што ги носат[br]Убер инженерите во Силициумската Долина 0:08:17.455,0:08:19.218 се исто провокативни. 0:08:20.639,0:08:22.089 „Жените измислуваат“. 0:08:22.619,0:08:25.549 Да, зашто е забавно и вреди 0:08:25.573,0:08:28.158 да си отпуштена и деградирана. 0:08:28.182,0:08:29.422 Јас го знам тоа. 0:08:31.324,0:08:35.920 „Жените обвинуваат зашто[br]сакаат да станат познати и богати. 0:08:36.456,0:08:38.267 Нашиот претседател го изјави ова. 0:08:40.465,0:08:42.286 Се обложувам дека Тејлор Свифт 0:08:42.310,0:08:46.035 една од најпознатите[br]и најбогати пејачки во светот, 0:08:46.660,0:08:48.182 не сакала повеќе слава или пари 0:08:48.182,0:08:50.717 кога поднесе тужба[br]за несакано допирање, 0:08:50.717,0:08:52.597 барајќи само [br]1 долар отштета. 0:08:52.688,0:08:54.771 Многу ми е драго што го направи тоа. 0:08:57.018,0:08:58.726 Најнова вест: 0:08:58.750,0:09:03.310 нераскажана приказна за жените и [br]сексуалното малтретирање на работно место: 0:09:04.667,0:09:07.498 жените сакаат само безбедно [br]и пријатно место 0:09:07.522,0:09:10.032 без сексуално малтретирање. 0:09:10.056,0:09:11.257 Толку. 0:09:12.180,0:09:16.967 (Аплауз) 0:09:18.405,0:09:21.476 Па, како да си ја вратиме моќта? 0:09:21.500,0:09:23.022 Имам 3 решенија. 0:09:23.667,0:09:24.817 Прво: 0:09:25.219,0:09:29.460 мора да ги претвориме набљудувачите[br]и соучесниците во сојузници. 0:09:29.460,0:09:32.882 98% од корпорациите во САД денес имаат 0:09:32.882,0:09:35.085 обуки против сексуално малтретирање.[br] 0:09:35.085,0:09:38.418 70% имаат програми за спречување. 0:09:38.900,0:09:41.079 Но, сепак кај повеќето случаи 0:09:41.103,0:09:44.349 набљудувачите и сведоците[br]не ги пријавуваат случаите. 0:09:45.225,0:09:46.377 Во 2016 год. 0:09:46.401,0:09:50.335 Харвардското списание за бизнис[br]го нарече тоа „апатија на набљудувачот“. 0:09:51.760,0:09:54.686 Сепак, сетете се на 9/11. 0:09:55.227,0:09:57.780 Милиони пати слушнавме: 0:09:57.804,0:09:59.208 „Ако видите нешто, 0:09:59.232,0:10:00.620 речете нешто.“ 0:10:01.845,0:10:05.691 Замислете какво влијание[br]би имало ако тоа се примени 0:10:05.715,0:10:08.754 на набљудувачите на[br]сексуалното малтретирање- 0:10:09.933,0:10:13.322 ако се препознаат и прекинат инцидентите, 0:10:14.397,0:10:17.699 да можеме директно да им се[br]спротиставиме на сторителите 0:10:18.700,0:10:21.511 и да им помогнеме и да ги [br]заштитиме жртвите. 0:10:22.279,0:10:24.272 Ова е мојот повик до мажите: 0:10:24.715,0:10:26.935 потребни ни сте во борбата. 0:10:27.560,0:10:29.185 Но и до жените- 0:10:29.209,0:10:32.005 да ги претвориме [br]соучесниците во сојузници. 0:10:32.499,0:10:33.855 Второ: 0:10:33.879,0:10:35.294 да се изменат законите. 0:10:37.029,0:10:38.467 Колкумина од вас знаат 0:10:38.491,0:10:40.910 дали постои регулатива за [br]присилна арбитража 0:10:40.934,0:10:42.832 во вашиот договор за работа? 0:10:44.095,0:10:45.245 Не гледам многу раце. 0:10:45.269,0:10:46.997 Ако не знаете, треба да дознаете. 0:10:47.021,0:10:48.251 Еве зошто. 0:10:49.096,0:10:50.352 списанието Тајм го нарекува, 0:10:50.376,0:10:52.015 таму погледнете на екранот, 0:10:52.039,0:10:55.394 „оние мали, ситни букви во договорот 0:10:55.418,0:10:58.801 кои овозможуваат никој да не чуе[br]за сексуалните малтретирања. 0:10:59.646,0:11:00.889 Еве за што се работи. 0:11:00.889,0:11:03.873 Присилната арбитража го одзема[br]уставно загарантираното право[br] 0:11:03.873,0:11:05.278 на јавно судење со порота. 0:11:05.850,0:11:07.000 Тајно е. 0:11:08.105,0:11:10.400 Не ги добивате истите сведоци и сведочења. 0:11:10.424,0:11:13.269 Во многу случаи, компанијата[br]ги бира арбитрите за вас. 0:11:13.855,0:11:16.331 Нема жалби, 0:11:16.355,0:11:19.157 и речиси само во 20% од случаите[br]победува вработената. 0:11:19.927,0:11:21.559 Но, повторно-тајно е. 0:11:21.583,0:11:24.529 Никој не знае што ви се случило. 0:11:25.732,0:11:27.748 Затоа работев толку напорно 0:11:27.772,0:11:29.404 во Капитол Хил во Вашингтон, ДЦ 0:11:29.428,0:11:30.580 за да се сменат законите. 0:11:30.604,0:11:32.294 На сенаторите им велам 0:11:32.294,0:11:34.440 дека сексуалното [br]малтретирање е аполитично. 0:11:34.464,0:11:36.043 Пред да ве малтретира некој, 0:11:36.067,0:11:39.801 не ве прашува дали сте за демократ[br]или републиканец. 0:11:39.825,0:11:41.119 Едноставно ве малтретираат. 0:11:41.143,0:11:43.585 Затоа треба сите да сме загрижени. 0:11:44.385,0:11:45.535 Трето: 0:11:45.940,0:11:47.090 бидете решителни. 0:11:47.666,0:11:50.269 Почнува кога сме сигурни 0:11:50.293,0:11:52.255 и градиме самодоверба. 0:11:52.279,0:11:54.077 Се спротиставувуваме и зборуваме 0:11:54.101,0:11:56.479 и му кажуваме на светот што ни се случило. 0:11:57.932,0:11:59.933 Знам дека изгледа страшно, 0:11:59.957,0:12:01.737 но да го сториме тоа за нашите деца. 0:12:02.102,0:12:04.956 Да го запреме тоа заради[br]следните генерации. 0:12:06.777,0:12:09.498 Знам дека го направив тоа за моите деца. 0:12:10.835,0:12:13.045 Тие беа најважните во мојата одлука 0:12:13.069,0:12:15.277 дали да проговорам или не. 0:12:15.623,0:12:16.917 Моите прекрасни деца, 0:12:16.941,0:12:18.704 мојот 12-годишен син Кристијан 0:12:18.728,0:12:20.894 и мојата 14-годишна Каја. 0:12:20.918,0:12:23.385 Колку само ги имав потценето. 0:12:23.904,0:12:25.740 Првиот училишен ден лани 0:12:25.764,0:12:28.177 беше денот кога ја донесов одлуката. 0:12:28.201,0:12:30.462 Бев загрижена што ќе им се случи. 0:12:30.486,0:12:32.699 Ќерка ми се врати од училиште и рече: 0:12:32.723,0:12:36.101 „Мама, многумина ме прашаа[br]што ти се случи летово.“ 0:12:36.125,0:12:37.746 Потоа ме погледна в очи 0:12:37.770,0:12:39.267 и ми рече: „Мама, 0:12:39.291,0:12:40.817 многу бев горда 0:12:41.794,0:12:44.354 кога им реков дека ти си мојата мајка.“ 0:12:46.749,0:12:48.009 Две недели подоцна. 0:12:48.033,0:12:51.987 кога конечно се охрабри да им [br]се спротистави на 2 момчиња 0:12:52.011,0:12:54.059 кои ја задеваа, 0:12:54.083,0:12:55.698 и кога си дојде дома ми рече: 0:12:55.722,0:12:59.170 „Мама, собрав храброст да го направам тоа 0:12:59.917,0:13:02.489 зашто видов дека и ти го направи.“ 0:13:04.510,0:13:11.052 (Аплауз) 0:13:12.487,0:13:16.384 Гледате, дарувањето[br]на храброста е заразно. 0:13:18.394,0:13:21.733 Се надевам дека моето [br]искуство ве инспирира 0:13:21.757,0:13:24.520 бидејќи токму сега е мигот на пресврт. 0:13:24.922,0:13:27.234 Сведоци сме на создавањето на историјата. 0:13:27.258,0:13:29.662 Сè повеќе жени излегуваат и велат: 0:13:29.686,0:13:31.460 „Доста беше.“ 0:13:34.036,0:13:37.742 (Аплауз) 0:13:39.412,0:13:42.050 Ова е мојата последна молба [br]упатена до компаниите. 0:13:42.558,0:13:47.003 Да ги вработиме пак оние жени[br]чии кариери се изгубени 0:13:47.027,0:13:49.036 поради некој случаен кретен. 0:13:50.117,0:13:52.172 Еве што знам јас за жените: 0:13:53.116,0:13:57.273 нема да бидеме потценети, [br]заплашувани и спречени. 0:13:57.881,0:14:01.233 Нема да нè замолчат поради вообичаените [br]начини на однесување 0:14:01.257,0:14:03.185 или остатоците од минатото. 0:14:03.209,0:14:04.359 Не! 0:14:04.819,0:14:07.442 Ќе се спротиставиме и ќе проговориме 0:14:08.214,0:14:09.942 и ќе допреме до сите. 0:14:10.778,0:14:14.517 Ќе бидеме такви какви што треба да сме. 0:14:15.957,0:14:17.914 И пред сè, 0:14:17.938,0:14:21.669 секогаш ќе бидеме решителни. 0:14:22.196,0:14:23.370 Благодарам! 0:14:23.701,0:14:28.626 (Аплауз)