WEBVTT 00:01:14.440 --> 00:01:22.460 Самади 00:01:22.460 --> 00:01:32.320 Самади е древен санскритски збор за кој нема прецизно толкување. 00:01:32.460 --> 00:01:39.680 Предизвикот да се сними филм за Самади е голем. 00:01:39.680 --> 00:01:52.080 Суштината на Самади не може да се замисли или пренесе со зборови. 00:01:52.380 --> 00:02:00.240 Овој филм е само површно прикажување на моето духовно патешествие. 00:02:00.240 --> 00:02:08.240 Неговата цел не е да те научи за Самади, или да создаде информации што ќе ги прими твојот ум. 00:02:08.360 --> 00:02:19.920 Целта е да те поттикне сам да ја откриеш својата вистинска природа. 00:02:21.460 --> 00:02:28.820 Денес е поважно да се биде во Самади од било кога. 00:02:28.820 --> 00:02:34.440 Човештвото не само што заборавило што е Самади 00:02:34.460 --> 00:02:43.700 туку и заборавило што е тоа што го заборавило. 00:02:43.700 --> 00:02:59.300 Заборавот претставува Маја. Маја е збор за илузијата што одбираме да ја живееме. 00:03:27.080 --> 00:03:34.239 Живеејќи како луѓе, повеќето од нас се крајно занесени во своето секојдневие, 00:03:34.240 --> 00:03:41.460 малку помислувајќи да се запраша "кои сме ние", „зошто сме овде“, или „каде одиме?“ 00:03:41.800 --> 00:03:50.120 Повеќето никогаш не го достигнале вистинското Јас - сржта на она што Буда го нарекол „аната“ 00:03:50.240 --> 00:03:56.980 или она што нема име, нема облик и нема објаснување. 00:03:56.980 --> 00:04:03.380 Како резултат на тој заборав, ние веруваме дека ние сме - овие ограничени тела 00:04:03.500 --> 00:04:10.880 И живееме во страв, свесен или несвесен, дека ограничената телесна структура со која се идентификуваме 00:04:10.880 --> 00:04:17.640 ќе умре. 00:04:24.540 --> 00:04:30.880 Во денешниот свет мнозинството луѓе кои се ангажирани со религиозни или духовни 00:04:30.880 --> 00:04:38.580 практики како јога, молитва, медитирање, мантрање и слични ритуали, 00:04:38.680 --> 00:04:42.980 практикуваат техники кои се условени, 00:04:43.220 --> 00:04:49.520 што значи дека тие нешта се конструкција на човековото его. 00:04:49.520 --> 00:04:56.180 Потрагата и активностите не претставуваат проблем. Проблемот е во тоа што луѓето си мислат 00:04:56.280 --> 00:05:01.260 дека го пронашле одговорот во некоја надворешна активност. 00:05:01.260 --> 00:05:06.840 Духовноста во нејзината вообичаена форма не е ништо поразлична 00:05:06.880 --> 00:05:10.680 од патолошкото мислење што преовладува насекаде. 00:05:10.680 --> 00:05:14.040 Духовноста може да биде само уште една закачка на умот. 00:05:14.040 --> 00:05:19.080 Тоа е дополнително човечко „правење“ наместо човечко „постоење“. 00:05:19.280 --> 00:05:27.960 Егото создава копнеж за повеќе пари, повеќе моќ, повеќе љубов, повеќе се'. 00:05:28.260 --> 00:05:37.620 Оние што се на таканаречениот „духовен пат“ сакаат да бидат подуховни, побудни, 00:05:37.620 --> 00:05:43.380 пососредени, помирни, попросветлени. 00:05:43.380 --> 00:05:52.160 Опасноста во тоа што ти го гледаш овој филм, е во тоа што твојот разум ќе посака да го достигне САМАДИ. 00:05:52.640 --> 00:06:00.340 Дури и поопасно е што твојот ум може да те прелаже дека си достигнал Самади. 00:06:00.740 --> 00:06:05.300 Секогаш кога ќе посакаш да „достигнеш“ нешто, 00:06:05.300 --> 00:06:08.560 биди сигурен дека тоа е желба и создание на егото. 00:06:08.640 --> 00:06:15.840 Самади не претставува достигнување и стекнување за себе. 00:06:17.120 --> 00:06:25.160 Да го достигнеш Самади значи да научиш да умреш, пред да умреш. 00:06:26.240 --> 00:06:32.360 Животот и смртта се како јин и јанг - тие се неразделно течение 00:06:32.360 --> 00:06:37.440 кое бесконечно се одвива, без почеток и без крај. 00:06:37.460 --> 00:06:42.140 Да ја оттурнуваш од себе смртта значи да го оттурнуваш и животот. 00:06:42.460 --> 00:06:47.580 Но штом директно ја искусиш вистината за тоа Кој Си Ти, 00:06:47.680 --> 00:06:52.880 стравот од животот и смртта исчезнува. 00:06:53.920 --> 00:07:00.900 Општеството и културата ти кажуваат Кој Си, а истовремено 00:07:01.040 --> 00:07:10.740 си роб на своите длабоки несвесни биолошки тежнеења и одбивности кои ти ги одредуваат одлуките. 00:07:11.800 --> 00:07:16.360 Созданијата на егото се само поттик за повторување на навиките. 00:07:16.860 --> 00:07:24.260 Тоа е едноставно патеката која енергијата еднаш ја изодела и тенденција на енергијата повторно да ја 00:07:24.360 --> 00:07:32.320 изоди таа патека, без разлика дали е тоа позитивно или негативно за организмот. 00:07:32.500 --> 00:07:39.760 Постојат бескрајни нивоа на паметење - или разум, спирали во спирали. 00:07:39.760 --> 00:07:46.140 Кога свеста се поистоветува со овој разум или конструкција на егото, таа се врзува 00:07:46.160 --> 00:07:54.020 со општественото условување, кое можеме да го наречеме „матрикс“. 00:07:54.340 --> 00:08:00.280 Човекот може да биде свесен за некои аспекти на егото, но несвесното 00:08:00.280 --> 00:08:11.740 архаично-врежаното и првобитните егзистенцијални стравови - се нештата што ја возат целата машина. 00:08:12.320 --> 00:08:18.640 Бескрајните нагони за заграбување на задоволства и избегнувањето на болката се преобразуваат во 00:08:18.700 --> 00:08:30.400 патолошки односи... на работа... во односите со другите... во личните убедувања... 00:08:30.480 --> 00:08:36.720 во мислите и во нашиот целокупен начин и однос кон животот. 00:08:36.720 --> 00:09:02.880 Како и говедата, повеќето луѓе живеат и умираат во пасивна потчинетост и го хранат матриксот со своите животи. 00:09:06.660 --> 00:09:12.200 Живееме живот заробени сме во тесни обрасци на повторување на навиките и принудите. 00:09:12.200 --> 00:09:17.460 Животот е често исполнет со големо патење и веројатно затоа 00:09:17.460 --> 00:09:26.000 никогаш не помислуваме дека всушност можеме да станеме слободни. 00:09:26.000 --> 00:09:32.820 Возможно е човек да се ослободи од животот што го наследил од минатото 00:09:33.000 --> 00:09:43.880 и да го живее животот што чека да дојде преку внатрешниот свет. 00:10:07.000 --> 00:10:19.320 Сите луѓе се раѓаат во светот со биолошки условени структури, но без свест за самите себе. 00:10:19.420 --> 00:10:29.280 Кога ќе погледнете во очите на малото дете, во нив нема траги од Себе, само блескава празнина. 00:10:30.740 --> 00:10:38.160 Возрасниот човек во којшто пораснува детето, е маска која ја носи облечена врз изворната свест 00:10:38.360 --> 00:10:48.600 Шекспир рекол, „Светот е бина, а луѓето се само глумци“. 00:10:53.160 --> 00:11:03.520 Кај пробудениот поединец, свеста прозрачува низ личноста, преку маската. 00:11:03.520 --> 00:11:08.780 Кога си буден ти не се поистоветуваш со твојот лик (улога). 00:11:08.780 --> 00:11:16.460 Не веруваш дека ти - си маската која ја носиш. 00:11:16.460 --> 00:11:25.120 Но, исто така, не се откажуваш од играње на улогата. 00:11:42.040 --> 00:11:53.000 Кога се идентификуваме со нашата улога, нашата персона - тоа е Маја - илузијата на себството. 00:11:53.500 --> 00:12:00.000 Самади е будење од сонот на твојот лик (улога) во претставата на животот. 00:12:12.000 --> 00:12:19.040 2400 години откако Платон ја напишал „Република“, 00:12:19.040 --> 00:12:24.660 човештвото сеуште бара излез од пештерата на Платон. 00:12:25.320 --> 00:12:34.680 Всушност, поверојатно е дека денес сме повеќе замаени од илузиите од било кога. 00:12:35.520 --> 00:12:42.180 Платон зборува за Сократ кој опишува некои луѓе што живееле во пештера целиот свој живот, 00:12:42.180 --> 00:12:45.460 и биле завртени само кон празен ѕид од пештерата. 00:12:45.680 --> 00:12:50.480 Се што можеле да видат пред себе биле сенки на ѕидот предизвикани од нештата кои се движеле 00:12:50.480 --> 00:12:54.220 покрај огнот, кој бил зад нивниот грб. 00:12:54.220 --> 00:12:59.340 Играта на овие сенки - станала нивниот свет. 00:12:59.820 --> 00:13:06.200 Според Сократ, сенките биле најблизу до реалноста до која овие 00:13:06.200 --> 00:13:10.740 луѓе од пештерата можеле да стигнат. 00:13:10.740 --> 00:13:15.840 Дури и откако им кажале дека постои свет надвор од пештерата, тие продолжиле да веруваат 00:13:15.840 --> 00:13:19.240 дека животот се состои само од сенки. 00:13:19.240 --> 00:13:24.100 И покрај сомнежот дека има живот надвор од пештерата, тие не сакале да го напуштат 00:13:24.100 --> 00:13:30.940 она што им било познато. 00:13:34.680 --> 00:13:40.520 Човештвото денес е како луѓето што ги гледале само сенките на пештерскиот ѕид. 00:13:40.520 --> 00:13:44.080 Сенките се всушност аналогија на нашите мисли. 00:13:44.080 --> 00:13:47.780 Светот на мислите е единствениот свет што ни е познат. 00:13:47.780 --> 00:13:52.140 Но постои и еден друг свет што е зад мислите, 00:13:52.140 --> 00:13:56.120 зад дуалистичниот ум. 00:13:56.120 --> 00:14:03.380 Дали си решен да излезеш од пештерата, да оставиш се зад себе, 00:14:03.760 --> 00:14:14.100 за да ја дознаеш вистината за тоа Кој навистина Си? 00:14:15.220 --> 00:14:21.960 За да искусиш Самади потребно е да го скренеш вниманието од сенките, 00:14:21.960 --> 00:14:25.900 односно од мислите, и да го насочиш кон светлината. 00:14:25.900 --> 00:14:29.900 Оној што е навикнат само на мракот 00:14:29.900 --> 00:14:38.600 треба постепено да се прилагодува на светлината. 00:14:47.160 --> 00:14:54.600 Како и со прилагодувањето на било која нова парадигма, потребно е да се вложи време и труд и решителност 00:14:54.600 --> 00:15:03.080 да го откриеш новото, како и - да се ослободиш од старото. 00:15:15.580 --> 00:15:20.620 Умот може да се сфати како замка за твојата свест 00:15:20.620 --> 00:15:23.500 како лавиринт или како затвор 00:15:29.060 --> 00:15:39.760 Ти не се наоѓаш ВО затвор - всушност, ти СИ затворот. 00:15:43.700 --> 00:15:46.740 Затворот е илузија 00:15:47.580 --> 00:15:52.720 Ако се поистоветуваш со илузорно Јас, тогаш ти не си буден. 00:15:53.600 --> 00:15:59.340 Штом стануваш свесен за затворот, ако се бориш да излезеш од илузијата, тогаш ја третираш илузијата 00:15:59.340 --> 00:16:04.580 како таа да е реална, и сеуште си во сон, 00:16:04.580 --> 00:16:08.520 само што сега сонот станува кошмар, 00:16:08.520 --> 00:16:15.340 Ќе ги бркаш и бегаш од сенките засекогаш. 00:16:18.880 --> 00:16:26.580 Самади претставува будење од сонот од подвоеното Јас, односно созданието на твоето его 00:16:26.580 --> 00:16:35.860 Самади е будење од поистоветувањето со затворот кого се нарекувам ЈАС. 00:16:36.980 --> 00:16:46.360 Никогаш не можеш навистина да си слободен, бидејќи каде и да одиш, твојот затвор е - таму. 00:16:46.620 --> 00:16:53.080 Будењето не значи ослободување од умот односно од матриксот. Напротив 00:16:53.080 --> 00:16:58.740 кога не се постиветуваш со умот, тогаш можеш од сесрце да учествуваш во играта на животот 00:16:58.740 --> 00:17:03.600 и да го прифатиш шоуто такво какво што е, без да му се плашиш или да копнееш по нешто. 00:17:03.600 --> 00:17:08.060 Во древните учења ова се нарекувало Божествената игра на Лила: 00:17:08.460 --> 00:17:14.140 играта на играње во дуалност. 00:17:21.040 --> 00:17:25.200 Човековата свест е континуум. 00:17:25.200 --> 00:17:30.400 Во една крајност, луѓето се поистоветени со материјалното Јас. 00:17:30.460 --> 00:17:36.360 Во другата крајност е Самади - непостоењето на Себе 00:17:36.360 --> 00:17:44.520 Со со секој чекор кој го одиме на континуумот кон Самади, се оддалечуваме од страдање 00:17:45.340 --> 00:17:51.580 Намалувањето на страдањето не значи живот ослободен од болка 00:17:51.600 --> 00:17:58.360 Самади ја надминува дуалноста на болката и уживањето. 00:17:58.360 --> 00:18:05.380 Суштината е дека - има помалку ум, помалку Јас што создава отпор кон она што го носи животот, 00:18:05.380 --> 00:18:11.900 а тој отпор - е она што создава страдање. 00:18:20.700 --> 00:18:27.980 Дури и само еднаш да постигнете Самади, Ви овозможува да видите што има од другата страна на континуумот. 00:18:27.980 --> 00:18:33.760 Да се види дека има и нешто друго освен материјалниот свет и личниот интерес. 00:18:33.760 --> 00:18:41.300 Кога доаѓа до прекин на умот за време на Самади, егоистичната мисла исчезнува 00:18:41.300 --> 00:18:51.020 и нема Јас, нема дуалност, но сепак постои Јас Сум , Аната или: не-себство. 00:18:53.140 --> 00:18:58.700 Во таа празнина осамнува Праџна, односно мудроста - разбирањето дека иманентното јас 00:18:58.720 --> 00:19:08.920 е далеку над претставата на дуалноста (подвојувањето), далеку над целиот континуум. 00:19:09.700 --> 00:19:16.680 Иманентното (вистинското) Јас е безвремено, непроменливо и е секогаш овде и сега. 00:19:16.680 --> 00:19:24.500 Просветлувањето е во спојот на предзародишната спирала, вечно менливиот манифестиран свет 00:19:24.500 --> 00:19:32.680 или лотус во кој времето се одмотува, со твоето безвременско битие. 00:19:33.380 --> 00:19:38.620 Твојот внатрешен склоп се развива, како цвет што се препораѓа вечно 00:19:38.620 --> 00:19:43.260 секогаш кога се оттргнуваш (престануваш да се идентификуваш) со „личноста“, од малото „јас“, 00:19:43.260 --> 00:19:48.460 станувајќи жив мост помеѓу светот на времето и безвремениот свет. 00:20:08.600 --> 00:20:13.760 Воочувањето што е вистинското Јас е само почетокот на патеката. 00:20:13.760 --> 00:20:20.120 Повеќето луѓе ќе мора да го искусат и загубат Самади безброј пати во медитација 00:20:20.120 --> 00:20:25.020 пред да можат да го впрегнат во другите делови на животот. 00:20:25.600 --> 00:20:30.840 Не е невообичаено да имаш длабоки увиди во вистинската природа на твоето постоење 00:20:30.840 --> 00:20:34.680 за време на медитација или себеиспитување 00:20:34.680 --> 00:20:44.480 и притоа да се затекнеш како пак се враќаш на старите навики, заборавајќи кој навистина си. 00:20:53.100 --> 00:20:59.280 Да се достигне таа смиреност во секој сегмент од животот, секој сегмент на личното јас, 00:20:59.300 --> 00:21:05.960 значи да се стане празнина којашто танцува како сите нешта. 00:21:23.080 --> 00:21:27.160 Мирот не е нешто што е одвоено од движењето, 00:21:27.160 --> 00:21:30.520 мирот не е спротивен на движењето. 00:21:30.520 --> 00:21:41.680 Во Самади, смиреноста се поистоветува со движење, а формата се поистоветува со празнината. 00:21:41.680 --> 00:21:50.280 Ова не му прави смисла на умот бидејќи умот настанува во подвоеноста. 00:22:01.940 --> 00:22:10.480 Рене Декарт, таткото на западната филозофија славно изјавил: „Мислам значи постојам“ 00:22:10.580 --> 00:22:11.080 00:22:11.520 --> 00:22:17.240 Ниту еден исказ не може да го долови толку добро падот на цивилизацијата, односно 00:22:17.240 --> 00:22:22.780 поистоветувањето на човекот со сенките на ѕидот од пештерата. 00:22:24.920 --> 00:22:31.340 Грешката на Декарт, како и на речиси сите луѓе, е во тоа што 00:22:31.340 --> 00:22:36.740 суштината на постоењето ја поеднаквил со мислењето. 00:22:47.840 --> 00:22:53.160 На почетокот на неговиот најпознат трактат, Декарт пишува дека се е предмет на сомневање 00:22:53.160 --> 00:22:57.240 вклучувајќи ги сетилата, па дури и мислите. 00:23:02.260 --> 00:23:07.420 Исто така, во сутрата Калама, Будата (пробудениот) рекол 00:23:07.420 --> 00:23:12.660 „За да ја потврдиме вистината, потребно е да ги преиспитаме сите традиции 00:23:12.660 --> 00:23:18.580 писанија, учења, но и содржините на својот ум, како и сетилата. 00:23:22.880 --> 00:23:28.100 И двајцата започнале од сомнеж, но разликата е што Декарт 00:23:28.100 --> 00:23:32.800 сопрел со себеиспитување штом стигнал до мислите, а Буда продолжил 00:23:32.800 --> 00:23:37.760 и ги пробил најдлабоките сводови на умот. 00:23:38.880 --> 00:23:46.400 Доколку Декарт продолжил понатаму, можеби и тој ќе ја остварел својата вистинска природа 00:23:46.400 --> 00:23:51.720 а свеста на западниот свет денес би била многу поразлична. 00:23:53.800 --> 00:23:58.580 Но Декарт пишува за веројатноста дека постои зол демон 00:23:58.580 --> 00:24:03.280 што не држи зад превезот на илузиите. 00:24:03.640 --> 00:24:10.940 Декарт не успеал да увиди што всушност претставува злиот демон. 00:24:13.280 --> 00:24:18.320 Како и во филмот Матрикс, луѓето можеби се врзани за некоја програма 00:24:18.320 --> 00:24:22.240 што не држи под напон преку заносни мисли. 00:24:22.240 --> 00:24:27.060 Во филот, луѓето живеат во Матриксот, додека на едно друго ниво 00:24:27.060 --> 00:24:31.720 тие се обични батерии што ги напојуваат со својата животна сила машините 00:24:31.720 --> 00:24:38.660 на кои им е потреба енергија за нивната нејасна агенда. 00:25:06.140 --> 00:25:11.040 Луѓето секогаш сакаат да обвинуваат некој друг за тажната состојба на светот 00:25:11.040 --> 00:25:14.080 или за нивната сопствена несреќа. 00:25:14.080 --> 00:25:20.680 без разлика дали тоа е друга личност, некоја група на луѓе, некоја земја или некој си 00:25:20.680 --> 00:25:26.560 контролирачки зол Декартов демон од типот на илуминати, или свесните машини на Матриксот. 00:25:27.100 --> 00:25:35.720 Иронично е што демонот на Декарт е она преку што се дефинирал и самиот тој. 00:25:35.720 --> 00:25:36.220 00:25:36.220 --> 00:25:42.440 Кога ќе достигнеш Самади станува јасно дека постои седржец, постои машина 00:25:42.440 --> 00:25:47.760 и постои зол демон што ти го пие животот ден за ден. 00:25:47.800 --> 00:25:51.340 Машината си самиот ти. 00:26:00.460 --> 00:26:07.400 Структурата на твоето Јас е градена од многу мали условени подпрограми, односно мали наредници. 00:26:07.580 --> 00:26:20.000 Едниот наредник бара храна, другиот пари, третиот сака социјален статус, четвртиот моќ... 00:26:20.540 --> 00:26:23.740 секс, интимност. 00:26:24.800 --> 00:26:28.420 Некој друг сака внимание од другите 00:26:28.700 --> 00:26:33.100 Барањата се буквално бесконечни и никогаш нема да бидат задоволени. 00:26:33.100 --> 00:26:38.560 Трошиме многу време и енергија за да си ги украсиме затворските келии 00:26:38.560 --> 00:26:41.600 и подлегнуваме на притисокот да ги разубавиме маските 00:26:41.600 --> 00:26:46.400 хранејќи ги малите наредниците, правејќи ги помоќни. 00:26:46.480 --> 00:26:52.640 Како зависици од дрога, колку повеќе им угодуваме на навиките, тие не тераат на уште. 00:26:58.880 --> 00:27:04.980 До слободата не се стигнува преку себеподобрување или задоволување на суетата; 00:27:05.000 --> 00:27:11.200 До слободата се стигнува преку целосно исфрлување на суетата и нејзината себична агенда. 00:27:12.320 --> 00:27:17.700 Некои луѓе стравуваат дека пробудувањето значи и губење на личната посебност 00:27:17.700 --> 00:27:20.620 и уживањето во животот. 00:27:20.620 --> 00:27:28.520 Впрочем, точно е спротивното: посебноста на секоја душа може да се искаже единствено 00:27:28.520 --> 00:27:35.360 преку надминување на условеното Јас. 00:27:35.360 --> 00:27:41.040 Бидејќи сме заспани во Матриксот, повеќето луѓе никогаш нема да дознаат 00:27:41.040 --> 00:27:46.000 што сака да изрази (искаже) душата. 00:27:57.240 --> 00:28:04.820 Патот до Самади вклучува медитирање, што претставува разгледување на условеното Јас - кое е променливо 00:28:04.820 --> 00:28:12.800 како и сфаќање на вистинската природа - она кое не се менува. 00:28:13.660 --> 00:28:21.240 Штом дојдеш до точката на мирување - изворот на твоето постоење, следното е 00:28:21.240 --> 00:28:27.860 да дочекуваш понатамошни насоки, без било какво инсистирање на тоа како твојот свет треба да се промени. 00:28:27.860 --> 00:28:33.080 Не мојата волја, туку повисоката волја - да се оствари. 00:28:37.760 --> 00:28:42.940 Ако умот единствено се обидува да го промени надворешниот свет за тој да се прилагоди на некоја твоја замисла 00:28:42.940 --> 00:28:46.040 за тоа како ти мислиш треба да биде животната патека, тоа е како да сакаш 00:28:46.040 --> 00:28:50.660 да го промениш сопствениот одраз во огледалото, манипулирајќи ја рефлексијата. 00:28:51.640 --> 00:28:57.200 За да направиш твојот одраз во огледалото да се смее, очигледно не можеш да ја манипулираш рефлексијата, 00:28:57.200 --> 00:29:03.800 треба да сфатиш дека ТИ си автентичниот извор на ликот што се покажува во огледалото. 00:29:04.940 --> 00:29:12.760 Ако го искусиш вистинското Јас, тоа не значи дека светот околу тебе треба да се промени. 00:29:12.780 --> 00:29:13.280 00:29:13.360 --> 00:29:20.780 Тоа што се променува е свеста, интелигентната внатрешна енергија - Прана - која се ослободува 00:29:20.780 --> 00:29:26.540 од условените навики и се става во служба на душата. 00:29:29.280 --> 00:29:35.400 Да станеш свесен за целта на душата, можеш единствено кога ќе научиш како да го набљудуваш 00:29:35.400 --> 00:29:38.800 условеното Јас и неговите бескрајни барања 00:29:38.800 --> 00:29:41.940 - да ги оставиш зад себе. 00:29:57.880 --> 00:30:05.760 Во грчката митологија боговите го проколнале Сизиф да повторува една безначајна работа цела вечност. 00:30:06.080 --> 00:30:13.240 Тој морал да турка огромен камен нагоре по планината, а каменот постојано се тркалал надоле. 00:30:23.940 --> 00:30:31.600 Францускиот егзистенцијалист и нобеловец Алберт Ками, клетвата на Сизиф ја сфатил 00:30:31.600 --> 00:30:35.399 како метафора за човештвото. 00:30:35.400 --> 00:30:41.800 Тој се запрашал, „како да најдеме значење во нашево апсурдно постоење“? 00:30:46.140 --> 00:30:53.760 Луѓето рмбаат без престан, за да изградат иднина што никогаш не доаѓа. 00:30:53.760 --> 00:30:58.300 На крајот, умираме. 00:31:08.400 --> 00:31:17.520 Ако навистина ја воочиме оваа вистина, или ќе полудиме - ако се идентификуваме со нашите егоични персони, 00:31:20.820 --> 00:31:24.880 или ќе се пробудиме и ќе се ослободиме. 00:31:31.940 --> 00:31:35.280 Во надворешната битка никогаш нема да успееме, 00:31:35.280 --> 00:31:39.420 бидејќи таа е одраз на светот што го создаваме во сопствениот ум. 00:31:39.420 --> 00:31:45.760 Космичката шега и апсурдноста на нештата стануваат јасни 00:31:45.760 --> 00:31:52.680 штом згасне егоистичкото Јас кое се храни од своите залудни амбиции. 00:32:14.740 --> 00:32:22.700 Во зенот има изрека: пред просветлувањето - цепам дрва, носам вода. 00:32:22.700 --> 00:32:28.640 по просветлувањето - цепам дрва, носам вода. 00:32:35.480 --> 00:32:40.020 Пред да се просветли, човекот мора да го тркала каменот нагоре по ридот 00:32:40.020 --> 00:32:44.260 по просветлувањето, човекот продолжува да го тркала својот камен. 00:32:44.260 --> 00:32:46.880 Што се менува? 00:32:47.140 --> 00:32:51.480 Внатрешниот отпор кон се' што е. 00:32:51.480 --> 00:32:56.680 Битката изостанува, односно, оној што се борел 00:32:56.680 --> 00:33:00.920 сега е освестен како - илузија. 00:33:00.920 --> 00:33:10.820 Сопствената волја односно сопствениот ум, и божествената волја или повисокиот ум - се ЕДНО. 00:33:19.400 --> 00:33:24.340 Во суштина, Самади е ослободување од сите внатрешни отпори 00:33:24.340 --> 00:33:28.360 кон сите менливи појави, без исклучок. 00:33:28.360 --> 00:33:34.800 Оној што може да го достигне внатрешниот мир, без оглед на околностите 00:33:34.820 --> 00:33:38.740 достигнал вистинско Самади. 00:33:38.740 --> 00:33:45.060 Отпорите изостануваат, не затоа што го одобруваш ова или она 00:33:45.060 --> 00:33:50.160 туку затоа што твојата внатрешна слобода не зависи од надворешната. 00:33:51.720 --> 00:33:59.160 Важно да се знае е дека прифаќањето на реалноста не значи дека се откажуваш од светот 00:33:59.160 --> 00:34:03.360 или дека се претвараш во пацифист што медитира 00:34:03.360 --> 00:34:10.900 Всушност, точно е спротивното - кога делуваме без да водиме од несвесни мотиви 00:34:10.900 --> 00:34:18.420 тогаш е возможно да дејствуваме во склад со Тао - со целосната сила на нашата животна енергија. 00:34:18.420 --> 00:34:29.320 00:34:29.320 --> 00:34:38.480 Многумина тврдат дека за да го промениме светот потребно е да се бориме посилно против она што го доживуваме како наши непријатели 00:34:39.280 --> 00:34:47.800 Да се бориш за мир е исто како да ја довикуваш тишината - дејството создава повеќе несакани дела. 00:34:47.860 --> 00:34:57.920 Денес има војна против се': војна против тероризмот, војна против болестите, против гладот. 00:34:59.840 --> 00:35:04.620 Секоја војна е всушност војна против самите себе. 00:35:12.400 --> 00:35:16.840 Секоја борба е дел од колективната заблуда. 00:35:16.840 --> 00:35:23.020 Велиме дека сакаме мир, но продолжуваме да гласаме за водачи што водат војни. 00:35:23.020 --> 00:35:27.940 Се лажеме кога велиме дека се бориме за човекови права 00:35:27.940 --> 00:35:31.960 но и покрај тоа, продолжуваме да купуваме облека направена во тешки услови. 00:35:31.960 --> 00:35:36.180 Велиме дека сакаме чист воздух, но продолжуваме да го загадуваме. 00:35:36.180 --> 00:35:42.180 Сакаме науката да не излечи од ракот, но не сакаме да ги смениме нездравите навики 00:35:42.180 --> 00:35:45.780 кои ги прават болестите поизвесни. 00:35:45.780 --> 00:35:50.180 Се залажуваме со тоа што промовираме подобар живот. 00:35:50.220 --> 00:35:57.560 Не сакаме да ги видиме скриените делови што условуваат страдање и смрт. 00:35:58.560 --> 00:36:04.240 Убедувањето дека можеме да победиме во војните против ракот, тероризмот, гладта 00:36:04.240 --> 00:36:09.500 или било кој друг непријател што го создаваме со нашето размислување и однос 00:36:09.500 --> 00:36:14.620 всушност само ја продолжува заблудата дека нема потреба да го промениме 00:36:14.620 --> 00:36:18.340 начинот на кој дејствуваме на оваа планета. 00:36:18.340 --> 00:36:22.760 Револуцијата мора да се случи - најпрвин во внатрешниот свет. 00:36:24.560 --> 00:36:29.300 Надворешниот свет ќе биде во склад со Тао 00:36:29.300 --> 00:36:33.560 само доколку директно ја искусиме спиралата на животот внатре во себе. 00:36:33.560 --> 00:36:40.260 Дотогаш, се што правиме ќе не доведува до хаосот што и онака постои во умот. 00:36:41.380 --> 00:36:48.780 Војната и мирот се прелеваат во еден бран, во бесконечна игра. Тие се еден континуум. 00:36:48.780 --> 00:36:52.680 Едната половина не може да постои без другата. 00:36:52.680 --> 00:36:58.120 Како што светлото не може да постои без темното. Како што „горе“ не би постоело без „доле“. 00:36:58.300 --> 00:37:04.360 Светот како да сака да има светлина без темнина, исполнетост без празнина, 00:37:04.360 --> 00:37:09.080 радост, без тага. 00:37:31.720 --> 00:37:37.560 Колку повеќе се вмешува умот, толку е повеќе подвоен (фрагментиран) светот. 00:37:37.560 --> 00:37:43.980 Секое решение што доаѓа од суетниот ум е придвижено од идејата дека постои проблем, 00:37:43.980 --> 00:37:49.400 и тогаш решението станува уште поголем проблем од оној што требало да го реши. 00:37:51.900 --> 00:37:57.800 Она на кое му се противиш - продолжува да трае. 00:38:06.880 --> 00:38:15.940 Иако човечката проникливост создава нови антибиотици, ја сфаќа итрината на природата - бактериите стануваат се' посилни. 00:38:16.420 --> 00:38:23.500 Без оглед на засилената борба против ракот, случаите на оваа болест се зголемуваат. 00:38:23.940 --> 00:38:28.740 Бројот на гладни луѓе низ светот расте 00:38:28.740 --> 00:38:34.680 како и бројот на терористички напади. 00:38:40.100 --> 00:38:43.160 Каде грешиме? 00:38:44.740 --> 00:38:50.620 Исто како помошникот на магот од поемата на Гете, човештвото стекна огромна моќ 00:38:50.620 --> 00:38:54.780 но не располага со мудрост како правилно да ја користи. 00:38:58.240 --> 00:39:03.200 Проблемот е што немаме разбирање за спрегите што ги користиме. 00:39:03.200 --> 00:39:08.380 Не го разбираме човековиот ум, неговата вистинска улога и чин. 00:39:17.620 --> 00:39:22.960 Кризите настануваат од ограничениот и условен начин на кој размислуваме 00:39:22.960 --> 00:39:28.460 и поради начинот на кој го чувствуваме и доживуваме животот. 00:39:34.580 --> 00:39:40.520 Нашето резонирањето не лиши од способноста да ја препознаеме 00:39:40.520 --> 00:39:45.200 и искусиме мудроста на многу древни култури. 00:39:47.460 --> 00:39:52.700 Егоистичното размислување не лиши од способноста да ја искусиме 00:39:52.700 --> 00:39:58.060 длабочината и светоста на животот, неговата големина и волшебство, 00:39:58.060 --> 00:40:02.520 како и да ги сфатиме различните нивоа на свест и будност, 00:40:02.520 --> 00:40:06.100 кои се нешта - речиси изгубени за човештвото. 00:40:10.580 --> 00:40:16.100 Во древната Египетска традиција, Нетерите биле архетипни облици чии својства 00:40:16.100 --> 00:40:22.280 можеле да бидат преземени од оние што си ги прочистиле духовните и физичките тела 00:40:22.280 --> 00:40:28.040 на таков начин што станале способни да примат и содржат повисоки нивоа на свест. 00:40:30.240 --> 00:40:37.800 Првобитниот нетер - божествениот принцип на мудроста, се нарекувал Тот, односно Техути. 00:40:37.800 --> 00:40:42.940 Најчесто претставен како писар со глава на птица, 00:40:42.940 --> 00:40:47.460 нетерот бил содржателот на изворот на целото знаење и мудрост. 00:40:48.680 --> 00:40:54.380 Тот може да се опише како вселенскиот принцип на мислата и умот. 00:40:55.720 --> 00:41:01.640 Тот ни го дал јазикот, поимите, пишувањето, математиката 00:41:01.640 --> 00:41:06.360 и останатите вештини и појавности на умот. 00:41:06.360 --> 00:41:10.380 Само на оние што завршиле специјална обука 00:41:10.380 --> 00:41:14.040 им било дозволено да го примат светото знаење на Тот. 00:41:17.660 --> 00:41:24.400 Книгата на Тот не е стварна книга, туку е мудроста на Акаша, односно етеричниот свет. 00:41:26.740 --> 00:41:33.740 Според преданието, знаењето на Тот е сокриено на тајно место што го има во секој човек 00:41:33.740 --> 00:41:38.560 а тоа место го штити златна змија. 00:41:41.900 --> 00:41:49.960 Вечниот мит за змија или змеј што чува богатство, се среќава во многу култури 00:41:53.740 --> 00:42:04.500 и се нарекува со разни имиња: кундалини шакти, чи, свет дух и внатрешна сила. 00:42:05.360 --> 00:42:12.500 Златната змија се всушност созданијата на егото, кои го сокриваат изворот на животната сила, и додека таа 00:42:12.500 --> 00:42:19.440 не се надмине, душата никогаш нема да може да постигне вистинска мудрост. 00:42:19.440 --> 00:42:26.500 Се кажува дека книгата на Тот им донела само страдања на оние кои ја прочитале 00:42:26.500 --> 00:42:34.680 и покрај тоа што ги дознале тајните на боговите и други знаења сокриени во ѕвездите. 00:42:35.220 --> 00:42:41.660 Тоа што мора да се разбере е дека книгата им донела страдања на оние што сакале 00:42:41.660 --> 00:42:45.420 да имаат надмоќ врз животната сила. 00:42:46.320 --> 00:42:53.560 Во египетската традиција, пробудената свест ја претставувал Осирис. 00:42:53.560 --> 00:43:00.340 Без оваа разбудена свест, било кое знаење што го поседува ограниченото Јас 00:43:00.340 --> 00:43:06.860 доведува до опасност и го исклучува човекот од повисоката мудрост. 00:43:06.860 --> 00:43:12.160 Окото на Орус требало да биде отворено. 00:43:15.360 --> 00:43:20.500 Езотеричкото значење на ова е слично со познатата приказна 00:43:20.500 --> 00:43:23.820 за „паѓањето“ на градината во Еден. 00:43:23.820 --> 00:43:29.500 Книгата на Тот е паралела со библиската приказна за спознавањето на дрвото на знаењето на „доброто“ и „злото“ 00:43:29.500 --> 00:43:33.100 чии забранети плодови Адам и Ева биле предизвикани да ги пробаат. 00:43:41.240 --> 00:43:48.480 Секако, човештвото одамна јаде од забранетиот плод и веќе ја отворило книгата на Тот 00:43:48.860 --> 00:43:53.960 и е одамна истерано од рајската градина 00:43:55.580 --> 00:43:59.920 Змијата во библиската приказна е метафора за предзародишната спирала 00:43:59.920 --> 00:44:04.560 што се протега од микрокосмосот па се до макрокосмосот. 00:44:06.260 --> 00:44:10.820 Денес змијата живее - како ТИ. 00:44:10.820 --> 00:44:18.260 Таа е - себичниот ум што се изразува низ појавниот свет. 00:44:18.260 --> 00:44:23.040 Никогаш порано не сме имале пристап до толку многу знаење 00:44:23.040 --> 00:44:29.160 Ние сме продлабочени во материјалниот свет. Ја пронајдовме и таканаречената „божја прашинка“ 00:44:29.160 --> 00:44:32.460 но и покрај се, никогаш не сме биле толку многу ограничени 00:44:32.460 --> 00:44:36.620 и во толкава заблуда за прашањето „Кој Сум Јас?“ и „Како Треба Да Живеам?“ 00:44:36.620 --> 00:44:42.220 и немаме разбирање за спрегите преку кои го создаваме страдањето. 00:45:27.880 --> 00:45:32.020 Преку размислување сме го создале светот каков што е денес. 00:45:32.020 --> 00:45:37.520 Секогаш кога обележуваме нешто како „добро“ или „лошо“, или создаваме преференци во умот, 00:45:37.520 --> 00:45:43.040 тоа е поради тоа што во умот создаваме егоистични структури и себични интереси. 00:45:43.580 --> 00:45:49.420 Спасот не е во борбата за мир или контрола врз природата 00:45:49.420 --> 00:45:58.620 туку е во спознавањето на вистината: тоа дека егото го подвојува животот 00:45:58.620 --> 00:46:07.740 на Јас и Други, на Мое и Твое, на Човек и Природа, на Внатре и Надвор. 00:46:10.120 --> 00:46:19.660 Егото е - насилство. На егото му се потребни бариери и граници од се што е Друго, за да може да постои 00:46:19.660 --> 00:46:23.920 Кога нема его нема ни војни против никого и против ништо. 00:46:23.920 --> 00:46:29.440 Нема гордост и грубост, ниту завладување со природата за создавање профит. 00:46:30.360 --> 00:46:37.480 Овие надворешни кризи во светот се одраз на длабоките кризи во душата и свеста. 00:46:37.480 --> 00:46:40.900 Не знаеме кои сме. 00:46:40.900 --> 00:46:45.300 Потполно се истоветуваме со нашите егоистични идентитети, 00:46:45.300 --> 00:46:50.180 совладани сме од стравови и отсечени од својата вистинската природа. 00:46:52.180 --> 00:46:59.760 Расите, религиите, државите, политичките партии, групите од кои сме дел 00:46:59.760 --> 00:47:04.260 само ги потврдуваат нашите егоистични идентитети. 00:47:04.260 --> 00:47:11.740 Речиси секоја група што постои на земјата денес сака да ги убеди другите дека нејзиното гледиште е вистинското. 00:47:11.740 --> 00:47:15.010 Тоа го правиме и на лично ниво. 00:47:15.010 --> 00:47:20.320 Преку утврдување на вистината за своја, групата продолжува да живее на ист начин 00:47:20.320 --> 00:47:25.980 како што егото и себичната структура се дефинира наспроти се останато. 00:47:28.940 --> 00:47:33.820 Сега повеќе од било кога, различните реалности и подвоените системи на верување 00:47:33.820 --> 00:47:36.960 коегзистираат истовремено на земјата 00:47:36.960 --> 00:47:42.540 Возможно е различни луѓе да искусуваат потполно различни мисли и емотивни реакции 00:47:42.560 --> 00:47:47.920 на истите надворешни феномени. 00:47:47.920 --> 00:47:56.080 На истиот начин Самсара и Нирвана, или - Рајот и Пеколот, се две различни 00:47:56.080 --> 00:47:59.780 димензии што постојат во истиот свет. 00:47:59.780 --> 00:48:11.340 Настанот што едни го сметаат за апокалиптичен, за други може да претставува спас. 00:48:11.340 --> 00:48:16.240 Тоа што е очигледно едека твоите надворешни околности може да немаат 00:48:16.240 --> 00:48:20.380 ефект на твојот надворешен свет на некој посебен начин. 00:48:22.120 --> 00:48:27.640 Да се достигне Самади значи да се биде себе-движечко тркало 00:48:27.640 --> 00:48:32.620 значи да се биде свој - сам свој универзум. 00:48:36.100 --> 00:48:40.860 Твоето животно искуство не е зависно од менливите појави. 00:48:44.060 --> 00:48:48.640 Можеме да направиме споредба со Метатроновата коцка. 00:48:49.900 --> 00:48:57.120 Метатрон се споменува во повеќе древни христијански, исламски и еврејски списи 00:48:57.160 --> 00:49:03.960 и е суштински поврзан со египетскиот нетер Тот, како и со Хермес Трисмегист од древна Грција. 00:49:04.620 --> 00:49:10.040 Метатрон е поврзан со тетраграматонот 00:49:10.040 --> 00:49:17.420 Тетраграматонот е фундаменталната геометрски шара - калапот на предзародишното извирање 00:49:17.420 --> 00:49:23.140 на физичката реалност, која луѓето ја нарекле Божјиот Збор или Логос. 00:49:25.300 --> 00:49:29.760 Пред себе имаме дводимензионален приказ на нацртот 00:49:29.760 --> 00:49:34.760 но при подобар увид може да се види тродимензионална коцка 00:49:34.760 --> 00:49:41.600 При согледување на коцката, ништо не се менува во нацртот, но твојот ум самиот додал 00:49:41.600 --> 00:49:44.480 нова димензија во гледањето. 00:49:45.380 --> 00:49:50.800 Димензионалноста, или перспективата на гледање, е едноставно 00:49:50.800 --> 00:49:54.900 прашање на поинакво гледање и разбирање на светот. 00:49:55.620 --> 00:50:03.180 Со достигнување Самади човекот се ослободува од гледиштата и слободно може да создава нови 00:50:03.180 --> 00:50:09.240 затоа што е изземено она Јас, кое е зависно од некое одредено гледиште (сфаќање - убедување). 00:50:16.060 --> 00:50:21.040 Најголемите умови во човечката историја честопати укажувале на нивоа на мисла 00:50:21.040 --> 00:50:24.980 кои достигнуваат над ограничената его-структура. 00:50:25.640 --> 00:50:31.100 Ајнштајн рекол: Човекот се вреднува вистински според начинот 00:50:31.100 --> 00:50:37.240 и распонот преку кој тој достигнува ослободување од самиот себе. 00:50:40.500 --> 00:50:45.820 Нема ништо лошо во размислувањето и во постоењето на Јас 00:50:45.820 --> 00:50:51.080 Размислувањето е прекрасна алатка кога умот е во служба на срцето. 00:50:52.780 --> 00:50:59.160 Во Веданта пишува дека умот е добар слуга - но е лош господар. 00:51:05.540 --> 00:51:11.280 Егото постојано ја филтрира реалноста преку јазикот и преку поимите, 00:51:11.280 --> 00:51:17.280 и постојано суди, преферирајќи едно нешто наспроти друго. 00:51:17.280 --> 00:51:23.320 Кога умот и сетилата се во улога на господар, тие создаваат постојано страдање, 00:51:23.320 --> 00:51:30.340 постојано посакување и одбивност, заробувајќи не' во матрикост на мислењето. 00:51:31.860 --> 00:51:38.480 Ако сакаш да достигнеш Самади, немој да ги судиш своите мисли како добри или лоши 00:51:38.480 --> 00:51:45.180 наместо тоа, обиди се да дознаеш кој си бил пред да настанат мислите и свеста за сетилата. 00:51:45.180 --> 00:51:53.440 Штом паднат сите етикети, станува можно да го видиш животот во вистинското светло. 00:51:56.540 --> 00:52:03.400 Во мигот кога на детето ќе му се покаже што е птица, ако тоа поверува во она што му се кажува, 00:52:03.400 --> 00:52:10.880 детето можеби никогаш повторно нема да види птица... туку единствено ќе ги види - своите мисли. 00:52:51.240 --> 00:52:57.000 Повеќето луѓе мислат дека се слободни, свесни и будни. 00:52:57.000 --> 00:53:03.360 Но ако веруваш дека си веќе буден, тогаш зошто би се вложил целосно 00:53:03.360 --> 00:53:08.320 за да го достигнеш она што си убеден дека го имаш? 00:53:08.320 --> 00:53:17.540 Пред да се покаже можноста за пробудување, потребно е да прифатиш дека живееш во сонот на матриксот. 00:53:19.540 --> 00:53:24.480 Преиспитај си го животот искрено, без да се залажуваш за било што. 00:53:25.420 --> 00:53:30.820 Дали можеш да ги сопреш роботските и повторливи шеми во животот, доколку одлучиш? 00:53:31.340 --> 00:53:35.660 Дали можеш да сопреш во потрагата по задоволство и избегнувањето на болка? 00:53:35.660 --> 00:53:40.980 Дали си зависен од одредена храна, активности и разоноди? 00:53:41.160 --> 00:53:48.940 Дали постојано ги осудуваш, обвинуваш и критикуваш другите и себеси? 00:53:48.940 --> 00:53:58.040 Дали умот постојано бара стимули? Или си потполно задоволен, едноставно живеејќи во молк? 00:53:58.680 --> 00:54:02.200 Дали реагираш на туѓите мислења за тебе? 00:54:02.200 --> 00:54:06.200 Дали ти се потребни туѓите пофалби и одобрувања? 00:54:06.200 --> 00:54:11.060 Дали на некој начин ги саботираш ситуациите во твојот живот? 00:54:11.600 --> 00:54:17.400 Повеќето луѓе ќе ги искусуваат своите животи на ист начин и денес и утре 00:54:17.400 --> 00:54:20.720 и една и десет години од денес. 00:54:22.080 --> 00:54:28.880 Кога ќе започнеш да го гледаш твоето роботско однесување ќе станеш повеќе буден 00:54:28.880 --> 00:54:34.220 Ќе започнеш да го препознаваш изворот на проблемите. 00:54:34.220 --> 00:54:40.420 Ти си целосно и потполно заспан и изгубен во сон. 00:54:41.060 --> 00:54:46.120 Како и жителите од пештерата на Платон, повеќето луѓе ќе слушнат за вистината 00:54:46.120 --> 00:54:50.180 но нема да сакаат или нема да можат да го променат животот 00:54:50.180 --> 00:54:53.920 затоа што се приврзани за нивните познати шеми и навики. 00:54:54.620 --> 00:54:59.380 Спремни сме да си кажеме и да слушнеме чуда само за да си ги оправдаме навиките 00:54:59.380 --> 00:55:04.560 вкопувајќи ја главата во песок, наместо да се соочиме со вистината. 00:55:05.040 --> 00:55:11.720 Ги обожуваме нашите спасители, но не сме подготвени самите да застанеме на крстот. 00:55:11.720 --> 00:55:17.920 Колку си спремен да платиш за да бидеш слободен? 00:55:18.640 --> 00:55:26.080 Сфати дека, ако сакаш да го промениш својот внатрешен свет, треба да си подготвен да го смениш и надворешниот живот. 00:55:26.080 --> 00:55:34.080 Твојата стара структура и стариот идентитет мора да се претворат во мртвата почва од која ќе излезе новиот живот 00:55:39.160 --> 00:55:46.260 Првиот чекор кон будењето е да разбереш дека сме поистоветени со матриксот на човековиот ум. 00:55:46.260 --> 00:55:49.060 односно, со маската. 00:55:49.060 --> 00:55:55.280 Нешто во нас бара да ја дознае оваа вистина и да се дигне од дремежот. 00:55:55.280 --> 00:56:02.460 Во тебе има нешто безвремено што отсекогаш ја знаело вистината. 00:56:17.700 --> 00:56:31.420 Матриксот на умот не' настранува (збунува), не' разонодува, не' тера нешто бесконечно да правиме, да конзумираме, да зграпчуваме, 00:56:31.420 --> 00:56:37.500 во кругот на копнежите и одбивностите со постојано променливи форми 00:56:37.500 --> 00:56:42.960 спречувајќи не' да го видиме изворот на нашата свесност, од нашето родено еволутивно право, 00:56:42.960 --> 00:56:45.400 кое се вика Самади. 00:56:46.640 --> 00:56:51.740 Патолошкото размислување стана нешто вообичаено. 00:56:57.520 --> 00:57:05.460 Твојата божествена суштина станала заробена, бидејќи се идентификувала со ограничените его-структури. 00:57:05.460 --> 00:57:12.220 Големата мудрост, вистината за тоа Кој Си, е закопана длабоко во тебе. 00:57:19.540 --> 00:57:25.820 Кришнамурти рекол: не е мерило за доброто здравје тоа што си вешто прилагоден 00:57:25.820 --> 00:57:30.200 кон општество кое е длабоко болно во неговата суштина. 00:57:38.380 --> 00:57:43.480 Поистоветувањето со егоистичниот ум е болеста. 00:57:43.780 --> 00:57:47.740 Самади е лекот. 00:58:16.960 --> 00:58:22.700 Светите и просветлените луѓе низ историјата 00:58:22.700 --> 00:58:26.620 сите ја стекнале мудроста на себепредавањето. 00:58:33.960 --> 00:58:38.820 Како е можно да го достигнеш вистинското Јас? 00:58:44.200 --> 00:58:51.140 Кога ќе ѕирнеш низ превезот на замаеноста - МАЈА, и ќе се ослободиш од лажното јас, 00:58:51.140 --> 00:58:54.760 што останува?