0:01:14.440,0:01:22.460 Самади 0:01:22.460,0:01:32.320 Самади е древен санскритски збор за кој нема прецизно толкување. 0:01:32.460,0:01:39.680 Предизвикот да се сними филм за Самади е голем. 0:01:39.680,0:01:52.080 Суштината на Самади не може да се замисли или пренесе со зборови. 0:01:52.380,0:02:00.240 Овој филм е само површно прикажување на моето духовно патешествие. 0:02:00.240,0:02:08.240 Неговата цел не е да те научи за Самади, или да создаде информации што ќе ги прими твојот ум. 0:02:08.360,0:02:19.920 Целта е да те поттикне сам да ја откриеш својата вистинска природа. 0:02:21.460,0:02:28.820 Денес е поважно да се биде во Самади од било кога. 0:02:28.820,0:02:34.440 Човештвото не само што заборавило што е Самади 0:02:34.460,0:02:43.700 туку и заборавило што е тоа што го заборавило. 0:02:43.700,0:02:59.300 Заборавот претставува Маја. Маја е збор за илузијата што одбираме да ја живееме. 0:03:27.080,0:03:34.239 Живеејќи како луѓе, повеќето од нас се крајно занесени во своето секојдневие, 0:03:34.240,0:03:41.460 малку помислувајќи да се запраша "кои сме ние", „зошто сме овде“, или „каде одиме?“ 0:03:41.800,0:03:50.120 Повеќето никогаш не го достигнале вистинското Јас - сржта на она што Буда го нарекол „аната“ 0:03:50.240,0:03:56.980 или она што нема име, нема облик и нема објаснување. 0:03:56.980,0:04:03.380 Како резултат на тој заборав, ние веруваме дека ние сме - овие ограничени тела 0:04:03.500,0:04:10.880 И живееме во страв, свесен или несвесен, дека ограничената телесна структура со која се идентификуваме 0:04:10.880,0:04:17.640 ќе умре. 0:04:24.540,0:04:30.880 Во денешниот свет мнозинството луѓе кои се ангажирани со религиозни или духовни 0:04:30.880,0:04:38.580 практики како јога, молитва, медитирање, мантрање и слични ритуали, 0:04:38.680,0:04:42.980 практикуваат техники кои се условени, 0:04:43.220,0:04:49.520 што значи дека тие нешта се конструкција на човековото его. 0:04:49.520,0:04:56.180 Потрагата и активностите не претставуваат проблем. Проблемот е во тоа што луѓето си мислат 0:04:56.280,0:05:01.260 дека го пронашле одговорот во некоја надворешна активност. 0:05:01.260,0:05:06.840 Духовноста во нејзината вообичаена форма не е ништо поразлична 0:05:06.880,0:05:10.680 од патолошкото мислење што преовладува насекаде. 0:05:10.680,0:05:14.040 Духовноста може да биде само уште една закачка на умот. 0:05:14.040,0:05:19.080 Тоа е дополнително човечко „правење“ наместо човечко „постоење“. 0:05:19.280,0:05:27.960 Егото создава копнеж за повеќе пари, повеќе моќ, повеќе љубов, повеќе се'. 0:05:28.260,0:05:37.620 Оние што се на таканаречениот „духовен пат“ сакаат да бидат подуховни, побудни, 0:05:37.620,0:05:43.380 пососредени, помирни, попросветлени. 0:05:43.380,0:05:52.160 Опасноста во тоа што ти го гледаш овој филм, е во тоа што твојот разум ќе посака да го достигне САМАДИ. 0:05:52.640,0:06:00.340 Дури и поопасно е што твојот ум може да те прелаже дека си достигнал Самади. 0:06:00.740,0:06:05.300 Секогаш кога ќе посакаш да „достигнеш“ нешто, 0:06:05.300,0:06:08.560 биди сигурен дека тоа е желба и создание на егото. 0:06:08.640,0:06:15.840 Самади не претставува достигнување и стекнување за себе. 0:06:17.120,0:06:25.160 Да го достигнеш Самади значи да научиш да умреш, пред да умреш. 0:06:26.240,0:06:32.360 Животот и смртта се како јин и јанг - тие се неразделно течение 0:06:32.360,0:06:37.440 кое бесконечно се одвива, без почеток и без крај. 0:06:37.460,0:06:42.140 Да ја оттурнуваш од себе смртта значи да го оттурнуваш и животот. 0:06:42.460,0:06:47.580 Но штом директно ја искусиш вистината за тоа Кој Си Ти, 0:06:47.680,0:06:52.880 стравот од животот и смртта исчезнува. 0:06:53.920,0:07:00.900 Општеството и културата ти кажуваат Кој Си, а истовремено 0:07:01.040,0:07:10.740 си роб на своите длабоки несвесни биолошки тежнеења и одбивности кои ти ги одредуваат одлуките. 0:07:11.800,0:07:16.360 Созданијата на егото се само поттик за повторување на навиките. 0:07:16.860,0:07:24.260 Тоа е едноставно патеката која енергијата еднаш ја изодела и тенденција на енергијата повторно да ја 0:07:24.360,0:07:32.320 изоди таа патека, без разлика дали е тоа позитивно или негативно за организмот. 0:07:32.500,0:07:39.760 Постојат бескрајни нивоа на паметење - или разум, спирали во спирали. 0:07:39.760,0:07:46.140 Кога свеста се поистоветува со овој разум или конструкција на егото, таа се врзува 0:07:46.160,0:07:54.020 со општественото условување, кое можеме да го наречеме „матрикс“. 0:07:54.340,0:08:00.280 Човекот може да биде свесен за некои аспекти на егото, но несвесното 0:08:00.280,0:08:11.740 архаично-врежаното и првобитните егзистенцијални стравови - се нештата што ја возат целата машина. 0:08:12.320,0:08:18.640 Бескрајните нагони за заграбување на задоволства и избегнувањето на болката се преобразуваат во 0:08:18.700,0:08:30.400 патолошки односи... на работа... во односите со другите... во личните убедувања... 0:08:30.480,0:08:36.720 во мислите и во нашиот целокупен начин и однос кон животот. 0:08:36.720,0:09:02.880 Како и говедата, повеќето луѓе живеат и умираат во пасивна потчинетост и го хранат матриксот со своите животи. 0:09:06.660,0:09:12.200 Живееме живот заробени сме во тесни обрасци на повторување на навиките и принудите. 0:09:12.200,0:09:17.460 Животот е често исполнет со големо патење и веројатно затоа 0:09:17.460,0:09:26.000 никогаш не помислуваме дека всушност можеме да станеме слободни. 0:09:26.000,0:09:32.820 Возможно е човек да се ослободи од животот што го наследил од минатото 0:09:33.000,0:09:43.880 и да го живее животот што чека да дојде преку внатрешниот свет. 0:10:07.000,0:10:19.320 Сите луѓе се раѓаат во светот со биолошки условени структури, но без свест за самите себе. 0:10:19.420,0:10:29.280 Кога ќе погледнете во очите на малото дете, во нив нема траги од Себе, само блескава празнина. 0:10:30.740,0:10:38.160 Возрасниот човек во којшто пораснува детето, е маска која ја носи облечена врз изворната свест 0:10:38.360,0:10:48.600 Шекспир рекол, „Светот е бина, а луѓето се само глумци“. 0:10:53.160,0:11:03.520 Кај пробудениот поединец, свеста прозрачува низ личноста, преку маската. 0:11:03.520,0:11:08.780 Кога си буден ти не се поистоветуваш со твојот лик (улога). 0:11:08.780,0:11:16.460 Не веруваш дека ти - си маската која ја носиш. 0:11:16.460,0:11:25.120 Но, исто така, не се откажуваш од играње на улогата. 0:11:42.040,0:11:53.000 Кога се идентификуваме со нашата улога, нашата персона - тоа е Маја - илузијата на себството. 0:11:53.500,0:12:00.000 Самади е будење од сонот на твојот лик (улога) во претставата на животот. 0:12:12.000,0:12:19.040 2400 години откако Платон ја напишал „Република“, 0:12:19.040,0:12:24.660 човештвото сеуште бара излез од пештерата на Платон. 0:12:25.320,0:12:34.680 Всушност, поверојатно е дека денес сме повеќе замаени од илузиите од било кога. 0:12:35.520,0:12:42.180 Платон зборува за Сократ кој опишува некои луѓе што живееле во пештера целиот свој живот, 0:12:42.180,0:12:45.460 и биле завртени само кон празен ѕид од пештерата. 0:12:45.680,0:12:50.480 Се што можеле да видат пред себе биле сенки на ѕидот предизвикани од нештата кои се движеле 0:12:50.480,0:12:54.220 покрај огнот, кој бил зад нивниот грб. 0:12:54.220,0:12:59.340 Играта на овие сенки - станала нивниот свет. 0:12:59.820,0:13:06.200 Според Сократ, сенките биле најблизу до реалноста до која овие 0:13:06.200,0:13:10.740 луѓе од пештерата можеле да стигнат. 0:13:10.740,0:13:15.840 Дури и откако им кажале дека постои свет надвор од пештерата, тие продолжиле да веруваат 0:13:15.840,0:13:19.240 дека животот се состои само од сенки. 0:13:19.240,0:13:24.100 И покрај сомнежот дека има живот надвор од пештерата, тие не сакале да го напуштат 0:13:24.100,0:13:30.940 она што им било познато. 0:13:34.680,0:13:40.520 Човештвото денес е како луѓето што ги гледале само сенките на пештерскиот ѕид. 0:13:40.520,0:13:44.080 Сенките се всушност аналогија на нашите мисли. 0:13:44.080,0:13:47.780 Светот на мислите е единствениот свет што ни е познат. 0:13:47.780,0:13:52.140 Но постои и еден друг свет што е зад мислите, 0:13:52.140,0:13:56.120 зад дуалистичниот ум. 0:13:56.120,0:14:03.380 Дали си решен да излезеш од пештерата, да оставиш се зад себе, 0:14:03.760,0:14:14.100 за да ја дознаеш вистината за тоа Кој навистина Си? 0:14:15.220,0:14:21.960 За да искусиш Самади потребно е да го скренеш вниманието од сенките, 0:14:21.960,0:14:25.900 односно од мислите, и да го насочиш кон светлината. 0:14:25.900,0:14:29.900 Оној што е навикнат само на мракот 0:14:29.900,0:14:38.600 треба постепено да се прилагодува на светлината. 0:14:47.160,0:14:54.600 Како и со прилагодувањето на било која нова парадигма, потребно е да се вложи време и труд и решителност 0:14:54.600,0:15:03.080 да го откриеш новото, како и - да се ослободиш од старото. 0:15:15.580,0:15:20.620 Умот може да се сфати како замка за твојата свест 0:15:20.620,0:15:23.500 како лавиринт или како затвор 0:15:29.060,0:15:39.760 Ти не се наоѓаш ВО затвор - всушност, ти СИ затворот. 0:15:43.700,0:15:46.740 Затворот е илузија 0:15:47.580,0:15:52.720 Ако се поистоветуваш со илузорно Јас, тогаш ти не си буден. 0:15:53.600,0:15:59.340 Штом стануваш свесен за затворот, ако се бориш да излезеш од илузијата, тогаш ја третираш илузијата 0:15:59.340,0:16:04.580 како таа да е реална, и сеуште си во сон, 0:16:04.580,0:16:08.520 само што сега сонот станува кошмар, 0:16:08.520,0:16:15.340 Ќе ги бркаш и бегаш од сенките засекогаш. 0:16:18.880,0:16:26.580 Самади претставува будење од сонот од подвоеното Јас, односно созданието на твоето его 0:16:26.580,0:16:35.860 Самади е будење од поистоветувањето со затворот кого се нарекувам ЈАС. 0:16:36.980,0:16:46.360 Никогаш не можеш навистина да си слободен, бидејќи каде и да одиш, твојот затвор е - таму. 0:16:46.620,0:16:53.080 Будењето не значи ослободување од умот односно од матриксот. Напротив 0:16:53.080,0:16:58.740 кога не се постиветуваш со умот, тогаш можеш од сесрце да учествуваш во играта на животот 0:16:58.740,0:17:03.600 и да го прифатиш шоуто такво какво што е, без да му се плашиш или да копнееш по нешто. 0:17:03.600,0:17:08.060 Во древните учења ова се нарекувало Божествената игра на Лила: 0:17:08.460,0:17:14.140 играта на играње во дуалност. 0:17:21.040,0:17:25.200 Човековата свест е континуум. 0:17:25.200,0:17:30.400 Во една крајност, луѓето се поистоветени со материјалното Јас. 0:17:30.460,0:17:36.360 Во другата крајност е Самади - непостоењето на Себе 0:17:36.360,0:17:44.520 Со со секој чекор кој го одиме на континуумот кон Самади, се оддалечуваме од страдање 0:17:45.340,0:17:51.580 Намалувањето на страдањето не значи живот ослободен од болка 0:17:51.600,0:17:58.360 Самади ја надминува дуалноста на болката и уживањето. 0:17:58.360,0:18:05.380 Суштината е дека - има помалку ум, помалку Јас што создава отпор кон она што го носи животот, 0:18:05.380,0:18:11.900 а тој отпор - е она што создава страдање. 0:18:20.700,0:18:27.980 Дури и само еднаш да постигнете Самади, Ви овозможува да видите што има од другата страна на континуумот. 0:18:27.980,0:18:33.760 Да се види дека има и нешто друго освен материјалниот свет и личниот интерес. 0:18:33.760,0:18:41.300 Кога доаѓа до прекин на умот за време на Самади, егоистичната мисла исчезнува 0:18:41.300,0:18:51.020 и нема Јас, нема дуалност, но сепак постои Јас Сум , Аната или: не-себство. 0:18:53.140,0:18:58.700 Во таа празнина осамнува Праџна, односно мудроста - разбирањето [br]дека иманентното јас 0:18:58.720,0:19:08.920 е далеку над претставата на дуалноста (подвојувањето), далеку над целиот континуум. 0:19:09.700,0:19:16.680 Иманентното (вистинското) Јас е безвремено, непроменливо и е секогаш овде и сега. 0:19:16.680,0:19:24.500 Просветлувањето е во спојот на предзародишната спирала, вечно менливиот манифестиран свет 0:19:24.500,0:19:32.680 или лотус во кој времето се одмотува, со твоето безвременско битие. 0:19:33.380,0:19:38.620 Твојот внатрешен склоп се развива, како цвет што се препораѓа вечно 0:19:38.620,0:19:43.260 секогаш кога се оттргнуваш (престануваш да се идентификуваш) со „личноста“, од малото „јас“, 0:19:43.260,0:19:48.460 станувајќи жив мост помеѓу светот на времето и безвремениот свет. 0:20:08.600,0:20:13.760 Воочувањето што е вистинското Јас е само почетокот на патеката. 0:20:13.760,0:20:20.120 Повеќето луѓе ќе мора да го искусат и загубат Самади безброј пати во медитација 0:20:20.120,0:20:25.020 пред да можат да го впрегнат во другите делови на животот. 0:20:25.600,0:20:30.840 Не е невообичаено да имаш длабоки увиди во вистинската природа на твоето постоење 0:20:30.840,0:20:34.680 за време на медитација или себеиспитување 0:20:34.680,0:20:44.480 и притоа да се затекнеш како пак се враќаш на старите навики, заборавајќи кој навистина си. 0:20:53.100,0:20:59.280 Да се достигне таа смиреност во секој сегмент од животот, секој сегмент на личното јас, 0:20:59.300,0:21:05.960 значи да се стане празнина којашто танцува како сите нешта. 0:21:23.080,0:21:27.160 Мирот не е нешто што е одвоено од движењето, 0:21:27.160,0:21:30.520 мирот не е спротивен на движењето. 0:21:30.520,0:21:41.680 Во Самади, смиреноста се поистоветува со движење, а формата се поистоветува со празнината. 0:21:41.680,0:21:50.280 Ова не му прави смисла на умот бидејќи умот настанува во подвоеноста. 0:22:01.940,0:22:10.480 Рене Декарт, таткото на западната филозофија славно изјавил: „Мислам значи постојам“ 0:22:11.520,0:22:17.240 Ниту еден исказ не може да го долови толку добро падот на цивилизацијата, односно 0:22:17.240,0:22:22.780 поистоветувањето на човекот со сенките на ѕидот од пештерата. 0:22:24.920,0:22:31.340 Грешката на Декарт, како и на речиси сите луѓе, е во тоа што 0:22:31.340,0:22:36.740 суштината на постоењето ја поеднаквил со мислењето. 0:22:47.840,0:22:53.160 На почетокот на неговиот најпознат трактат, Декарт пишува дека се е предмет на сомневање 0:22:53.160,0:22:57.240 вклучувајќи ги сетилата, па дури и мислите. 0:23:02.260,0:23:07.420 Исто така, во сутрата Калама, Будата (пробудениот) рекол 0:23:07.420,0:23:12.660 „За да ја потврдиме вистината, потребно е да ги преиспитаме сите традиции 0:23:12.660,0:23:18.580 писанија, учења, но и содржините на својот ум, како и сетилата. 0:23:22.880,0:23:28.100 И двајцата започнале од сомнеж, но разликата е што Декарт 0:23:28.100,0:23:32.800 сопрел со себеиспитување штом стигнал до мислите, а Буда продолжил 0:23:32.800,0:23:37.760 и ги пробил најдлабоките сводови на умот. 0:23:38.880,0:23:46.400 Доколку Декарт продолжил понатаму, можеби и тој ќе ја остварел својата вистинска природа 0:23:46.400,0:23:51.720 а свеста на западниот свет денес би била многу поразлична. 0:23:53.800,0:23:58.580 Но Декарт пишува за веројатноста дека постои зол демон 0:23:58.580,0:24:03.280 што не држи зад превезот на илузиите. 0:24:03.640,0:24:10.940 Декарт не успеал да увиди што всушност претставува злиот демон. 0:24:13.280,0:24:18.320 Како и во филмот Матрикс, луѓето можеби се врзани за некоја програма 0:24:18.320,0:24:22.240 што не држи под напон преку заносни мисли. 0:24:22.240,0:24:27.060 Во филот, луѓето живеат во Матриксот, додека на едно друго ниво 0:24:27.060,0:24:31.720 тие се обични батерии што ги напојуваат со својата животна сила машините 0:24:31.720,0:24:38.660 на кои им е потреба енергија за нивната нејасна агенда. 0:25:06.140,0:25:11.040 Луѓето секогаш сакаат да обвинуваат некој друг за тажната состојба на светот 0:25:11.040,0:25:14.080 или за нивната сопствена несреќа. 0:25:14.080,0:25:20.680 без разлика дали тоа е друга личност, некоја група на луѓе, некоја земја или некој си 0:25:20.680,0:25:26.560 контролирачки зол Декартов демон од типот на илуминати, или свесните машини на Матриксот. 0:25:27.100,0:25:35.720 Иронично е што демонот на Декарт е она преку што се дефинирал и самиот тој. 0:25:36.220,0:25:42.440 Кога ќе достигнеш Самади станува јасно дека постои седржец, постои машина 0:25:42.440,0:25:47.760 и постои зол демон што ти го пие животот ден за ден. 0:25:47.800,0:25:51.340 Машината си самиот ти. 0:26:00.460,0:26:07.400 Структурата на твоето Јас е градена од многу мали условени подпрограми, односно мали наредници. 0:26:07.580,0:26:20.000 Едниот наредник бара храна, другиот пари, третиот сака социјален статус, четвртиот моќ... 0:26:20.540,0:26:23.740 секс, интимност. 0:26:24.800,0:26:28.420 Некој друг сака внимание од другите 0:26:28.700,0:26:33.100 Барањата се буквално бесконечни и никогаш нема да бидат задоволени. 0:26:33.100,0:26:38.560 Трошиме многу време и енергија за да си ги украсиме затворските келии 0:26:38.560,0:26:41.600 и подлегнуваме на притисокот да ги разубавиме маските 0:26:41.600,0:26:46.400 хранејќи ги малите наредниците, правејќи ги помоќни. 0:26:46.480,0:26:52.640 Како зависици од дрога, колку повеќе им угодуваме на навиките, тие не тераат на уште. 0:26:58.880,0:27:04.980 До слободата не се стигнува преку себеподобрување или задоволување на суетата; 0:27:05.000,0:27:11.200 До слободата се стигнува преку целосно исфрлување на суетата и нејзината себична агенда. 0:27:12.320,0:27:17.700 Некои луѓе стравуваат дека пробудувањето значи и губење на личната посебност 0:27:17.700,0:27:20.620 и уживањето во животот. 0:27:20.620,0:27:28.520 Впрочем, точно е спротивното: посебноста на секоја душа може да се искаже единствено 0:27:28.520,0:27:35.360 преку надминување на условеното Јас. 0:27:35.360,0:27:41.040 Бидејќи сме заспани во Матриксот, повеќето луѓе никогаш нема да дознаат 0:27:41.040,0:27:46.000 што сака да изрази (искаже) душата. 0:27:57.240,0:28:04.820 Патот до Самади вклучува медитирање, што претставува разгледување на условеното Јас - кое е променливо 0:28:04.820,0:28:12.800 како и сфаќање на вистинската природа - она кое не се менува. 0:28:13.660,0:28:21.240 Штом дојдеш до точката на мирување - изворот на твоето постоење, следното е 0:28:21.240,0:28:27.860 да дочекуваш понатамошни насоки, без било какво инсистирање на тоа како твојот свет треба да се промени. 0:28:27.860,0:28:33.080 Не мојата волја, туку повисоката волја - да се оствари. 0:28:37.760,0:28:42.940 Ако умот единствено се обидува да го промени надворешниот свет за тој да се прилагоди на некоја твоја замисла 0:28:42.940,0:28:46.040 за тоа како ти мислиш треба да биде животната патека, тоа е како да сакаш 0:28:46.040,0:28:50.660 да го промениш сопствениот одраз во огледалото, манипулирајќи ја рефлексијата. 0:28:51.640,0:28:57.200 За да направиш твојот одраз во огледалото да се смее, очигледно не можеш да ја манипулираш рефлексијата, 0:28:57.200,0:29:03.800 треба да сфатиш дека ТИ си автентичниот извор на ликот што се покажува во огледалото. 0:29:04.940,0:29:12.760 Ако го искусиш вистинското Јас, тоа не значи дека светот околу тебе треба да се промени. 0:29:13.360,0:29:20.780 Тоа што се променува е свеста, интелигентната внатрешна енергија - Прана - која се ослободува 0:29:20.780,0:29:26.540 од условените навики и се става во служба на душата. 0:29:29.280,0:29:35.400 Да станеш свесен за целта на душата, можеш единствено кога ќе научиш како да го набљудуваш 0:29:35.400,0:29:38.800 условеното Јас и неговите бескрајни барања 0:29:38.800,0:29:41.940 - да ги оставиш зад себе. 0:29:57.880,0:30:05.760 Во грчката митологија боговите го проколнале Сизиф да повторува една безначајна работа цела вечност. 0:30:06.080,0:30:13.240 Тој морал да турка огромен камен нагоре по планината, а каменот постојано се тркалал надоле. 0:30:23.940,0:30:31.600 Францускиот егзистенцијалист и нобеловец Алберт Ками, клетвата на Сизиф ја сфатил 0:30:31.600,0:30:35.399 како метафора за човештвото. 0:30:35.400,0:30:41.800 Тој се запрашал, „како да најдеме значење во нашево апсурдно постоење“? 0:30:46.140,0:30:53.760 Луѓето рмбаат без престан, за да изградат иднина што никогаш не доаѓа. 0:30:53.760,0:30:58.300 На крајот, умираме. 0:31:08.400,0:31:17.520 Ако навистина ја воочиме оваа вистина, или ќе полудиме - ако се идентификуваме со нашите егоични персони, 0:31:20.820,0:31:24.880 или ќе се пробудиме и ќе се ослободиме. 0:31:31.940,0:31:35.280 Во надворешната битка никогаш нема да успееме, 0:31:35.280,0:31:39.420 бидејќи таа е одраз на светот што го создаваме во сопствениот ум. 0:31:39.420,0:31:45.760 Космичката шега и апсурдноста на нештата стануваат јасни 0:31:45.760,0:31:52.680 штом згасне егоистичкото Јас кое се храни од своите залудни амбиции. 0:32:14.740,0:32:22.700 Во зенот има изрека: пред просветлувањето - цепам дрва, носам вода. 0:32:22.700,0:32:28.640 по просветлувањето - цепам дрва, носам вода. 0:32:35.480,0:32:40.020 Пред да се просветли, човекот мора да го тркала каменот нагоре по ридот 0:32:40.020,0:32:44.260 по просветлувањето, човекот продолжува да го тркала својот камен. 0:32:44.260,0:32:46.880 Што се менува? 0:32:47.140,0:32:51.480 Внатрешниот отпор кон се' што е. 0:32:51.480,0:32:56.680 Битката изостанува, односно, оној што се борел 0:32:56.680,0:33:00.920 сега е освестен како - илузија. 0:33:00.920,0:33:10.820 Сопствената волја односно сопствениот ум, и божествената волја или повисокиот ум - се ЕДНО. 0:33:19.400,0:33:24.340 Во суштина, Самади е ослободување од сите внатрешни отпори 0:33:24.340,0:33:28.360 кон сите менливи појави, без исклучок. 0:33:28.360,0:33:34.800 Оној што може да го достигне внатрешниот мир, без оглед на околностите 0:33:34.820,0:33:38.740 достигнал вистинско Самади. 0:33:38.740,0:33:45.060 Отпорите изостануваат, не затоа што го одобруваш ова или она 0:33:45.060,0:33:50.160 туку затоа што твојата внатрешна слобода не зависи од надворешната. 0:33:51.720,0:33:59.160 Важно да се знае е дека прифаќањето на реалноста не значи дека се откажуваш од светот 0:33:59.160,0:34:03.360 или дека се претвараш во пацифист што медитира 0:34:03.360,0:34:10.900 Всушност, точно е спротивното - кога делуваме без да водиме од несвесни мотиви 0:34:10.900,0:34:18.420 тогаш е возможно да дејствуваме во склад со Тао - со целосната сила на нашата животна енергија. 0:34:29.320,0:34:38.480 Многумина тврдат дека за да го промениме светот потребно е да се бориме посилно против она што го доживуваме како наши непријатели 0:34:39.280,0:34:47.800 Да се бориш за мир е исто како да ја довикуваш тишината - дејството создава повеќе несакани дела. 0:34:47.860,0:34:57.920 Денес има војна против се': војна против тероризмот, војна против болестите, против гладот. 0:34:59.840,0:35:04.620 Секоја војна е всушност војна против самите себе. 0:35:12.400,0:35:16.840 Секоја борба е дел од колективната заблуда. 0:35:16.840,0:35:23.020 Велиме дека сакаме мир, но продолжуваме да гласаме за водачи што водат војни. 0:35:23.020,0:35:27.940 Се лажеме кога велиме дека се бориме за човекови права 0:35:27.940,0:35:31.960 но и покрај тоа, продолжуваме да купуваме облека направена во тешки услови. 0:35:31.960,0:35:36.180 Велиме дека сакаме чист воздух, но продолжуваме да го загадуваме. 0:35:36.180,0:35:42.180 Сакаме науката да не излечи од ракот, но не сакаме да ги смениме нездравите навики 0:35:42.180,0:35:45.780 кои ги прават болестите поизвесни. 0:35:45.780,0:35:50.180 Се залажуваме со тоа што промовираме подобар живот. 0:35:50.220,0:35:57.560 Не сакаме да ги видиме скриените делови што условуваат страдање и смрт. 0:35:58.560,0:36:04.240 Убедувањето дека можеме да победиме во војните против ракот, тероризмот, гладта 0:36:04.240,0:36:09.500 или било кој друг непријател што го создаваме со нашето размислување и однос 0:36:09.500,0:36:14.620 всушност само ја продолжува заблудата дека нема потреба да го промениме 0:36:14.620,0:36:18.340 начинот на кој дејствуваме на оваа планета. 0:36:18.340,0:36:22.760 Револуцијата мора да се случи - најпрвин во внатрешниот свет. 0:36:24.560,0:36:29.300 Надворешниот свет ќе биде во склад со Тао 0:36:29.300,0:36:33.560 само доколку директно ја искусиме спиралата на животот внатре во себе. 0:36:33.560,0:36:40.260 Дотогаш, се што правиме ќе не доведува до хаосот што и онака постои во умот. 0:36:41.380,0:36:48.780 Војната и мирот се прелеваат во еден бран, во бесконечна игра. Тие се еден континуум. 0:36:48.780,0:36:52.680 Едната половина не може да постои без другата. 0:36:52.680,0:36:58.120 Како што светлото не може да постои без темното. Како што „горе“ не би постоело без „доле“. 0:36:58.300,0:37:04.360 Светот како да сака да има светлина без темнина, исполнетост без празнина, 0:37:04.360,0:37:09.080 радост, без тага. 0:37:31.720,0:37:37.560 Колку повеќе се вмешува умот, толку е повеќе подвоен (фрагментиран) светот. 0:37:37.560,0:37:43.980 Секое решение што доаѓа од суетниот ум е придвижено од идејата дека постои проблем, 0:37:43.980,0:37:49.400 и тогаш решението станува уште поголем проблем од оној што требало да го реши. 0:37:51.900,0:37:57.800 Она на кое му се противиш - продолжува да трае. 0:38:06.880,0:38:15.940 Иако човечката проникливост создава нови антибиотици, ја сфаќа итрината на природата - бактериите стануваат се' посилни. 0:38:16.420,0:38:23.500 Без оглед на засилената борба против ракот, случаите на оваа болест се зголемуваат. 0:38:23.940,0:38:28.740 Бројот на гладни луѓе низ светот расте 0:38:28.740,0:38:34.680 како и бројот на терористички напади. 0:38:40.100,0:38:43.160 Каде грешиме? 0:38:44.740,0:38:50.620 Исто како помошникот на магот од поемата на Гете, човештвото стекна огромна моќ 0:38:50.620,0:38:54.780 но не располага со мудрост како правилно да ја користи. 0:38:58.240,0:39:03.200 Проблемот е што немаме разбирање за спрегите што ги користиме. 0:39:03.200,0:39:08.380 Не го разбираме човековиот ум, неговата вистинска улога и чин. 0:39:17.620,0:39:22.960 Кризите настануваат од ограничениот и условен начин на кој размислуваме 0:39:22.960,0:39:28.460 и поради начинот на кој го чувствуваме и доживуваме животот. 0:39:34.580,0:39:40.520 Нашето резонирањето не лиши од способноста да ја препознаеме 0:39:40.520,0:39:45.200 и искусиме мудроста на многу древни култури. 0:39:47.460,0:39:52.700 Егоистичното размислување не лиши од способноста да ја искусиме 0:39:52.700,0:39:58.060 длабочината и светоста на животот, неговата големина и волшебство, 0:39:58.060,0:40:02.520 како и да ги сфатиме различните нивоа на свест и будност, 0:40:02.520,0:40:06.100 кои се нешта - речиси изгубени за човештвото. 0:40:10.580,0:40:16.100 Во древната Египетска традиција, Нетерите биле архетипни облици чии својства 0:40:16.100,0:40:22.280 можеле да бидат преземени од оние што си ги прочистиле духовните и физичките тела 0:40:22.280,0:40:28.040 на таков начин што станале способни да примат и содржат повисоки нивоа на свест. 0:40:30.240,0:40:37.800 Првобитниот нетер - божествениот принцип на мудроста, се нарекувал Тот, односно Техути. 0:40:37.800,0:40:42.940 Најчесто претставен како писар со глава на птица, 0:40:42.940,0:40:47.460 нетерот бил содржателот на изворот на целото знаење и мудрост. 0:40:48.680,0:40:54.380 Тот може да се опише како вселенскиот принцип на мислата и умот. 0:40:55.720,0:41:01.640 Тот ни го дал јазикот, поимите, пишувањето, математиката 0:41:01.640,0:41:06.360 и останатите вештини и појавности на умот. 0:41:06.360,0:41:10.380 Само на оние што завршиле специјална обука 0:41:10.380,0:41:14.040 им било дозволено да го примат светото знаење на Тот. 0:41:17.660,0:41:24.400 Книгата на Тот не е стварна книга, туку е мудроста на Акаша, односно етеричниот свет. 0:41:26.740,0:41:33.740 Според преданието, знаењето на Тот е сокриено на тајно место што го има во секој човек 0:41:33.740,0:41:38.560 а тоа место го штити златна змија. 0:41:41.900,0:41:49.960 Вечниот мит за змија или змеј што чува богатство, се среќава во многу култури 0:41:53.740,0:42:04.500 и се нарекува со разни имиња: кундалини шакти, чи, свет дух и внатрешна сила. 0:42:05.360,0:42:12.500 Златната змија се всушност созданијата на егото, кои го сокриваат изворот на животната сила, и додека таа 0:42:12.500,0:42:19.440 не се надмине, душата никогаш нема да може да постигне вистинска мудрост. 0:42:19.440,0:42:26.500 Се кажува дека книгата на Тот им донела само страдања на оние кои ја прочитале 0:42:26.500,0:42:34.680 и покрај тоа што ги дознале тајните на боговите и други знаења сокриени во ѕвездите. 0:42:35.220,0:42:41.660 Тоа што мора да се разбере е дека книгата им донела страдања на оние што сакале 0:42:41.660,0:42:45.420 да имаат надмоќ врз животната сила. 0:42:46.320,0:42:53.560 Во египетската традиција, пробудената свест ја претставувал Осирис. 0:42:53.560,0:43:00.340 Без оваа разбудена свест, било кое знаење што го поседува ограниченото Јас 0:43:00.340,0:43:06.860 доведува до опасност и го исклучува човекот од повисоката мудрост. 0:43:06.860,0:43:12.160 Окото на Орус требало да биде отворено. 0:43:15.360,0:43:20.500 Езотеричкото значење на ова е слично со познатата приказна 0:43:20.500,0:43:23.820 за „паѓањето“ на градината во Еден. 0:43:23.820,0:43:29.500 Книгата на Тот е паралела со библиската приказна за спознавањето на дрвото на знаењето на „доброто“ и „злото“ 0:43:29.500,0:43:33.100 чии забранети плодови Адам и Ева биле предизвикани да ги пробаат. 0:43:41.240,0:43:48.480 Секако, човештвото одамна јаде од забранетиот плод и веќе ја отворило книгата на Тот 0:43:48.860,0:43:53.960 и е одамна истерано од рајската градина 0:43:55.580,0:43:59.920 Змијата во библиската приказна е метафора за предзародишната спирала 0:43:59.920,0:44:04.560 што се протега од микрокосмосот па се до макрокосмосот. 0:44:06.260,0:44:10.820 Денес змијата живее - како ТИ. 0:44:10.820,0:44:18.260 Таа е - себичниот ум што се изразува низ појавниот свет. 0:44:18.260,0:44:23.040 Никогаш порано не сме имале пристап до толку многу знаење 0:44:23.040,0:44:29.160 Ние сме продлабочени во материјалниот свет. Ја пронајдовме и таканаречената „божја прашинка“ 0:44:29.160,0:44:32.460 но и покрај се, никогаш не сме биле толку многу ограничени 0:44:32.460,0:44:36.620 и во толкава заблуда за прашањето „Кој Сум Јас?“ и „Како Треба Да Живеам?“ 0:44:36.620,0:44:42.220 и немаме разбирање за спрегите преку кои го создаваме страдањето. 0:45:27.880,0:45:32.020 Преку размислување сме го создале светот каков што е денес. 0:45:32.020,0:45:37.520 Секогаш кога обележуваме нешто како „добро“ или „лошо“, или создаваме преференци во умот, 0:45:37.520,0:45:43.040 тоа е поради тоа што во умот создаваме егоистични структури и себични интереси. 0:45:43.580,0:45:49.420 Спасот не е во борбата за мир или контрола врз природата 0:45:49.420,0:45:58.620 туку е во спознавањето на вистината: тоа дека егото го подвојува животот 0:45:58.620,0:46:07.740 на Јас и Други, на Мое и Твое, на Човек и Природа, на Внатре и Надвор. 0:46:10.120,0:46:19.660 Егото е - насилство. На егото му се потребни бариери и граници од се што е Друго, за да може да постои 0:46:19.660,0:46:23.920 Кога нема его нема ни војни против никого и против ништо. 0:46:23.920,0:46:29.440 Нема гордост и грубост, ниту завладување со природата за создавање профит. 0:46:30.360,0:46:37.480 Овие надворешни кризи во светот се одраз на длабоките кризи во душата и свеста. 0:46:37.480,0:46:40.900 Не знаеме кои сме. 0:46:40.900,0:46:45.300 Потполно се истоветуваме со нашите егоистични идентитети, 0:46:45.300,0:46:50.180 совладани сме од стравови и отсечени од својата вистинската природа. 0:46:52.180,0:46:59.760 Расите, религиите, државите, политичките партии, групите од кои сме дел 0:46:59.760,0:47:04.260 само ги потврдуваат нашите егоистични идентитети. 0:47:04.260,0:47:11.740 Речиси секоја група што постои на земјата денес сака да ги убеди другите дека нејзиното гледиште е вистинското. 0:47:11.740,0:47:15.010 Тоа го правиме и на лично ниво. 0:47:15.010,0:47:20.320 Преку утврдување на вистината за своја, групата продолжува да живее на ист начин 0:47:20.320,0:47:25.980 како што егото и себичната структура се дефинира наспроти се останато. 0:47:28.940,0:47:33.820 Сега повеќе од било кога, различните реалности и подвоените системи на верување 0:47:33.820,0:47:36.960 коегзистираат истовремено на земјата 0:47:36.960,0:47:42.540 Возможно е различни луѓе да искусуваат потполно различни мисли и емотивни реакции 0:47:42.560,0:47:47.920 на истите надворешни феномени. 0:47:47.920,0:47:56.080 На истиот начин Самсара и Нирвана, или - Рајот и Пеколот, се две различни 0:47:56.080,0:47:59.780 димензии што постојат во истиот свет. 0:47:59.780,0:48:11.340 Настанот што едни го сметаат за апокалиптичен, за други може да претставува спас. 0:48:11.340,0:48:16.240 Тоа што е очигледно едека твоите надворешни околности може да немаат 0:48:16.240,0:48:20.380 ефект на твојот надворешен свет на некој посебен начин. 0:48:22.120,0:48:27.640 Да се достигне Самади значи да се биде себе-движечко тркало 0:48:27.640,0:48:32.620 значи да се биде свој - сам свој универзум. 0:48:36.100,0:48:40.860 Твоето животно искуство не е зависно од менливите појави. 0:48:44.060,0:48:48.640 Можеме да направиме споредба со Метатроновата коцка. 0:48:49.900,0:48:57.120 Метатрон се споменува во повеќе древни христијански, исламски и еврејски списи 0:48:57.160,0:49:03.960 и е суштински поврзан со египетскиот нетер Тот, како и со Хермес Трисмегист од древна Грција. 0:49:04.620,0:49:10.040 Метатрон е поврзан со тетраграматонот 0:49:10.040,0:49:17.420 Тетраграматонот е фундаменталната геометрски шара - калапот на предзародишното извирање 0:49:17.420,0:49:23.140 на физичката реалност, која луѓето ја нарекле Божјиот Збор или Логос. 0:49:25.300,0:49:29.760 Пред себе имаме дводимензионален приказ на нацртот 0:49:29.760,0:49:34.760 но при подобар увид може да се види тродимензионална коцка 0:49:34.760,0:49:41.600 При согледување на коцката, ништо не се менува во нацртот, но твојот ум самиот додал 0:49:41.600,0:49:44.480 нова димензија во гледањето. 0:49:45.380,0:49:50.800 Димензионалноста, или перспективата на гледање, е едноставно 0:49:50.800,0:49:54.900 прашање на поинакво гледање и разбирање на светот. 0:49:55.620,0:50:03.180 Со достигнување Самади човекот се ослободува од гледиштата и слободно може да создава нови 0:50:03.180,0:50:09.240 затоа што е изземено она Јас, кое е зависно од некое одредено гледиште (сфаќање - убедување). 0:50:16.060,0:50:21.040 Најголемите умови во човечката историја честопати укажувале на нивоа на мисла 0:50:21.040,0:50:24.980 кои достигнуваат над ограничената его-структура. 0:50:25.640,0:50:31.100 Ајнштајн рекол: Човекот се вреднува вистински според начинот 0:50:31.100,0:50:37.240 и распонот преку кој тој достигнува ослободување од самиот себе. 0:50:40.500,0:50:45.820 Нема ништо лошо во размислувањето и во постоењето на Јас 0:50:45.820,0:50:51.080 Размислувањето е прекрасна алатка кога умот е во служба на срцето. 0:50:52.780,0:50:59.160 Во Веданта пишува дека умот е добар слуга - но е лош господар. 0:51:05.540,0:51:11.280 Егото постојано ја филтрира реалноста преку јазикот и преку поимите, 0:51:11.280,0:51:17.280 и постојано суди, преферирајќи едно нешто наспроти друго. 0:51:17.280,0:51:23.320 Кога умот и сетилата се во улога на господар, тие создаваат постојано страдање, 0:51:23.320,0:51:30.340 постојано посакување и одбивност, заробувајќи не' во матрикост на мислењето. 0:51:31.860,0:51:38.480 Ако сакаш да достигнеш Самади, немој да ги судиш своите мисли како добри или лоши 0:51:38.480,0:51:45.180 наместо тоа, обиди се да дознаеш кој си бил пред да настанат мислите и свеста за сетилата. 0:51:45.180,0:51:53.440 Штом паднат сите етикети, станува можно да го видиш животот во вистинското светло. 0:51:56.540,0:52:03.400 Во мигот кога на детето ќе му се покаже што е птица, ако тоа поверува во она што му се кажува, 0:52:03.400,0:52:10.880 детето можеби никогаш повторно нема да види птица... туку единствено ќе ги види - своите мисли. 0:52:51.240,0:52:57.000 Повеќето луѓе мислат дека се слободни, свесни и будни. 0:52:57.000,0:53:03.360 Но ако веруваш дека си веќе буден, тогаш зошто би се вложил целосно 0:53:03.360,0:53:08.320 за да го достигнеш она што си убеден дека го имаш? 0:53:08.320,0:53:17.540 Пред да се покаже можноста за пробудување, потребно е да прифатиш дека живееш во сонот на матриксот. 0:53:19.540,0:53:24.480 Преиспитај си го животот искрено, без да се залажуваш за било што. 0:53:25.420,0:53:30.820 Дали можеш да ги сопреш роботските и повторливи шеми во животот, доколку одлучиш? 0:53:31.340,0:53:35.660 Дали можеш да сопреш во потрагата по задоволство и избегнувањето на болка? 0:53:35.660,0:53:40.980 Дали си зависен од одредена храна, активности и разоноди? 0:53:41.160,0:53:48.940 Дали постојано ги осудуваш, обвинуваш и критикуваш другите и себеси? 0:53:48.940,0:53:58.040 Дали умот постојано бара стимули? Или си потполно задоволен, едноставно живеејќи во молк? 0:53:58.680,0:54:02.200 Дали реагираш на туѓите мислења за тебе? 0:54:02.200,0:54:06.200 Дали ти се потребни туѓите пофалби и одобрувања? 0:54:06.200,0:54:11.060 Дали на некој начин ги саботираш ситуациите во твојот живот? 0:54:11.600,0:54:17.400 Повеќето луѓе ќе ги искусуваат своите животи на ист начин и денес и утре 0:54:17.400,0:54:20.720 и една и десет години од денес. 0:54:22.080,0:54:28.880 Кога ќе започнеш да го гледаш твоето роботско однесување ќе станеш повеќе буден 0:54:28.880,0:54:34.220 Ќе започнеш да го препознаваш изворот на проблемите. 0:54:34.220,0:54:40.420 Ти си целосно и потполно заспан и изгубен во сон. 0:54:41.060,0:54:46.120 Како и жителите од пештерата на Платон, повеќето луѓе ќе слушнат за вистината 0:54:46.120,0:54:50.180 но нема да сакаат или нема да можат да го променат животот 0:54:50.180,0:54:53.920 затоа што се приврзани за нивните познати шеми и навики. 0:54:54.620,0:54:59.380 Спремни сме да си кажеме и да слушнеме чуда само за да си ги оправдаме навиките 0:54:59.380,0:55:04.560 вкопувајќи ја главата во песок, наместо да се соочиме со вистината. 0:55:05.040,0:55:11.720 Ги обожуваме нашите спасители, но не сме подготвени самите да застанеме на крстот. 0:55:11.720,0:55:17.920 Колку си спремен да платиш за да бидеш слободен? 0:55:18.640,0:55:26.080 Сфати дека, ако сакаш да го промениш својот внатрешен свет, треба да си подготвен да го смениш и надворешниот живот. 0:55:26.080,0:55:34.080 Твојата стара структура и стариот идентитет мора да се претворат во мртвата почва од која ќе излезе новиот живот 0:55:39.160,0:55:46.260 Првиот чекор кон будењето е да разбереш дека сме поистоветени со матриксот на човековиот ум. 0:55:46.260,0:55:49.060 односно, со маската. 0:55:49.060,0:55:55.280 Нешто во нас бара да ја дознае оваа вистина и да се дигне од дремежот. 0:55:55.280,0:56:02.460 Во тебе има нешто безвремено што отсекогаш ја знаело вистината. 0:56:17.700,0:56:31.420 Матриксот на умот не' настранува (збунува), не' разонодува, не' тера нешто бесконечно да правиме, да конзумираме, да зграпчуваме, 0:56:31.420,0:56:37.500 во кругот на копнежите и одбивностите со постојано променливи форми 0:56:37.500,0:56:42.960 спречувајќи не' да го видиме изворот на нашата свесност, од нашето родено еволутивно право, 0:56:42.960,0:56:45.400 кое се вика Самади. 0:56:46.640,0:56:51.740 Патолошкото размислување стана нешто вообичаено. 0:56:57.520,0:57:05.460 Твојата божествена суштина станала заробена, бидејќи се идентификувала со ограничените его-структури. 0:57:05.460,0:57:12.220 Големата мудрост, вистината за тоа Кој Си, е закопана длабоко во тебе. 0:57:19.540,0:57:25.820 Кришнамурти рекол: не е мерило за доброто здравје тоа што си вешто прилагоден 0:57:25.820,0:57:30.200 кон општество кое е длабоко болно во неговата суштина. 0:57:38.380,0:57:43.480 Поистоветувањето со егоистичниот ум е болеста. 0:57:43.780,0:57:47.740 Самади е лекот. 0:58:16.960,0:58:22.700 Светите и просветлените луѓе низ историјата 0:58:22.700,0:58:26.620 сите ја стекнале мудроста на себепредавањето. 0:58:33.960,0:58:38.820 Како е можно да го достигнеш вистинското Јас? 0:58:44.200,0:58:51.140 Кога ќе ѕирнеш низ превезот на замаеноста - МАЈА, и ќе се ослободиш од лажното јас, 0:58:51.140,0:58:54.760 што останува?