1 00:01:14,440 --> 00:01:22,460 Самади 2 00:01:22,460 --> 00:01:32,320 Самади е древен санскритски збор за кој нема прецизно толкување. 3 00:01:32,460 --> 00:01:39,680 Предизвикот да се сними филм за Самади е голем. 4 00:01:39,680 --> 00:01:52,080 Суштината на Самади не може да се замисли или пренесе со зборови. 5 00:01:52,380 --> 00:02:00,240 Овој филм е само површно прикажување на моето духовно патешествие. 6 00:02:00,240 --> 00:02:08,240 Неговата цел не е да те научи за Самади, или да создаде информации што ќе ги прими твојот ум. 7 00:02:08,360 --> 00:02:19,920 Целта е да те поттикне сам да ја откриеш својата вистинска природа. 8 00:02:21,460 --> 00:02:28,820 Денес е поважно да се биде во Самади од било кога. 9 00:02:28,820 --> 00:02:34,440 Човештвото не само што заборавило што е Самади 10 00:02:34,460 --> 00:02:43,700 туку и заборавило што е тоа што го заборавило. 11 00:02:43,700 --> 00:02:59,300 Заборавот претставува Маја. Маја е збор за илузијата што одбираме да ја живееме. 12 00:03:27,080 --> 00:03:34,239 Живеејќи како луѓе, повеќето од нас се крајно занесени во своето секојдневие, 13 00:03:34,240 --> 00:03:41,460 малку помислувајќи да се запраша "кои сме ние", „зошто сме овде“, или „каде одиме?“ 14 00:03:41,800 --> 00:03:50,120 Повеќето никогаш не го достигнале вистинското Јас - сржта на она што Буда го нарекол „аната“ 15 00:03:50,240 --> 00:03:56,980 или она што нема име, нема облик и нема објаснување. 16 00:03:56,980 --> 00:04:03,380 Како резултат на тој заборав, ние веруваме дека ние сме - овие ограничени тела 17 00:04:03,500 --> 00:04:10,880 И живееме во страв, свесен или несвесен, дека ограничената телесна структура со која се идентификуваме 18 00:04:10,880 --> 00:04:17,640 ќе умре. 19 00:04:24,540 --> 00:04:30,880 Во денешниот свет мнозинството луѓе кои се ангажирани со религиозни или духовни 20 00:04:30,880 --> 00:04:38,580 практики како јога, молитва, медитирање, мантрање и слични ритуали, 21 00:04:38,680 --> 00:04:42,980 практикуваат техники кои се условени, 22 00:04:43,220 --> 00:04:49,520 што значи дека тие нешта се конструкција на човековото его. 23 00:04:49,520 --> 00:04:56,180 Потрагата и активностите не претставуваат проблем. Проблемот е во тоа што луѓето си мислат 24 00:04:56,280 --> 00:05:01,260 дека го пронашле одговорот во некоја надворешна активност. 25 00:05:01,260 --> 00:05:06,840 Духовноста во нејзината вообичаена форма не е ништо поразлична 26 00:05:06,880 --> 00:05:10,680 од патолошкото мислење што преовладува насекаде. 27 00:05:10,680 --> 00:05:14,040 Духовноста може да биде само уште една закачка на умот. 28 00:05:14,040 --> 00:05:19,080 Тоа е дополнително човечко „правење“ наместо човечко „постоење“. 29 00:05:19,280 --> 00:05:27,960 Егото создава копнеж за повеќе пари, повеќе моќ, повеќе љубов, повеќе се'. 30 00:05:28,260 --> 00:05:37,620 Оние што се на таканаречениот „духовен пат“ сакаат да бидат подуховни, побудни, 31 00:05:37,620 --> 00:05:43,380 пососредени, помирни, попросветлени. 32 00:05:43,380 --> 00:05:52,160 Опасноста во тоа што ти го гледаш овој филм, е во тоа што твојот разум ќе посака да го достигне САМАДИ. 33 00:05:52,640 --> 00:06:00,340 Дури и поопасно е што твојот ум може да те прелаже дека си достигнал Самади. 34 00:06:00,740 --> 00:06:05,300 Секогаш кога ќе посакаш да „достигнеш“ нешто, 35 00:06:05,300 --> 00:06:08,560 биди сигурен дека тоа е желба и создание на егото. 36 00:06:08,640 --> 00:06:15,840 Самади не претставува достигнување и стекнување за себе. 37 00:06:17,120 --> 00:06:25,160 Да го достигнеш Самади значи да научиш да умреш, пред да умреш. 38 00:06:26,240 --> 00:06:32,360 Животот и смртта се како јин и јанг - тие се неразделно течение 39 00:06:32,360 --> 00:06:37,440 кое бесконечно се одвива, без почеток и без крај. 40 00:06:37,460 --> 00:06:42,140 Да ја оттурнуваш од себе смртта значи да го оттурнуваш и животот. 41 00:06:42,460 --> 00:06:47,580 Но штом директно ја искусиш вистината за тоа Кој Си Ти, 42 00:06:47,680 --> 00:06:52,880 стравот од животот и смртта исчезнува. 43 00:06:53,920 --> 00:07:00,900 Општеството и културата ти кажуваат Кој Си, а истовремено 44 00:07:01,040 --> 00:07:10,740 си роб на своите длабоки несвесни биолошки тежнеења и одбивности кои ти ги одредуваат одлуките. 45 00:07:11,800 --> 00:07:16,360 Созданијата на егото се само поттик за повторување на навиките. 46 00:07:16,860 --> 00:07:24,260 Тоа е едноставно патеката која енергијата еднаш ја изодела и тенденција на енергијата повторно да ја 47 00:07:24,360 --> 00:07:32,320 изоди таа патека, без разлика дали е тоа позитивно или негативно за организмот. 48 00:07:32,500 --> 00:07:39,760 Постојат бескрајни нивоа на паметење - или разум, спирали во спирали. 49 00:07:39,760 --> 00:07:46,140 Кога свеста се поистоветува со овој разум или конструкција на егото, таа се врзува 50 00:07:46,160 --> 00:07:54,020 со општественото условување, кое можеме да го наречеме „матрикс“. 51 00:07:54,340 --> 00:08:00,280 Човекот може да биде свесен за некои аспекти на егото, но несвесното 52 00:08:00,280 --> 00:08:11,740 архаично-врежаното и првобитните егзистенцијални стравови - се нештата што ја возат целата машина. 53 00:08:12,320 --> 00:08:18,640 Бескрајните нагони за заграбување на задоволства и избегнувањето на болката се преобразуваат во 54 00:08:18,700 --> 00:08:30,400 патолошки односи... на работа... во односите со другите... во личните убедувања... 55 00:08:30,480 --> 00:08:36,720 во мислите и во нашиот целокупен начин и однос кон животот. 56 00:08:36,720 --> 00:09:02,880 Како и говедата, повеќето луѓе живеат и умираат во пасивна потчинетост и го хранат матриксот со своите животи. 57 00:09:06,660 --> 00:09:12,200 Живееме живот заробени сме во тесни обрасци на повторување на навиките и принудите. 58 00:09:12,200 --> 00:09:17,460 Животот е често исполнет со големо патење и веројатно затоа 59 00:09:17,460 --> 00:09:26,000 никогаш не помислуваме дека всушност можеме да станеме слободни. 60 00:09:26,000 --> 00:09:32,820 Возможно е човек да се ослободи од животот што го наследил од минатото 61 00:09:33,000 --> 00:09:43,880 и да го живее животот што чека да дојде преку внатрешниот свет. 62 00:10:07,000 --> 00:10:19,320 Сите луѓе се раѓаат во светот со биолошки условени структури, но без свест за самите себе. 63 00:10:19,420 --> 00:10:29,280 Кога ќе погледнете во очите на малото дете, во нив нема траги од Себе, само блескава празнина. 64 00:10:30,740 --> 00:10:38,160 Возрасниот човек во којшто пораснува детето, е маска која ја носи облечена врз изворната свест 65 00:10:38,360 --> 00:10:48,600 Шекспир рекол, „Светот е бина, а луѓето се само глумци“. 66 00:10:53,160 --> 00:11:03,520 Кај пробудениот поединец, свеста прозрачува низ личноста, преку маската. 67 00:11:03,520 --> 00:11:08,780 Кога си буден ти не се поистоветуваш со твојот лик (улога). 68 00:11:08,780 --> 00:11:16,460 Не веруваш дека ти - си маската која ја носиш. 69 00:11:16,460 --> 00:11:25,120 Но, исто така, не се откажуваш од играње на улогата. 70 00:11:42,040 --> 00:11:53,000 Кога се идентификуваме со нашата улога, нашата персона - тоа е Маја - илузијата на себството. 71 00:11:53,500 --> 00:12:00,000 Самади е будење од сонот на твојот лик (улога) во претставата на животот. 72 00:12:12,000 --> 00:12:19,040 2400 години откако Платон ја напишал „Република“, 73 00:12:19,040 --> 00:12:24,660 човештвото сеуште бара излез од пештерата на Платон. 74 00:12:25,320 --> 00:12:34,680 Всушност, поверојатно е дека денес сме повеќе замаени од илузиите од било кога. 75 00:12:35,520 --> 00:12:42,180 Платон зборува за Сократ кој опишува некои луѓе што живееле во пештера целиот свој живот, 76 00:12:42,180 --> 00:12:45,460 и биле завртени само кон празен ѕид од пештерата. 77 00:12:45,680 --> 00:12:50,480 Се што можеле да видат пред себе биле сенки на ѕидот предизвикани од нештата кои се движеле 78 00:12:50,480 --> 00:12:54,220 покрај огнот, кој бил зад нивниот грб. 79 00:12:54,220 --> 00:12:59,340 Играта на овие сенки - станала нивниот свет. 80 00:12:59,820 --> 00:13:06,200 Според Сократ, сенките биле најблизу до реалноста до која овие 81 00:13:06,200 --> 00:13:10,740 луѓе од пештерата можеле да стигнат. 82 00:13:10,740 --> 00:13:15,840 Дури и откако им кажале дека постои свет надвор од пештерата, тие продолжиле да веруваат 83 00:13:15,840 --> 00:13:19,240 дека животот се состои само од сенки. 84 00:13:19,240 --> 00:13:24,100 И покрај сомнежот дека има живот надвор од пештерата, тие не сакале да го напуштат 85 00:13:24,100 --> 00:13:30,940 она што им било познато. 86 00:13:34,680 --> 00:13:40,520 Човештвото денес е како луѓето што ги гледале само сенките на пештерскиот ѕид. 87 00:13:40,520 --> 00:13:44,080 Сенките се всушност аналогија на нашите мисли. 88 00:13:44,080 --> 00:13:47,780 Светот на мислите е единствениот свет што ни е познат. 89 00:13:47,780 --> 00:13:52,140 Но постои и еден друг свет што е зад мислите, 90 00:13:52,140 --> 00:13:56,120 зад дуалистичниот ум. 91 00:13:56,120 --> 00:14:03,380 Дали си решен да излезеш од пештерата, да оставиш се зад себе, 92 00:14:03,760 --> 00:14:14,100 за да ја дознаеш вистината за тоа Кој навистина Си? 93 00:14:15,220 --> 00:14:21,960 За да искусиш Самади потребно е да го скренеш вниманието од сенките, 94 00:14:21,960 --> 00:14:25,900 односно од мислите, и да го насочиш кон светлината. 95 00:14:25,900 --> 00:14:29,900 Оној што е навикнат само на мракот 96 00:14:29,900 --> 00:14:38,600 треба постепено да се прилагодува на светлината. 97 00:14:47,160 --> 00:14:54,600 Како и со прилагодувањето на било која нова парадигма, потребно е да се вложи време и труд и решителност 98 00:14:54,600 --> 00:15:03,080 да го откриеш новото, како и - да се ослободиш од старото. 99 00:15:15,580 --> 00:15:20,620 Умот може да се сфати како замка за твојата свест 100 00:15:20,620 --> 00:15:23,500 како лавиринт или како затвор 101 00:15:29,060 --> 00:15:39,760 Ти не се наоѓаш ВО затвор - всушност, ти СИ затворот. 102 00:15:43,700 --> 00:15:46,740 Затворот е илузија 103 00:15:47,580 --> 00:15:52,720 Ако се поистоветуваш со илузорно Јас, тогаш ти не си буден. 104 00:15:53,600 --> 00:15:59,340 Штом стануваш свесен за затворот, ако се бориш да излезеш од илузијата, тогаш ја третираш илузијата 105 00:15:59,340 --> 00:16:04,580 како таа да е реална, и сеуште си во сон, 106 00:16:04,580 --> 00:16:08,520 само што сега сонот станува кошмар, 107 00:16:08,520 --> 00:16:15,340 Ќе ги бркаш и бегаш од сенките засекогаш. 108 00:16:18,880 --> 00:16:26,580 Самади претставува будење од сонот од подвоеното Јас, односно созданието на твоето его 109 00:16:26,580 --> 00:16:35,860 Самади е будење од поистоветувањето со затворот кого се нарекувам ЈАС. 110 00:16:36,980 --> 00:16:46,360 Никогаш не можеш навистина да си слободен, бидејќи каде и да одиш, твојот затвор е - таму. 111 00:16:46,620 --> 00:16:53,080 Будењето не значи ослободување од умот односно од матриксот. Напротив 112 00:16:53,080 --> 00:16:58,740 кога не се постиветуваш со умот, тогаш можеш од сесрце да учествуваш во играта на животот 113 00:16:58,740 --> 00:17:03,600 и да го прифатиш шоуто такво какво што е, без да му се плашиш или да копнееш по нешто. 114 00:17:03,600 --> 00:17:08,060 Во древните учења ова се нарекувало Божествената игра на Лила: 115 00:17:08,460 --> 00:17:14,140 играта на играње во дуалност. 116 00:17:21,040 --> 00:17:25,200 Човековата свест е континуум. 117 00:17:25,200 --> 00:17:30,400 Во една крајност, луѓето се поистоветени со материјалното Јас. 118 00:17:30,460 --> 00:17:36,360 Во другата крајност е Самади - непостоењето на Себе 119 00:17:36,360 --> 00:17:44,520 Со со секој чекор кој го одиме на континуумот кон Самади, се оддалечуваме од страдање 120 00:17:45,340 --> 00:17:51,580 Намалувањето на страдањето не значи живот ослободен од болка 121 00:17:51,600 --> 00:17:58,360 Самади ја надминува дуалноста на болката и уживањето. 122 00:17:58,360 --> 00:18:05,380 Суштината е дека - има помалку ум, помалку Јас што создава отпор кон она што го носи животот, 123 00:18:05,380 --> 00:18:11,900 а тој отпор - е она што создава страдање. 124 00:18:20,700 --> 00:18:27,980 Дури и само еднаш да постигнете Самади, Ви овозможува да видите што има од другата страна на континуумот. 125 00:18:27,980 --> 00:18:33,760 Да се види дека има и нешто друго освен материјалниот свет и личниот интерес. 126 00:18:33,760 --> 00:18:41,300 Кога доаѓа до прекин на умот за време на Самади, егоистичната мисла исчезнува 127 00:18:41,300 --> 00:18:51,020 и нема Јас, нема дуалност, но сепак постои Јас Сум , Аната или: не-себство. 128 00:18:53,140 --> 00:18:58,700 Во таа празнина осамнува Праџна, односно мудроста - разбирањето дека иманентното јас 129 00:18:58,720 --> 00:19:08,920 е далеку над претставата на дуалноста (подвојувањето), далеку над целиот континуум. 130 00:19:09,700 --> 00:19:16,680 Иманентното (вистинското) Јас е безвремено, непроменливо и е секогаш овде и сега. 131 00:19:16,680 --> 00:19:24,500 Просветлувањето е во спојот на предзародишната спирала, вечно менливиот манифестиран свет 132 00:19:24,500 --> 00:19:32,680 или лотус во кој времето се одмотува, со твоето безвременско битие. 133 00:19:33,380 --> 00:19:38,620 Твојот внатрешен склоп се развива, како цвет што се препораѓа вечно 134 00:19:38,620 --> 00:19:43,260 секогаш кога се оттргнуваш (престануваш да се идентификуваш) со „личноста“, од малото „јас“, 135 00:19:43,260 --> 00:19:48,460 станувајќи жив мост помеѓу светот на времето и безвремениот свет. 136 00:20:08,600 --> 00:20:13,760 Воочувањето што е вистинското Јас е само почетокот на патеката. 137 00:20:13,760 --> 00:20:20,120 Повеќето луѓе ќе мора да го искусат и загубат Самади безброј пати во медитација 138 00:20:20,120 --> 00:20:25,020 пред да можат да го впрегнат во другите делови на животот. 139 00:20:25,600 --> 00:20:30,840 Не е невообичаено да имаш длабоки увиди во вистинската природа на твоето постоење 140 00:20:30,840 --> 00:20:34,680 за време на медитација или себеиспитување 141 00:20:34,680 --> 00:20:44,480 и притоа да се затекнеш како пак се враќаш на старите навики, заборавајќи кој навистина си. 142 00:20:53,100 --> 00:20:59,280 Да се достигне таа смиреност во секој сегмент од животот, секој сегмент на личното јас, 143 00:20:59,300 --> 00:21:05,960 значи да се стане празнина којашто танцува како сите нешта. 144 00:21:23,080 --> 00:21:27,160 Мирот не е нешто што е одвоено од движењето, 145 00:21:27,160 --> 00:21:30,520 мирот не е спротивен на движењето. 146 00:21:30,520 --> 00:21:41,680 Во Самади, смиреноста се поистоветува со движење, а формата се поистоветува со празнината. 147 00:21:41,680 --> 00:21:50,280 Ова не му прави смисла на умот бидејќи умот настанува во подвоеноста. 148 00:22:01,940 --> 00:22:10,480 Рене Декарт, таткото на западната филозофија славно изјавил: „Мислам значи постојам“ 149 00:22:11,520 --> 00:22:17,240 Ниту еден исказ не може да го долови толку добро падот на цивилизацијата, односно 150 00:22:17,240 --> 00:22:22,780 поистоветувањето на човекот со сенките на ѕидот од пештерата. 151 00:22:24,920 --> 00:22:31,340 Грешката на Декарт, како и на речиси сите луѓе, е во тоа што 152 00:22:31,340 --> 00:22:36,740 суштината на постоењето ја поеднаквил со мислењето. 153 00:22:47,840 --> 00:22:53,160 На почетокот на неговиот најпознат трактат, Декарт пишува дека се е предмет на сомневање 154 00:22:53,160 --> 00:22:57,240 вклучувајќи ги сетилата, па дури и мислите. 155 00:23:02,260 --> 00:23:07,420 Исто така, во сутрата Калама, Будата (пробудениот) рекол 156 00:23:07,420 --> 00:23:12,660 „За да ја потврдиме вистината, потребно е да ги преиспитаме сите традиции 157 00:23:12,660 --> 00:23:18,580 писанија, учења, но и содржините на својот ум, како и сетилата. 158 00:23:22,880 --> 00:23:28,100 И двајцата започнале од сомнеж, но разликата е што Декарт 159 00:23:28,100 --> 00:23:32,800 сопрел со себеиспитување штом стигнал до мислите, а Буда продолжил 160 00:23:32,800 --> 00:23:37,760 и ги пробил најдлабоките сводови на умот. 161 00:23:38,880 --> 00:23:46,400 Доколку Декарт продолжил понатаму, можеби и тој ќе ја остварел својата вистинска природа 162 00:23:46,400 --> 00:23:51,720 а свеста на западниот свет денес би била многу поразлична. 163 00:23:53,800 --> 00:23:58,580 Но Декарт пишува за веројатноста дека постои зол демон 164 00:23:58,580 --> 00:24:03,280 што не држи зад превезот на илузиите. 165 00:24:03,640 --> 00:24:10,940 Декарт не успеал да увиди што всушност претставува злиот демон. 166 00:24:13,280 --> 00:24:18,320 Како и во филмот Матрикс, луѓето можеби се врзани за некоја програма 167 00:24:18,320 --> 00:24:22,240 што не држи под напон преку заносни мисли. 168 00:24:22,240 --> 00:24:27,060 Во филот, луѓето живеат во Матриксот, додека на едно друго ниво 169 00:24:27,060 --> 00:24:31,720 тие се обични батерии што ги напојуваат со својата животна сила машините 170 00:24:31,720 --> 00:24:38,660 на кои им е потреба енергија за нивната нејасна агенда. 171 00:25:06,140 --> 00:25:11,040 Луѓето секогаш сакаат да обвинуваат некој друг за тажната состојба на светот 172 00:25:11,040 --> 00:25:14,080 или за нивната сопствена несреќа. 173 00:25:14,080 --> 00:25:20,680 без разлика дали тоа е друга личност, некоја група на луѓе, некоја земја или некој си 174 00:25:20,680 --> 00:25:26,560 контролирачки зол Декартов демон од типот на илуминати, или свесните машини на Матриксот. 175 00:25:27,100 --> 00:25:35,720 Иронично е што демонот на Декарт е она преку што се дефинирал и самиот тој. 176 00:25:36,220 --> 00:25:42,440 Кога ќе достигнеш Самади станува јасно дека постои седржец, постои машина 177 00:25:42,440 --> 00:25:47,760 и постои зол демон што ти го пие животот ден за ден. 178 00:25:47,800 --> 00:25:51,340 Машината си самиот ти. 179 00:26:00,460 --> 00:26:07,400 Структурата на твоето Јас е градена од многу мали условени подпрограми, односно мали наредници. 180 00:26:07,580 --> 00:26:20,000 Едниот наредник бара храна, другиот пари, третиот сака социјален статус, четвртиот моќ... 181 00:26:20,540 --> 00:26:23,740 секс, интимност. 182 00:26:24,800 --> 00:26:28,420 Некој друг сака внимание од другите 183 00:26:28,700 --> 00:26:33,100 Барањата се буквално бесконечни и никогаш нема да бидат задоволени. 184 00:26:33,100 --> 00:26:38,560 Трошиме многу време и енергија за да си ги украсиме затворските келии 185 00:26:38,560 --> 00:26:41,600 и подлегнуваме на притисокот да ги разубавиме маските 186 00:26:41,600 --> 00:26:46,400 хранејќи ги малите наредниците, правејќи ги помоќни. 187 00:26:46,480 --> 00:26:52,640 Како зависици од дрога, колку повеќе им угодуваме на навиките, тие не тераат на уште. 188 00:26:58,880 --> 00:27:04,980 До слободата не се стигнува преку себеподобрување или задоволување на суетата; 189 00:27:05,000 --> 00:27:11,200 До слободата се стигнува преку целосно исфрлување на суетата и нејзината себична агенда. 190 00:27:12,320 --> 00:27:17,700 Некои луѓе стравуваат дека пробудувањето значи и губење на личната посебност 191 00:27:17,700 --> 00:27:20,620 и уживањето во животот. 192 00:27:20,620 --> 00:27:28,520 Впрочем, точно е спротивното: посебноста на секоја душа може да се искаже единствено 193 00:27:28,520 --> 00:27:35,360 преку надминување на условеното Јас. 194 00:27:35,360 --> 00:27:41,040 Бидејќи сме заспани во Матриксот, повеќето луѓе никогаш нема да дознаат 195 00:27:41,040 --> 00:27:46,000 што сака да изрази (искаже) душата. 196 00:27:57,240 --> 00:28:04,820 Патот до Самади вклучува медитирање, што претставува разгледување на условеното Јас - кое е променливо 197 00:28:04,820 --> 00:28:12,800 како и сфаќање на вистинската природа - она кое не се менува. 198 00:28:13,660 --> 00:28:21,240 Штом дојдеш до точката на мирување - изворот на твоето постоење, следното е 199 00:28:21,240 --> 00:28:27,860 да дочекуваш понатамошни насоки, без било какво инсистирање на тоа како твојот свет треба да се промени. 200 00:28:27,860 --> 00:28:33,080 Не мојата волја, туку повисоката волја - да се оствари. 201 00:28:37,760 --> 00:28:42,940 Ако умот единствено се обидува да го промени надворешниот свет за тој да се прилагоди на некоја твоја замисла 202 00:28:42,940 --> 00:28:46,040 за тоа како ти мислиш треба да биде животната патека, тоа е како да сакаш 203 00:28:46,040 --> 00:28:50,660 да го промениш сопствениот одраз во огледалото, манипулирајќи ја рефлексијата. 204 00:28:51,640 --> 00:28:57,200 За да направиш твојот одраз во огледалото да се смее, очигледно не можеш да ја манипулираш рефлексијата, 205 00:28:57,200 --> 00:29:03,800 треба да сфатиш дека ТИ си автентичниот извор на ликот што се покажува во огледалото. 206 00:29:04,940 --> 00:29:12,760 Ако го искусиш вистинското Јас, тоа не значи дека светот околу тебе треба да се промени. 207 00:29:13,360 --> 00:29:20,780 Тоа што се променува е свеста, интелигентната внатрешна енергија - Прана - која се ослободува 208 00:29:20,780 --> 00:29:26,540 од условените навики и се става во служба на душата. 209 00:29:29,280 --> 00:29:35,400 Да станеш свесен за целта на душата, можеш единствено кога ќе научиш како да го набљудуваш 210 00:29:35,400 --> 00:29:38,800 условеното Јас и неговите бескрајни барања 211 00:29:38,800 --> 00:29:41,940 - да ги оставиш зад себе. 212 00:29:57,880 --> 00:30:05,760 Во грчката митологија боговите го проколнале Сизиф да повторува една безначајна работа цела вечност. 213 00:30:06,080 --> 00:30:13,240 Тој морал да турка огромен камен нагоре по планината, а каменот постојано се тркалал надоле. 214 00:30:23,940 --> 00:30:31,600 Францускиот егзистенцијалист и нобеловец Алберт Ками, клетвата на Сизиф ја сфатил 215 00:30:31,600 --> 00:30:35,399 како метафора за човештвото. 216 00:30:35,400 --> 00:30:41,800 Тој се запрашал, „како да најдеме значење во нашево апсурдно постоење“? 217 00:30:46,140 --> 00:30:53,760 Луѓето рмбаат без престан, за да изградат иднина што никогаш не доаѓа. 218 00:30:53,760 --> 00:30:58,300 На крајот, умираме. 219 00:31:08,400 --> 00:31:17,520 Ако навистина ја воочиме оваа вистина, или ќе полудиме - ако се идентификуваме со нашите егоични персони, 220 00:31:20,820 --> 00:31:24,880 или ќе се пробудиме и ќе се ослободиме. 221 00:31:31,940 --> 00:31:35,280 Во надворешната битка никогаш нема да успееме, 222 00:31:35,280 --> 00:31:39,420 бидејќи таа е одраз на светот што го создаваме во сопствениот ум. 223 00:31:39,420 --> 00:31:45,760 Космичката шега и апсурдноста на нештата стануваат јасни 224 00:31:45,760 --> 00:31:52,680 штом згасне егоистичкото Јас кое се храни од своите залудни амбиции. 225 00:32:14,740 --> 00:32:22,700 Во зенот има изрека: пред просветлувањето - цепам дрва, носам вода. 226 00:32:22,700 --> 00:32:28,640 по просветлувањето - цепам дрва, носам вода. 227 00:32:35,480 --> 00:32:40,020 Пред да се просветли, човекот мора да го тркала каменот нагоре по ридот 228 00:32:40,020 --> 00:32:44,260 по просветлувањето, човекот продолжува да го тркала својот камен. 229 00:32:44,260 --> 00:32:46,880 Што се менува? 230 00:32:47,140 --> 00:32:51,480 Внатрешниот отпор кон се' што е. 231 00:32:51,480 --> 00:32:56,680 Битката изостанува, односно, оној што се борел 232 00:32:56,680 --> 00:33:00,920 сега е освестен како - илузија. 233 00:33:00,920 --> 00:33:10,820 Сопствената волја односно сопствениот ум, и божествената волја или повисокиот ум - се ЕДНО. 234 00:33:19,400 --> 00:33:24,340 Во суштина, Самади е ослободување од сите внатрешни отпори 235 00:33:24,340 --> 00:33:28,360 кон сите менливи појави, без исклучок. 236 00:33:28,360 --> 00:33:34,800 Оној што може да го достигне внатрешниот мир, без оглед на околностите 237 00:33:34,820 --> 00:33:38,740 достигнал вистинско Самади. 238 00:33:38,740 --> 00:33:45,060 Отпорите изостануваат, не затоа што го одобруваш ова или она 239 00:33:45,060 --> 00:33:50,160 туку затоа што твојата внатрешна слобода не зависи од надворешната. 240 00:33:51,720 --> 00:33:59,160 Важно да се знае е дека прифаќањето на реалноста не значи дека се откажуваш од светот 241 00:33:59,160 --> 00:34:03,360 или дека се претвараш во пацифист што медитира 242 00:34:03,360 --> 00:34:10,900 Всушност, точно е спротивното - кога делуваме без да водиме од несвесни мотиви 243 00:34:10,900 --> 00:34:18,420 тогаш е возможно да дејствуваме во склад со Тао - со целосната сила на нашата животна енергија. 244 00:34:29,320 --> 00:34:38,480 Многумина тврдат дека за да го промениме светот потребно е да се бориме посилно против она што го доживуваме како наши непријатели 245 00:34:39,280 --> 00:34:47,800 Да се бориш за мир е исто како да ја довикуваш тишината - дејството создава повеќе несакани дела. 246 00:34:47,860 --> 00:34:57,920 Денес има војна против се': војна против тероризмот, војна против болестите, против гладот. 247 00:34:59,840 --> 00:35:04,620 Секоја војна е всушност војна против самите себе. 248 00:35:12,400 --> 00:35:16,840 Секоја борба е дел од колективната заблуда. 249 00:35:16,840 --> 00:35:23,020 Велиме дека сакаме мир, но продолжуваме да гласаме за водачи што водат војни. 250 00:35:23,020 --> 00:35:27,940 Се лажеме кога велиме дека се бориме за човекови права 251 00:35:27,940 --> 00:35:31,960 но и покрај тоа, продолжуваме да купуваме облека направена во тешки услови. 252 00:35:31,960 --> 00:35:36,180 Велиме дека сакаме чист воздух, но продолжуваме да го загадуваме. 253 00:35:36,180 --> 00:35:42,180 Сакаме науката да не излечи од ракот, но не сакаме да ги смениме нездравите навики 254 00:35:42,180 --> 00:35:45,780 кои ги прават болестите поизвесни. 255 00:35:45,780 --> 00:35:50,180 Се залажуваме со тоа што промовираме подобар живот. 256 00:35:50,220 --> 00:35:57,560 Не сакаме да ги видиме скриените делови што условуваат страдање и смрт. 257 00:35:58,560 --> 00:36:04,240 Убедувањето дека можеме да победиме во војните против ракот, тероризмот, гладта 258 00:36:04,240 --> 00:36:09,500 или било кој друг непријател што го создаваме со нашето размислување и однос 259 00:36:09,500 --> 00:36:14,620 всушност само ја продолжува заблудата дека нема потреба да го промениме 260 00:36:14,620 --> 00:36:18,340 начинот на кој дејствуваме на оваа планета. 261 00:36:18,340 --> 00:36:22,760 Револуцијата мора да се случи - најпрвин во внатрешниот свет. 262 00:36:24,560 --> 00:36:29,300 Надворешниот свет ќе биде во склад со Тао 263 00:36:29,300 --> 00:36:33,560 само доколку директно ја искусиме спиралата на животот внатре во себе. 264 00:36:33,560 --> 00:36:40,260 Дотогаш, се што правиме ќе не доведува до хаосот што и онака постои во умот. 265 00:36:41,380 --> 00:36:48,780 Војната и мирот се прелеваат во еден бран, во бесконечна игра. Тие се еден континуум. 266 00:36:48,780 --> 00:36:52,680 Едната половина не може да постои без другата. 267 00:36:52,680 --> 00:36:58,120 Како што светлото не може да постои без темното. Како што „горе“ не би постоело без „доле“. 268 00:36:58,300 --> 00:37:04,360 Светот како да сака да има светлина без темнина, исполнетост без празнина, 269 00:37:04,360 --> 00:37:09,080 радост, без тага. 270 00:37:31,720 --> 00:37:37,560 Колку повеќе се вмешува умот, толку е повеќе подвоен (фрагментиран) светот. 271 00:37:37,560 --> 00:37:43,980 Секое решение што доаѓа од суетниот ум е придвижено од идејата дека постои проблем, 272 00:37:43,980 --> 00:37:49,400 и тогаш решението станува уште поголем проблем од оној што требало да го реши. 273 00:37:51,900 --> 00:37:57,800 Она на кое му се противиш - продолжува да трае. 274 00:38:06,880 --> 00:38:15,940 Иако човечката проникливост создава нови антибиотици, ја сфаќа итрината на природата - бактериите стануваат се' посилни. 275 00:38:16,420 --> 00:38:23,500 Без оглед на засилената борба против ракот, случаите на оваа болест се зголемуваат. 276 00:38:23,940 --> 00:38:28,740 Бројот на гладни луѓе низ светот расте 277 00:38:28,740 --> 00:38:34,680 како и бројот на терористички напади. 278 00:38:40,100 --> 00:38:43,160 Каде грешиме? 279 00:38:44,740 --> 00:38:50,620 Исто како помошникот на магот од поемата на Гете, човештвото стекна огромна моќ 280 00:38:50,620 --> 00:38:54,780 но не располага со мудрост како правилно да ја користи. 281 00:38:58,240 --> 00:39:03,200 Проблемот е што немаме разбирање за спрегите што ги користиме. 282 00:39:03,200 --> 00:39:08,380 Не го разбираме човековиот ум, неговата вистинска улога и чин. 283 00:39:17,620 --> 00:39:22,960 Кризите настануваат од ограничениот и условен начин на кој размислуваме 284 00:39:22,960 --> 00:39:28,460 и поради начинот на кој го чувствуваме и доживуваме животот. 285 00:39:34,580 --> 00:39:40,520 Нашето резонирањето не лиши од способноста да ја препознаеме 286 00:39:40,520 --> 00:39:45,200 и искусиме мудроста на многу древни култури. 287 00:39:47,460 --> 00:39:52,700 Егоистичното размислување не лиши од способноста да ја искусиме 288 00:39:52,700 --> 00:39:58,060 длабочината и светоста на животот, неговата големина и волшебство, 289 00:39:58,060 --> 00:40:02,520 како и да ги сфатиме различните нивоа на свест и будност, 290 00:40:02,520 --> 00:40:06,100 кои се нешта - речиси изгубени за човештвото. 291 00:40:10,580 --> 00:40:16,100 Во древната Египетска традиција, Нетерите биле архетипни облици чии својства 292 00:40:16,100 --> 00:40:22,280 можеле да бидат преземени од оние што си ги прочистиле духовните и физичките тела 293 00:40:22,280 --> 00:40:28,040 на таков начин што станале способни да примат и содржат повисоки нивоа на свест. 294 00:40:30,240 --> 00:40:37,800 Првобитниот нетер - божествениот принцип на мудроста, се нарекувал Тот, односно Техути. 295 00:40:37,800 --> 00:40:42,940 Најчесто претставен како писар со глава на птица, 296 00:40:42,940 --> 00:40:47,460 нетерот бил содржателот на изворот на целото знаење и мудрост. 297 00:40:48,680 --> 00:40:54,380 Тот може да се опише како вселенскиот принцип на мислата и умот. 298 00:40:55,720 --> 00:41:01,640 Тот ни го дал јазикот, поимите, пишувањето, математиката 299 00:41:01,640 --> 00:41:06,360 и останатите вештини и појавности на умот. 300 00:41:06,360 --> 00:41:10,380 Само на оние што завршиле специјална обука 301 00:41:10,380 --> 00:41:14,040 им било дозволено да го примат светото знаење на Тот. 302 00:41:17,660 --> 00:41:24,400 Книгата на Тот не е стварна книга, туку е мудроста на Акаша, односно етеричниот свет. 303 00:41:26,740 --> 00:41:33,740 Според преданието, знаењето на Тот е сокриено на тајно место што го има во секој човек 304 00:41:33,740 --> 00:41:38,560 а тоа место го штити златна змија. 305 00:41:41,900 --> 00:41:49,960 Вечниот мит за змија или змеј што чува богатство, се среќава во многу култури 306 00:41:53,740 --> 00:42:04,500 и се нарекува со разни имиња: кундалини шакти, чи, свет дух и внатрешна сила. 307 00:42:05,360 --> 00:42:12,500 Златната змија се всушност созданијата на егото, кои го сокриваат изворот на животната сила, и додека таа 308 00:42:12,500 --> 00:42:19,440 не се надмине, душата никогаш нема да може да постигне вистинска мудрост. 309 00:42:19,440 --> 00:42:26,500 Се кажува дека книгата на Тот им донела само страдања на оние кои ја прочитале 310 00:42:26,500 --> 00:42:34,680 и покрај тоа што ги дознале тајните на боговите и други знаења сокриени во ѕвездите. 311 00:42:35,220 --> 00:42:41,660 Тоа што мора да се разбере е дека книгата им донела страдања на оние што сакале 312 00:42:41,660 --> 00:42:45,420 да имаат надмоќ врз животната сила. 313 00:42:46,320 --> 00:42:53,560 Во египетската традиција, пробудената свест ја претставувал Осирис. 314 00:42:53,560 --> 00:43:00,340 Без оваа разбудена свест, било кое знаење што го поседува ограниченото Јас 315 00:43:00,340 --> 00:43:06,860 доведува до опасност и го исклучува човекот од повисоката мудрост. 316 00:43:06,860 --> 00:43:12,160 Окото на Орус требало да биде отворено. 317 00:43:15,360 --> 00:43:20,500 Езотеричкото значење на ова е слично со познатата приказна 318 00:43:20,500 --> 00:43:23,820 за „паѓањето“ на градината во Еден. 319 00:43:23,820 --> 00:43:29,500 Книгата на Тот е паралела со библиската приказна за спознавањето на дрвото на знаењето на „доброто“ и „злото“ 320 00:43:29,500 --> 00:43:33,100 чии забранети плодови Адам и Ева биле предизвикани да ги пробаат. 321 00:43:41,240 --> 00:43:48,480 Секако, човештвото одамна јаде од забранетиот плод и веќе ја отворило книгата на Тот 322 00:43:48,860 --> 00:43:53,960 и е одамна истерано од рајската градина 323 00:43:55,580 --> 00:43:59,920 Змијата во библиската приказна е метафора за предзародишната спирала 324 00:43:59,920 --> 00:44:04,560 што се протега од микрокосмосот па се до макрокосмосот. 325 00:44:06,260 --> 00:44:10,820 Денес змијата живее - како ТИ. 326 00:44:10,820 --> 00:44:18,260 Таа е - себичниот ум што се изразува низ појавниот свет. 327 00:44:18,260 --> 00:44:23,040 Никогаш порано не сме имале пристап до толку многу знаење 328 00:44:23,040 --> 00:44:29,160 Ние сме продлабочени во материјалниот свет. Ја пронајдовме и таканаречената „божја прашинка“ 329 00:44:29,160 --> 00:44:32,460 но и покрај се, никогаш не сме биле толку многу ограничени 330 00:44:32,460 --> 00:44:36,620 и во толкава заблуда за прашањето „Кој Сум Јас?“ и „Како Треба Да Живеам?“ 331 00:44:36,620 --> 00:44:42,220 и немаме разбирање за спрегите преку кои го создаваме страдањето. 332 00:45:27,880 --> 00:45:32,020 Преку размислување сме го создале светот каков што е денес. 333 00:45:32,020 --> 00:45:37,520 Секогаш кога обележуваме нешто како „добро“ или „лошо“, или создаваме преференци во умот, 334 00:45:37,520 --> 00:45:43,040 тоа е поради тоа што во умот создаваме егоистични структури и себични интереси. 335 00:45:43,580 --> 00:45:49,420 Спасот не е во борбата за мир или контрола врз природата 336 00:45:49,420 --> 00:45:58,620 туку е во спознавањето на вистината: тоа дека егото го подвојува животот 337 00:45:58,620 --> 00:46:07,740 на Јас и Други, на Мое и Твое, на Човек и Природа, на Внатре и Надвор. 338 00:46:10,120 --> 00:46:19,660 Егото е - насилство. На егото му се потребни бариери и граници од се што е Друго, за да може да постои 339 00:46:19,660 --> 00:46:23,920 Кога нема его нема ни војни против никого и против ништо. 340 00:46:23,920 --> 00:46:29,440 Нема гордост и грубост, ниту завладување со природата за создавање профит. 341 00:46:30,360 --> 00:46:37,480 Овие надворешни кризи во светот се одраз на длабоките кризи во душата и свеста. 342 00:46:37,480 --> 00:46:40,900 Не знаеме кои сме. 343 00:46:40,900 --> 00:46:45,300 Потполно се истоветуваме со нашите егоистични идентитети, 344 00:46:45,300 --> 00:46:50,180 совладани сме од стравови и отсечени од својата вистинската природа. 345 00:46:52,180 --> 00:46:59,760 Расите, религиите, државите, политичките партии, групите од кои сме дел 346 00:46:59,760 --> 00:47:04,260 само ги потврдуваат нашите егоистични идентитети. 347 00:47:04,260 --> 00:47:11,740 Речиси секоја група што постои на земјата денес сака да ги убеди другите дека нејзиното гледиште е вистинското. 348 00:47:11,740 --> 00:47:15,010 Тоа го правиме и на лично ниво. 349 00:47:15,010 --> 00:47:20,320 Преку утврдување на вистината за своја, групата продолжува да живее на ист начин 350 00:47:20,320 --> 00:47:25,980 како што егото и себичната структура се дефинира наспроти се останато. 351 00:47:28,940 --> 00:47:33,820 Сега повеќе од било кога, различните реалности и подвоените системи на верување 352 00:47:33,820 --> 00:47:36,960 коегзистираат истовремено на земјата 353 00:47:36,960 --> 00:47:42,540 Возможно е различни луѓе да искусуваат потполно различни мисли и емотивни реакции 354 00:47:42,560 --> 00:47:47,920 на истите надворешни феномени. 355 00:47:47,920 --> 00:47:56,080 На истиот начин Самсара и Нирвана, или - Рајот и Пеколот, се две различни 356 00:47:56,080 --> 00:47:59,780 димензии што постојат во истиот свет. 357 00:47:59,780 --> 00:48:11,340 Настанот што едни го сметаат за апокалиптичен, за други може да претставува спас. 358 00:48:11,340 --> 00:48:16,240 Тоа што е очигледно едека твоите надворешни околности може да немаат 359 00:48:16,240 --> 00:48:20,380 ефект на твојот надворешен свет на некој посебен начин. 360 00:48:22,120 --> 00:48:27,640 Да се достигне Самади значи да се биде себе-движечко тркало 361 00:48:27,640 --> 00:48:32,620 значи да се биде свој - сам свој универзум. 362 00:48:36,100 --> 00:48:40,860 Твоето животно искуство не е зависно од менливите појави. 363 00:48:44,060 --> 00:48:48,640 Можеме да направиме споредба со Метатроновата коцка. 364 00:48:49,900 --> 00:48:57,120 Метатрон се споменува во повеќе древни христијански, исламски и еврејски списи 365 00:48:57,160 --> 00:49:03,960 и е суштински поврзан со египетскиот нетер Тот, како и со Хермес Трисмегист од древна Грција. 366 00:49:04,620 --> 00:49:10,040 Метатрон е поврзан со тетраграматонот 367 00:49:10,040 --> 00:49:17,420 Тетраграматонот е фундаменталната геометрски шара - калапот на предзародишното извирање 368 00:49:17,420 --> 00:49:23,140 на физичката реалност, која луѓето ја нарекле Божјиот Збор или Логос. 369 00:49:25,300 --> 00:49:29,760 Пред себе имаме дводимензионален приказ на нацртот 370 00:49:29,760 --> 00:49:34,760 но при подобар увид може да се види тродимензионална коцка 371 00:49:34,760 --> 00:49:41,600 При согледување на коцката, ништо не се менува во нацртот, но твојот ум самиот додал 372 00:49:41,600 --> 00:49:44,480 нова димензија во гледањето. 373 00:49:45,380 --> 00:49:50,800 Димензионалноста, или перспективата на гледање, е едноставно 374 00:49:50,800 --> 00:49:54,900 прашање на поинакво гледање и разбирање на светот. 375 00:49:55,620 --> 00:50:03,180 Со достигнување Самади човекот се ослободува од гледиштата и слободно може да создава нови 376 00:50:03,180 --> 00:50:09,240 затоа што е изземено она Јас, кое е зависно од некое одредено гледиште (сфаќање - убедување). 377 00:50:16,060 --> 00:50:21,040 Најголемите умови во човечката историја честопати укажувале на нивоа на мисла 378 00:50:21,040 --> 00:50:24,980 кои достигнуваат над ограничената его-структура. 379 00:50:25,640 --> 00:50:31,100 Ајнштајн рекол: Човекот се вреднува вистински според начинот 380 00:50:31,100 --> 00:50:37,240 и распонот преку кој тој достигнува ослободување од самиот себе. 381 00:50:40,500 --> 00:50:45,820 Нема ништо лошо во размислувањето и во постоењето на Јас 382 00:50:45,820 --> 00:50:51,080 Размислувањето е прекрасна алатка кога умот е во служба на срцето. 383 00:50:52,780 --> 00:50:59,160 Во Веданта пишува дека умот е добар слуга - но е лош господар. 384 00:51:05,540 --> 00:51:11,280 Егото постојано ја филтрира реалноста преку јазикот и преку поимите, 385 00:51:11,280 --> 00:51:17,280 и постојано суди, преферирајќи едно нешто наспроти друго. 386 00:51:17,280 --> 00:51:23,320 Кога умот и сетилата се во улога на господар, тие создаваат постојано страдање, 387 00:51:23,320 --> 00:51:30,340 постојано посакување и одбивност, заробувајќи не' во матрикост на мислењето. 388 00:51:31,860 --> 00:51:38,480 Ако сакаш да достигнеш Самади, немој да ги судиш своите мисли како добри или лоши 389 00:51:38,480 --> 00:51:45,180 наместо тоа, обиди се да дознаеш кој си бил пред да настанат мислите и свеста за сетилата. 390 00:51:45,180 --> 00:51:53,440 Штом паднат сите етикети, станува можно да го видиш животот во вистинското светло. 391 00:51:56,540 --> 00:52:03,400 Во мигот кога на детето ќе му се покаже што е птица, ако тоа поверува во она што му се кажува, 392 00:52:03,400 --> 00:52:10,880 детето можеби никогаш повторно нема да види птица... туку единствено ќе ги види - своите мисли. 393 00:52:51,240 --> 00:52:57,000 Повеќето луѓе мислат дека се слободни, свесни и будни. 394 00:52:57,000 --> 00:53:03,360 Но ако веруваш дека си веќе буден, тогаш зошто би се вложил целосно 395 00:53:03,360 --> 00:53:08,320 за да го достигнеш она што си убеден дека го имаш? 396 00:53:08,320 --> 00:53:17,540 Пред да се покаже можноста за пробудување, потребно е да прифатиш дека живееш во сонот на матриксот. 397 00:53:19,540 --> 00:53:24,480 Преиспитај си го животот искрено, без да се залажуваш за било што. 398 00:53:25,420 --> 00:53:30,820 Дали можеш да ги сопреш роботските и повторливи шеми во животот, доколку одлучиш? 399 00:53:31,340 --> 00:53:35,660 Дали можеш да сопреш во потрагата по задоволство и избегнувањето на болка? 400 00:53:35,660 --> 00:53:40,980 Дали си зависен од одредена храна, активности и разоноди? 401 00:53:41,160 --> 00:53:48,940 Дали постојано ги осудуваш, обвинуваш и критикуваш другите и себеси? 402 00:53:48,940 --> 00:53:58,040 Дали умот постојано бара стимули? Или си потполно задоволен, едноставно живеејќи во молк? 403 00:53:58,680 --> 00:54:02,200 Дали реагираш на туѓите мислења за тебе? 404 00:54:02,200 --> 00:54:06,200 Дали ти се потребни туѓите пофалби и одобрувања? 405 00:54:06,200 --> 00:54:11,060 Дали на некој начин ги саботираш ситуациите во твојот живот? 406 00:54:11,600 --> 00:54:17,400 Повеќето луѓе ќе ги искусуваат своите животи на ист начин и денес и утре 407 00:54:17,400 --> 00:54:20,720 и една и десет години од денес. 408 00:54:22,080 --> 00:54:28,880 Кога ќе започнеш да го гледаш твоето роботско однесување ќе станеш повеќе буден 409 00:54:28,880 --> 00:54:34,220 Ќе започнеш да го препознаваш изворот на проблемите. 410 00:54:34,220 --> 00:54:40,420 Ти си целосно и потполно заспан и изгубен во сон. 411 00:54:41,060 --> 00:54:46,120 Како и жителите од пештерата на Платон, повеќето луѓе ќе слушнат за вистината 412 00:54:46,120 --> 00:54:50,180 но нема да сакаат или нема да можат да го променат животот 413 00:54:50,180 --> 00:54:53,920 затоа што се приврзани за нивните познати шеми и навики. 414 00:54:54,620 --> 00:54:59,380 Спремни сме да си кажеме и да слушнеме чуда само за да си ги оправдаме навиките 415 00:54:59,380 --> 00:55:04,560 вкопувајќи ја главата во песок, наместо да се соочиме со вистината. 416 00:55:05,040 --> 00:55:11,720 Ги обожуваме нашите спасители, но не сме подготвени самите да застанеме на крстот. 417 00:55:11,720 --> 00:55:17,920 Колку си спремен да платиш за да бидеш слободен? 418 00:55:18,640 --> 00:55:26,080 Сфати дека, ако сакаш да го промениш својот внатрешен свет, треба да си подготвен да го смениш и надворешниот живот. 419 00:55:26,080 --> 00:55:34,080 Твојата стара структура и стариот идентитет мора да се претворат во мртвата почва од која ќе излезе новиот живот 420 00:55:39,160 --> 00:55:46,260 Првиот чекор кон будењето е да разбереш дека сме поистоветени со матриксот на човековиот ум. 421 00:55:46,260 --> 00:55:49,060 односно, со маската. 422 00:55:49,060 --> 00:55:55,280 Нешто во нас бара да ја дознае оваа вистина и да се дигне од дремежот. 423 00:55:55,280 --> 00:56:02,460 Во тебе има нешто безвремено што отсекогаш ја знаело вистината. 424 00:56:17,700 --> 00:56:31,420 Матриксот на умот не' настранува (збунува), не' разонодува, не' тера нешто бесконечно да правиме, да конзумираме, да зграпчуваме, 425 00:56:31,420 --> 00:56:37,500 во кругот на копнежите и одбивностите со постојано променливи форми 426 00:56:37,500 --> 00:56:42,960 спречувајќи не' да го видиме изворот на нашата свесност, од нашето родено еволутивно право, 427 00:56:42,960 --> 00:56:45,400 кое се вика Самади. 428 00:56:46,640 --> 00:56:51,740 Патолошкото размислување стана нешто вообичаено. 429 00:56:57,520 --> 00:57:05,460 Твојата божествена суштина станала заробена, бидејќи се идентификувала со ограничените его-структури. 430 00:57:05,460 --> 00:57:12,220 Големата мудрост, вистината за тоа Кој Си, е закопана длабоко во тебе. 431 00:57:19,540 --> 00:57:25,820 Кришнамурти рекол: не е мерило за доброто здравје тоа што си вешто прилагоден 432 00:57:25,820 --> 00:57:30,200 кон општество кое е длабоко болно во неговата суштина. 433 00:57:38,380 --> 00:57:43,480 Поистоветувањето со егоистичниот ум е болеста. 434 00:57:43,780 --> 00:57:47,740 Самади е лекот. 435 00:58:16,960 --> 00:58:22,700 Светите и просветлените луѓе низ историјата 436 00:58:22,700 --> 00:58:26,620 сите ја стекнале мудроста на себепредавањето. 437 00:58:33,960 --> 00:58:38,820 Како е можно да го достигнеш вистинското Јас? 438 00:58:44,200 --> 00:58:51,140 Кога ќе ѕирнеш низ превезот на замаеноста - МАЈА, и ќе се ослободиш од лажното јас, 439 00:58:51,140 --> 00:58:54,760 што останува?