Изминатата година и пол мојата екипа во Push Pop Press и Чарли Мелчер со Melcher Media работеа на изработката на првата целосна интерактивна книга. Насловена е како „Нашиот избор“ а нејзин автор е Ал Гор. Ова е продолжение на книгата „Незгодна вистина“ каде се разгледуваат сите решенија на климатската криза. Книгата почнува вака. Ова е корицата. Како што се врти земјината топка можеме да видиме каде се наоѓаме. Потоа можеме да ја отвориме книгата и да пролизгаме по поглавјата за да ја прелистаме книгата. Или пак можеме долу да пролизгаме по страниците. Ако сакаме да зголемиме некоја страница, едноставно ја прошируваме. И сето она што го гледате во книгата, можете да го земете со два прста, да го дигнете од страницата и да го проширите. Ако сакате да се вратите за да продолжите со читањето, свиткајте го и вратете го на страницата. Истото важи и за ова - проширете го за да го отворите. (Аудио) Ал Гор: Се сметам за еден од многуте што гледајќи ветерници, сметаат дека се прекрасен додаток во пејзажот. Мајк Матас: И така низ целата книга, Ал Гор ќе ве прошета и ќе ви ги објасни сликите. Оваа слика можете да ја видите и на интерактивна карта. Приближете ја за да видите каде е направена. Книгата содржи над еден час документарни снимки и интерактивни анимации. Можеме да ја отвориме оваа (Аудио) АГ: Највеќето современи ветерни турбини се состојат од голема ... ММ: Веднаш се пушта. И додека трае, можеме да ја поттргнеме снимката, за да погледаме во страницата, снимката и понатаму тече. Можеме и да оддалечиме за да ја добиеме содржината, а снимката си трае. Но една од најинтересните работи во книгава се интерактивните инфографики. Тука е прикажан ветерниот потенцијал ширум Соединетите Држави Но наместо само да даде приказ можеме да истражуваме со прст и да видиме, држава по држава, баш колку ветерен потенцијал има секоја од нив. Истото важи и за геотермалната енергија и сончевата енергија. Ова ми е меѓу омилените Тука е прикажано ... (Смеа) (Аплауз) Кога дува ветер, сиот вишок енергија од ветерницата се пренасочува во акумулаторот. Ако кога ветерот почнува да замира, сета вишок енергија се пренасочува кон куќата светлата никогаш не се гаснат. Целава книга не е предвидена само за iPad. Работи и на iPhone. На пример, почнувате да читате на iPad во дневната соба а потоа си продолжувате на iPhone од онаму до каде што сте стасале. Работи на ист начин. Земате некоја страница. Ја отворате. Значи, ова е првиот наслов на Push Pop Press „Нашиот избор“ од Ал Гор. Благодарам. (Аплауз) Крис Андерсон: Ова е спектакуларно. Дали сакаш да бидеш издавач, да нудиш технологијава? Која ти е дејноста? Ова е нешто можат да го прават и други? ММ: Да, изработуваме алатка со која издавачите многу лесно можат да составуват ваква содржина. Така, екипата на Melcher Media, која е на источното крајбрежје а ние што го изработуваме овој софтвер сме на западното ја зема нашава алатка и секојдневно внесува слики и текст. КА: Значи сакаш да го нудиш програмов на издавачи. за со него да прават вака убави книги? (ММ: Да.) Во ред. Мајк, ти благодарам. MM: Благодарам. (КА: Со среќа.) (Аплауз)