1 00:00:00,792 --> 00:00:02,059 Здраво на сите! 2 00:00:02,083 --> 00:00:03,351 Се викам Мет Катс, 3 00:00:03,375 --> 00:00:07,809 и работев во Гугл речиси 17 години. 4 00:00:07,833 --> 00:00:09,726 Како истакнат инженер, 5 00:00:09,750 --> 00:00:13,893 бев блиску до врвот на екосистемот на Силициумската Долина. 6 00:00:13,917 --> 00:00:16,934 Потоа одлучив да одам по примерот на некои инспиративни дечки, 7 00:00:16,958 --> 00:00:21,018 и да стажирам во Дигиталната служба на САД еден краток период. 8 00:00:21,042 --> 00:00:24,226 Тоа е групата ентузијасти што помогнаа да се спаси HealthCare.gov 9 00:00:24,250 --> 00:00:28,018 кога веб-страницата падна во 2013 г. 10 00:00:28,042 --> 00:00:29,309 Да. 11 00:00:29,333 --> 00:00:31,934 Се пријавив за 3-6 месечно стажирање, 12 00:00:31,958 --> 00:00:34,393 и речиси 3 г. подоцна, 13 00:00:34,417 --> 00:00:36,476 сѐ уште сум во главниот град Вашингтон, 14 00:00:36,500 --> 00:00:38,226 работам за сојузната влада, 15 00:00:38,250 --> 00:00:42,143 бидејќи на владата навистина ѝ се потребни технолози во моментов. 16 00:00:42,167 --> 00:00:43,434 На претходното место, 17 00:00:43,458 --> 00:00:46,059 секоја просторија беше опремена за видео конференција, 18 00:00:46,083 --> 00:00:48,268 интегрирана со календари, 19 00:00:48,292 --> 00:00:52,393 каблите за струја беа вградени директно во мебелот. 20 00:00:52,417 --> 00:00:54,976 Кога се префрлив во владина агенција, 21 00:00:55,000 --> 00:00:57,934 требаше да повикам некој да постави телефонска конференција. 22 00:00:57,958 --> 00:00:59,684 И кога преминавме во нови канцеларии, 23 00:00:59,708 --> 00:01:01,559 одреден период немавме мебел, 24 00:01:01,583 --> 00:01:04,750 па го поставивме телефонот врз кантата за отпадоци. 25 00:01:05,625 --> 00:01:08,893 Едно од главните нешта што ме изненади во главниот град, 26 00:01:08,917 --> 00:01:13,087 е колку владата сѐ уште се справува со хартија. 27 00:01:13,500 --> 00:01:15,518 Ова е објект во Винстон-Салем, 28 00:01:15,542 --> 00:01:16,934 Северна Каролина, 29 00:01:16,958 --> 00:01:18,518 каде луѓето беа загрижени, 30 00:01:18,542 --> 00:01:21,976 дека градбата би можела да биде структурно нестабилна, 31 00:01:22,000 --> 00:01:24,268 од тежината на сета хартија. 32 00:01:24,292 --> 00:01:25,559 Да. 33 00:01:25,583 --> 00:01:26,851 Хартијата има недостатоци. 34 00:01:26,875 --> 00:01:28,143 Едно блиц-прашање: 35 00:01:28,167 --> 00:01:32,101 Ако презимето ви почнува со Х или некоја од следните букви, 36 00:01:32,125 --> 00:01:35,515 Х или некоја од следните букви, може да ја кренете раката? 37 00:01:36,667 --> 00:01:37,934 Леле. 38 00:01:37,958 --> 00:01:39,226 Имам лоши вести: 39 00:01:39,250 --> 00:01:41,434 Вашите војнички досиеја можеби се уништени 40 00:01:41,458 --> 00:01:42,768 во пожар од 1973 г. 41 00:01:42,792 --> 00:01:43,809 (Смеа) 42 00:01:43,833 --> 00:01:45,101 Да. 43 00:01:45,125 --> 00:01:49,934 Процесите со хартија се побавни и склони кон грешки. 44 00:01:49,958 --> 00:01:51,226 Ако сте воен ветеран 45 00:01:51,250 --> 00:01:53,351 и ако поднесувате документи за здравствен надоместок 46 00:01:53,375 --> 00:01:54,643 со хартиен образец, 47 00:01:54,667 --> 00:01:58,851 можеби ќе треба да чекате со месеци да се обработи образецот. 48 00:01:58,875 --> 00:02:01,268 Ние го заменивме со веб-образец, 49 00:02:01,292 --> 00:02:03,018 и сега повеќето ветерани дознаваат 50 00:02:03,042 --> 00:02:05,393 дали можат да добијат пристап до надоместок 51 00:02:05,417 --> 00:02:06,934 за 10 минути. 52 00:02:06,958 --> 00:02:09,726 (аплауз) 53 00:02:09,750 --> 00:02:11,684 Еве друг проект на кој сум горд. 54 00:02:11,708 --> 00:02:13,976 Работевме со Малата бизнис администрација 55 00:02:14,000 --> 00:02:17,226 за да префрлиме еден систем од хартиена во дигитална форма. 56 00:02:17,250 --> 00:02:19,226 Ова е слика ПРЕД, 57 00:02:19,250 --> 00:02:21,726 а ова е ПОТОА. 58 00:02:21,750 --> 00:02:24,184 Истите канцелариски коцки, истите луѓе, 59 00:02:24,208 --> 00:02:26,500 подобар систем за сите. 60 00:02:27,417 --> 00:02:30,643 Еднаш, сакавме да прославиме што модернизиравме друг систем, 61 00:02:30,667 --> 00:02:32,559 па отидовме во локален маркет, 62 00:02:32,583 --> 00:02:34,400 и прашавме: „Може да ни направите торта 63 00:02:34,400 --> 00:02:37,184 и да ја украсите со образецот што го дигитализиравме?“ 64 00:02:37,208 --> 00:02:40,768 На маркетот му беше чудно ваквото барање. 65 00:02:40,792 --> 00:02:43,893 Побараа писмо отпечатено на официјален владин меморандум. 66 00:02:43,917 --> 00:02:47,059 Ние работиме за владата, па напишавме писмо што гласеше вака, 67 00:02:47,083 --> 00:02:49,476 „Смее да се користи овој образец од јавниот домен 68 00:02:49,500 --> 00:02:52,601 на торта што ќе се искористи за прослава.“ 69 00:02:52,625 --> 00:02:54,643 (смеа) 70 00:02:54,667 --> 00:02:57,601 Оттука произлегоа лоши шеги поврзани со пополнувањето образци. 71 00:02:57,625 --> 00:02:59,476 Да, изветвени шеги во влада. 72 00:02:59,500 --> 00:03:02,309 Многу зборував за хартијата, 73 00:03:02,333 --> 00:03:05,976 но ние, исто така, поправаме компјутерски системи што паѓаат. 74 00:03:06,000 --> 00:03:08,351 Воведуваме современи технолошки практики, 75 00:03:08,375 --> 00:03:11,601 како дизајн насочен кон корисникот и cloud-системи, 76 00:03:11,625 --> 00:03:14,476 и помагаме да се олеснат набавките. 77 00:03:14,500 --> 00:03:17,351 Се чини дека владата купува софтвер 78 00:03:17,375 --> 00:03:22,143 на ист начин како што купува столчиња, и браунис колачиња и тенкови: 79 00:03:22,167 --> 00:03:27,268 од владините прописи долги над 1000 страници. 80 00:03:27,292 --> 00:03:30,976 Значи да, има некои работи во владата што се збркани во моментов. 81 00:03:31,000 --> 00:03:34,143 Но, ако мислите дека Силициумската долина е херојот во приказнава, 82 00:03:34,167 --> 00:03:35,434 (смеа) 83 00:03:35,458 --> 00:03:37,226 се лажете. 84 00:03:37,250 --> 00:03:40,101 Некои од најголемите yмови во технологијата 85 00:03:40,125 --> 00:03:42,525 работат на стартап бизниси за доставување храна 86 00:03:42,525 --> 00:03:43,417 скутери, 87 00:03:43,417 --> 00:03:47,309 и како поефикасно да достават трева до луѓето. 88 00:03:47,333 --> 00:03:50,875 Дали е тоа најважната работа во моментов? 89 00:03:51,792 --> 00:03:55,893 Силициумската долина сака да зборува за подобрување на светот. 90 00:03:55,917 --> 00:03:59,684 Но, влијанието го чувствувате на многу подлабоко ниво 91 00:03:59,708 --> 00:04:01,228 кога работите во владата. 92 00:04:02,042 --> 00:04:04,809 Ова е човек чиј татко починал. 93 00:04:04,833 --> 00:04:06,851 Ме најде на Твитер 94 00:04:06,875 --> 00:04:09,893 за ми пише дека системот што го подобривме 95 00:04:09,917 --> 00:04:12,765 му завршил голема работа во ваков тежок период. 96 00:04:13,333 --> 00:04:16,434 Во таквите тешки периоди владата треба да работи добро 97 00:04:16,458 --> 00:04:19,309 и затоа ни е потребна иновација во владата. 98 00:04:19,333 --> 00:04:20,857 Сакам да ви признаам нешто. 99 00:04:20,881 --> 00:04:22,226 Кога дојдов во Вашингтон, 100 00:04:22,250 --> 00:04:26,101 понекогаш го користев зборот „бирократ“. 101 00:04:26,125 --> 00:04:27,393 Сега, 102 00:04:27,417 --> 00:04:30,601 многу почесто употребувам зборови како „државен службеник.“ 103 00:04:30,625 --> 00:04:33,518 Како Френсин, која може да ве расплаче. 104 00:04:33,542 --> 00:04:35,434 Или барем, мене ме расплака 105 00:04:35,458 --> 00:04:38,101 бидејќи е толку инспиративна. 106 00:04:38,125 --> 00:04:42,101 Јас сум неизмерно горд на моите колеги. 107 00:04:42,125 --> 00:04:45,518 Тие решаваат нелогични ситуации 108 00:04:45,542 --> 00:04:49,445 и со ноќи работат за да дојдат до вистинскиот резултат. 109 00:04:49,833 --> 00:04:52,434 Владата не може да исплаќа огромни бонуси, 110 00:04:52,458 --> 00:04:55,726 па си доделуваме награди меѓу нас. 111 00:04:55,750 --> 00:04:58,726 Нашата маскота е рак по име Моли. 112 00:04:58,750 --> 00:05:02,643 Наградата ни е всушност мала чанта во облик на рак, 113 00:05:02,667 --> 00:05:04,583 заштрафена во лим. 114 00:05:06,208 --> 00:05:09,059 Во последно, сè помалку верувам во магично стапче 115 00:05:09,083 --> 00:05:11,865 што ќе ги реши сите проблеми. 116 00:05:12,250 --> 00:05:14,059 Повеќе верувам 117 00:05:14,083 --> 00:05:16,527 во луѓето што доаѓаат да помогнат. 118 00:05:17,333 --> 00:05:20,018 Ако сакате да чуете нешто навистина значајно - 119 00:05:20,042 --> 00:05:24,851 и веднаш да ви напоменам, понекогаш неверојатно фрустрирачко - 120 00:05:24,875 --> 00:05:26,893 еве што треба да знаете. 121 00:05:26,917 --> 00:05:28,809 Се случува нешто мачно, 122 00:05:28,833 --> 00:05:33,976 збркано, витално и магично 123 00:05:34,000 --> 00:05:36,893 кога државните службеници започнуваат соработка со технолози 124 00:05:36,917 --> 00:05:40,393 на ниво на град, држава и федерација. 125 00:05:40,417 --> 00:05:42,434 Не мора да го работите ова засекогаш. 126 00:05:42,458 --> 00:05:45,768 Но, можете да направите промена во државните служби 127 00:05:45,792 --> 00:05:47,393 во овој момент. 128 00:05:47,417 --> 00:05:48,684 Благодарам. 129 00:05:48,708 --> 00:05:51,750 (аплауз)