< Return to Video

Гевер Тали говори за пет опасни работи за деца

  • 0:00 - 0:05
    Добредојдовте на „Пет опасни работи што треба да им ги дозволите на децата“.
  • 0:05 - 0:07
    Јас немам деца.
  • 0:07 - 0:09
    Ги позајмувам децата на моите пријатели, па...
  • 0:09 - 0:12
    (Смеа)
  • 0:13 - 0:15
    Примете ги овие совети со резерва.
  • 0:15 - 0:18
    Јас сум Гевер Тали.
  • 0:18 - 0:22
    По струка сум компјутерски научник,
  • 0:22 - 0:27
    но основач сум и на нешто што се вика Училиште за мајсторисување (Tinkering School).
  • 0:27 - 0:30
    Тоа е летна програма чија цел е да им помогне на децата да научат
  • 0:30 - 0:33
    како да ги градат нештата што ќе ги замислат.
  • 0:33 - 0:35
    Па, така, градиме разни нешта.
  • 0:35 - 0:38
    Во рацете на второодделенци ставам моќни алати.
  • 0:38 - 0:42
    Па, ако мислите да го пратите вашето дете во ова училиште,
  • 0:42 - 0:45
    знајте дека децата се враќаат изгребани, со модрици и крвави.
  • 0:47 - 0:49
    Живееме во свет
  • 0:49 - 0:53
    кој е подложен на сè построги закони за безбедност на децата.
  • 0:53 - 0:59
    Се чини дека нема граница на тоа колку луди
  • 0:59 - 1:01
    можат да бидат овие закони.
  • 1:01 - 1:06
    Ставаме предупредувања за гушење на секоја пластична ќеса
  • 1:06 - 1:08
    што се произведува во САД или се продава
  • 1:08 - 1:10
    со друг производ во САД.
  • 1:10 - 1:13
    Ставаме предупредување на шољите за кафе, кое ни вели
  • 1:13 - 1:16
    дека течноста можеби е жешка.
  • 1:16 - 1:20
    И се чини дека мислиме дека секој предмет
  • 1:20 - 1:22
    поостар од топче за голф е преостар
  • 1:22 - 1:24
    за деца помали од 10 години.
  • 1:24 - 1:28
    Па, каде е крајот на овој тренд?
  • 1:28 - 1:33
    Кога ќе го затапиме секој ќош и ќе го елиминираме секој остар предмет,
  • 1:33 - 1:35
    секој шпицаст предмет во светот,
  • 1:36 - 1:40
    тогаш првиот пат кога децата ќе стапат во контакт со нешто остро
  • 1:40 - 1:43
    или нешто што не е направено од округла пластика,
  • 1:43 - 1:45
    ќе се повредат.
  • 1:46 - 1:52
    Така, како што границите на тоа што го сметаме за безбедно
  • 1:52 - 1:58
    се смалуваат, на нашите деца им ускратуваме вредни можности
  • 1:58 - 2:00
    да научат како да дејствуваат во светот околу нив.
  • 2:01 - 2:05
    И покрај сите наши најдобри напори и намери,
  • 2:05 - 2:06
    децата секогаш ќе смислат
  • 2:06 - 2:09
    како да ги прават најопасните нешта што може да се прават,
  • 2:09 - 2:11
    во која било средина.
  • 2:12 - 2:18
    И покрај провокативниот наслов, оваа презентација всушност е за безбедноста
  • 2:19 - 2:23
    и за некои мали работи што може да ги направиме
  • 2:23 - 2:29
    за децата да ги воспитуваме да бидат креативни, сигурни
  • 2:29 - 2:31
    и да ја контролираат средината околу нив.
  • 2:32 - 2:37
    Ова што сега го презентирам е извадок од книгата на која работам.
  • 2:38 - 2:40
    Книгата се вика „50 опасни нешта“.
  • 2:40 - 2:42
    Ова се пет опасни нешта.
  • 2:42 - 2:45
    Прво - играње со оган.
  • 2:45 - 2:50
    Учењето како да се контролира една од основните сили во природата
  • 2:50 - 2:54
    е клучен момент во личната историја на секое дете.
  • 2:54 - 2:56
    Без разлика дали се сеќаваме или не,
  • 2:56 - 2:59
    тоа е првиот пат кога навистина имаме
  • 2:59 - 3:02
    контрола над нешто мистериозно.
  • 3:02 - 3:04
    Овие мистерии им се откриваат само
  • 3:04 - 3:06
    на оние што имаат можност да си играат со нив.
  • 3:06 - 3:09
    Значи, играње со оган...
  • 3:09 - 3:15
    Огнот е едно од оние големи нешта што сме ги откриле.
  • 3:15 - 3:18
    Играјќи си со него, тие ги учат основните принципи на огнот.
  • 3:18 - 3:22
    Учат за собирање на воздухот, согорување и горење.
  • 3:22 - 3:24
    Ова се три компоненти кои ви се потребни
  • 3:24 - 3:27
    за да имате добар контролиран оган.
  • 3:27 - 3:32
    Огнот на отворено може да го гледате како лабораторија.
  • 3:32 - 3:34
    Не знаете што ќе научите додека си играат со него.
  • 3:34 - 3:39
    Оставете ги да си играат сами и, верувајте,
  • 3:40 - 3:42
    децата ќе научат работи
  • 3:42 - 3:47
    што не може да се научат од играње со играчки.
  • 3:48 - 3:51
    Број два - џебно ноже.
  • 3:51 - 3:55
    Џебните ножиња некако исчезнуваат од нашата културна свест,
  • 3:56 - 3:58
    што мислам дека е голема загуба.
  • 3:58 - 4:01
    (Смеа)
  • 4:02 - 4:07
    Првото џебно ноже е првиот универзален алат што сте го имале.
  • 4:07 - 4:10
    Тоа е лажица, хебла,
  • 4:10 - 4:13
    шрафцигер и нож.
  • 4:13 - 4:18
    Tоа е моќен алат, кој ви дава моќ.
  • 4:18 - 4:21
    Во многу култури им даваат ножеви...
  • 4:21 - 4:23
    уште додека се во пелени децата имаат ножеви.
  • 4:23 - 4:27
    Ова се инуитски деца како сечат кожа од кит.
  • 4:27 - 4:31
    Ова прв пат го видов во еден канадски филм кога имав 10 години.
  • 4:31 - 4:35
    Тоа што видов бебиња како си играат со ножеви ми остави траен впечаток.
  • 4:35 - 4:39
    Ова покажува дека децата можат да развијат проширено чувство за себе
  • 4:39 - 4:41
    преку еден алат уште на рана возраст.
  • 4:41 - 4:43
    Треба да им дадете неколку основни правила:
  • 4:44 - 4:49
    никогаш не сечи кон себе, одржувај го сечилото остро, не сечи на сила.
  • 4:49 - 4:52
    Ова се работи што децата можат да ги разберат и да ги вежбаат.
  • 4:52 - 4:53
    Да, ќе се случи да се исечат.
  • 4:53 - 4:56
    Имам страшни лузни на нозете каде што се имам избодено.
  • 4:57 - 4:59
    Но, млади се. Ќе им помине како на кутриња.
  • 4:59 - 5:03
    (Смеа)
  • 5:03 - 5:05
    Три - фрлање копје.
  • 5:06 - 5:10
    Испадна дека нашите мозоци имаат предиспозиција за фрлање работи,
  • 5:10 - 5:15
    и исто како и мускулите, ако не користите некој дел од мозокот,
  • 5:15 - 5:17
    тој со тек на времето ќе атрофира.
  • 5:18 - 5:21
    Но, кога вежбате
  • 5:21 - 5:23
    кој било мускул, тоа му дава сила на целиот систем,
  • 5:23 - 5:25
    а истото важи и за вашиот мозок.
  • 5:26 - 5:30
    Докажано е дека вежбањето фрлање работи
  • 5:30 - 5:33
    ги стимулира фронталниот и париеталниот лобус,
  • 5:33 - 5:38
    кои имаат врска со способноста за визуелизација, разбирањето на три-де
  • 5:38 - 5:43
    просторот и структуралното решавање проблеми. Значи, им помага
  • 5:43 - 5:47
    да ги развијат визуелните способности и способноста за предвидување.
  • 5:48 - 5:53
    Фрлањето е комбинација од аналитичка и физичка вештина,
  • 5:53 - 5:57
    па е добар тренинг за целото тело.
  • 5:57 - 6:03
    Овие вежби со мети, исто така,
  • 6:03 - 6:08
    им помагаат на децата да развијат вештини за концентрација и внимание.
  • 6:08 - 6:10
    Тие се супер.
  • 6:10 - 6:14
    Четири: расклопување на уреди за домаќинството.
  • 6:14 - 6:18
    Во машината за садови има цел свет на интересни нешта.
  • 6:18 - 6:23
    Следниот пат кога ќе сакате да фрлите некој уред, не фрлајте го.
  • 6:23 - 6:26
    Расклопете го со вашето дете или испратете го во моето школо,
  • 6:26 - 6:28
    па ние ќе го расклопиме заедно.
  • 6:28 - 6:30
    Дури и да не знаете кои се деловите,
  • 6:30 - 6:33
    откривањето на тоа што би можеле да бидат
  • 6:33 - 6:36
    е добра вежба за децата,
  • 6:36 - 6:42
    за да добијат осет дека можат да расклопуваат работи,
  • 6:42 - 6:44
    и без разлика колку се сложени,
  • 6:44 - 6:48
    можат да ги разберат деловите, што значи дека на крајот,
  • 6:48 - 6:50
    ќе можат да ја разберат и целината.
  • 6:50 - 6:53
    Тоа е чувство на познавање - дека нешто може да се спознае.
  • 6:54 - 6:57
    Црните кутии со кои живееме и кои ги земаме здраво за готово
  • 6:57 - 7:01
    се всушност комплексни работи создени од други луѓе
  • 7:01 - 7:03
    и можеме да ги разбереме.
  • 7:03 - 7:07
    Број пет е дводелна лекција.
  • 7:07 - 7:09
    Прекрши го законот за дигитални авторски права.
  • 7:09 - 7:12
    (Смеа)
  • 7:12 - 7:15
    Постојат закони, настрана од тие за безбедност,
  • 7:15 - 7:18
    кои се обидуваат да го ограничат начинот на кој работиме со нештата
  • 7:18 - 7:20
    што ги поседуваме - во овој случај, дигиталните медиуми.
  • 7:21 - 7:28
    Вежбата е проста. Купи песна на Ајтјунс, сними ја на цеде,
  • 7:28 - 7:31
    потоа рипувај го дискот во емпетри и пушти ја песната на истиот компјутер.
  • 7:31 - 7:33
    Само што го прекршивте законот.
  • 7:33 - 7:37
    Технички, RIAA (Recording Industry Association of America) може да ве тужи.
  • 7:37 - 7:39
    Важно е децата да научат дека
  • 7:39 - 7:43
    некои од овие закони може случајно да се прекршат
  • 7:43 - 7:45
    и дека законите треба да се интерпретираат.
  • 7:45 - 7:48
    Често зборуваме за тоа со децата,
  • 7:48 - 7:52
    кога си играме и расклопуваме работи
  • 7:52 - 7:55
    и кога ги користиме за други активности...
  • 7:55 - 8:00
    а, исто така, и кога одиме надвор и возиме кола.
  • 8:01 - 8:05
    Возењето е настан што му дава моќ на секое дете.
  • 8:05 - 8:07
    Ова е најдобрата вежба...
  • 8:07 - 8:09
    (Смеа)
  • 8:09 - 8:13
    Оние од вас кои не сакаат да го прекршуваат закон,
  • 8:13 - 8:16
    можат да ја возат кола со детето.
  • 8:16 - 8:19
    Ова е голем настан за секое дете.
  • 8:19 - 8:21
    Ова се случува скоро во истиот период
  • 8:21 - 8:24
    кога децата се фаќаат за работи како диносауруси -
  • 8:24 - 8:26
    големите работи од надворешниот свет,
  • 8:26 - 8:28
    што се обидуваат да ги разберат.
  • 8:28 - 8:33
    Колата е сличен објект и можат да влезат во неа и да ја возат.
  • 8:33 - 8:37
    Тоа им дава поглед на светот на начин
  • 8:37 - 8:42
    до којшто обично немаат пристап.
  • 8:42 - 8:44
    Ова е сосема легално.
  • 8:44 - 8:46
    Најдете голем празен паркинг, осигурајте се дека нема ништо на него
  • 8:46 - 8:50
    и дека е во приватна сопственост и пуштете го детето да вози.
  • 8:50 - 8:52
    Всушност, многу е безбедно.
  • 8:52 - 8:54
    А, и забавно е за целото семејство.
  • 8:54 - 8:56
    (Смеа)
  • 8:56 - 8:58
    Па, да видам...
  • 8:58 - 9:01
    Мислам дека тоа е сè. Тоа беше број пет ипол. Во ред.
Title:
Гевер Тали говори за пет опасни работи за деца
Speaker:
Gever Tulley
Description:

Гевер Тали, основачот на Училиштето за мајсторисување (Tinkering School), набројува пет опасни работи што треба да дозволите децата да ги прават. Од TED University 2007.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
09:01
Novica Nakov added a translation

Macedonian subtitles

Revisions