Моќниот удар на увид на Џил Болти
-
0:00 - 0:03Почнав да го проучувам мозокот
-
0:03 - 0:07бидејќи имам брат кој има мозочно нарушување: шизофренија.
-
0:07 - 0:09Како сестра,
-
0:09 - 0:13а подоцна и како научник, сакав да разберам зошто
-
0:13 - 0:16јас можам да ги поврзам моите соништа
-
0:16 - 0:19со реалноста, и потоа да се потрудам да ги остварам.
-
0:19 - 0:23Што е тоа со мозокот на мојот брат
-
0:23 - 0:26и неговата шизофренија што тој не може да ги поврзе
-
0:26 - 0:30неговите соништа со нашата заедничка и споделена реалност
-
0:30 - 0:32и наместо тоа тие стануваат халуцинации?
-
0:33 - 0:35Затоа, ја посветив мојата кариера за истражување на
-
0:35 - 0:38тешките ментални болести. И се преселив
-
0:38 - 0:41од Индијана во Бостон каде што работев
-
0:41 - 0:44во лабораторијата на Др. Франсин Бене, во одделот за психијатрија
-
0:44 - 0:50на Харвард. Во лабораторијата се прашувавме
-
0:50 - 0:55„Кои се биолошките разлики помеѓу мозоците на луѓето
-
0:55 - 0:57дијагностицирани како нормални,
-
0:57 - 1:00и оние на луѓето дијагностицирани со
-
1:00 - 1:05шизофренија, шизоафективно или биполарно пореметување.“
-
1:05 - 1:08Практично, ги мапиравме микроколата
-
1:08 - 1:11на мозокот: кои клетки комуницираат со кои други,
-
1:11 - 1:14со кои хемикалии,
-
1:14 - 1:17и со која количина од тие хемикалии.
-
1:17 - 1:21Мојот живот имаше многу смисла бидејќи
-
1:21 - 1:24вакво истражување правев преку ден.
-
1:24 - 1:27А, навечер и за време на викендите,
-
1:27 - 1:32патував како член на НАМИ (ДЗМП) - Државното здружение за ментални нарушувања.
-
1:32 - 1:35Но, утрото на 10 декември 1996а, се разбудив
-
1:35 - 1:39откривајќи дека и самата имам мозочно нарушување.
-
1:39 - 1:43Крвен сад експлодирал во левата хемисфера од мојот мозок.
-
1:43 - 1:45И за време од неколку часа,
-
1:45 - 1:50го набљудував својот мозок како комплетно ја губи својата способност
-
1:50 - 1:54за обработка на сите информации. Тоа утро,
-
1:54 - 2:00не можев да се движам, зборувам, читам, пишувам, ниту пак да се сетам на било што од мојот живот.
-
2:00 - 2:04Практично станав новороденче во тело на жена.
-
2:05 - 2:08Ако некогаш сте виделе човечки мозок, јасно се гледа дека
-
2:08 - 2:11хемисферите се потполно одделени една од друга.
-
2:11 - 2:17Донесов за вас вистински човечки мозок тука.
-
2:20 - 2:27Значи, ова е вистински човечки мозок.
-
2:28 - 2:30Ова е предниот дел,
-
2:30 - 2:34ова е задниот дел заедно со рбетниот мозок кој виси надолу,
-
2:34 - 2:38а вака би бил позициониран внатре во мојата глава.
-
2:38 - 2:40Кога ќе го погледнете мозокот, јасно се гледа дека
-
2:40 - 2:45двете хемисфери се комплетно одделени една од друга.
-
2:46 - 2:48За оние од вас кои се разбирате во компјутери,
-
2:48 - 2:51нашата десна хемисфера функционира како паралелен процесор,
-
2:51 - 2:55додека нашата лева хемисфера функционира како сериски процесор.
-
2:55 - 2:58Двете хемисфери комуницираат меѓу себе
-
2:58 - 3:00преку corpus collosum,
-
3:00 - 3:04кој е составен од околу 300 милиони нервни влакна.
-
3:04 - 3:06Но, освен оваа врска,
-
3:06 - 3:10двете хемисфери се комплетно одделени.
-
3:10 - 3:13Бидејќи информациите ги обработуваат на различен начин,
-
3:13 - 3:16секоја од хемисферите размислува различно за работите,
-
3:16 - 3:20важни им се различни нешта, и ако смеам да кажам,
-
3:20 - 3:24имаат две многу различни личности.
-
3:25 - 3:32Извинете. Благодарам. Мило ми беше. (Асистентот: и мене исто.)
-
3:33 - 3:37Нашата десна хемисфера ја интересира само сегашниот момент.
-
3:37 - 3:42Само „сега и тука“.
-
3:42 - 3:45Нашата десна хемисфера размислува во слики
-
3:45 - 3:49и учи кинестетски, преку движењата на нашите тела.
-
3:49 - 3:54Информациите, во форма на енергија, доаѓаат постојано
-
3:54 - 3:56преку нашите сетила
-
3:56 - 3:59и потоа експлодираат во огромен колаж
-
3:59 - 4:03претставувајќи како овој сегашнен момент изгледа,
-
4:03 - 4:06како мириса, каков вкус има,
-
4:06 - 4:10како звучи, и каков е на допир.
-
4:11 - 4:16Јас сум енергетско суштество поврзано со енергијата насекаде околу мене
-
4:16 - 4:19преку свесноста од мојата десна хемисфера.
-
4:19 - 4:23Сите ние сме енергетски суштества поврзани помеѓу себе
-
4:23 - 4:29преку свесноста на нашите десни хемисфери како една големо семејство луѓе.
-
4:29 - 4:31И токму тука,
-
4:31 - 4:33токму сега, ние сме браќа и сестри на оваа планета,
-
4:33 - 4:37заедно тука за да го направиме овој свет подобро место за живеење.
-
4:37 - 4:43И во овој момент ние сме совршени, целосни и прекрасни.
-
4:44 - 4:49Мојата лева хемисфера - нашата лева хемисфера - е многу поинакво место.
-
4:49 - 4:53Нашата лева хемисфера размислува линеарно и методички.
-
4:53 - 4:55Нашата лева хемисфера
-
4:55 - 4:59ја интересираат само минатото и иднината.
-
4:59 - 5:02Нашата лева хемисфера е дизајнирана да го земе
-
5:02 - 5:05огромниот колаж на сегашниот момент и да почне
-
5:05 - 5:09да бара детали во него, детали и повеќе детали за деталите.
-
5:09 - 5:11Потоа ги категоризира
-
5:11 - 5:15и ги организира сите тие информации, ги поврзува
-
5:15 - 5:18со се што имаме научено во минатото
-
5:18 - 5:21и ги проектира сите наши можности за иднината.
-
5:22 - 5:26Нашата лева хемисфера размислува со зборови.
-
5:26 - 5:29Таа е целиот оној внатрешен дијалог што ме поврзува мене
-
5:29 - 5:33и мојот внатершен свет со надворешниот свет.
-
5:33 - 5:37Таа е оној мал глас што ми вели: „Еј, не заборавај
-
5:37 - 5:40да купиш банани на пат накај дома.
-
5:40 - 5:41Ќе ми требаат изутрина.“
-
5:41 - 5:44Таа е онаа калкулирачка интелигенција која ме потсетува
-
5:44 - 5:47кога треба да ги исперам алиштата. Но, веројатно, најбитно од се,
-
5:47 - 5:51таа е оној мал глас кој што ми вели
-
5:51 - 5:57„Јас сум. Јас сум.“ И, чим мојата лева хемисфера ќе ми каже „Јас сум,“
-
5:57 - 6:00јас станувам одвоен.
-
6:00 - 6:04Станувам одвоена индивидуа, одвоена од енергетскиот тек
-
6:04 - 6:07околу мене и одвоена од вас.
-
6:07 - 6:10И ова беше делот од мојот мозок кој го изгубив
-
6:10 - 6:12утрото кога добив мозочен удар.
-
6:12 - 6:16Тоа утро, се разбудив со ритмичка болка
-
6:16 - 6:21позади моето лево око. Тоа беше таква болка -
-
6:21 - 6:23остра болка - слично како
-
6:23 - 6:27кога ќе загризеш сладолед. И едноставно ме обзеде -
-
6:27 - 6:30па ме пушти. Потоа повторно ме обзеде -
-
6:31 - 6:34па ме пушти. Невообичаено е за мене
-
6:34 - 6:37да чувствувам било каква болка,
-
6:37 - 6:39па си мислев, добро, само ќе отпочнам со моите секојдневни активности.
-
6:39 - 6:42Па, станав и почнав да вежбам на мојот „кардио-лизгач“,
-
6:42 - 6:45што всушност е машина за вежбање на целото тело.
-
6:45 - 6:49И додека вежбав на оваа машина, сваќам дека
-
6:50 - 6:54моите раце изгледаат како примитивни канџи кои се трудат
-
6:54 - 6:57да се фатат за дршките. И си мислев, „ова е многу чудно.“
-
6:57 - 7:00И погледнав долу во моето тело и си помислив,
-
7:00 - 7:03„Леле, какво чудно суштество сум јас.“
-
7:03 - 7:06Мојата нормална свесност изгледаше како да се изместила од нормалното
-
7:06 - 7:09перцепирање на реалноста, кое што е дека јас сум личноста
-
7:09 - 7:12на машината која го има искуството, во некое друго перцепирање на некој
-
7:12 - 7:16езотеричен простор каде што јас сведочам за себеси додека го имам искуството.
-
7:17 - 7:19И беше многу чудно, и мојата главоболка
-
7:19 - 7:21стануваше полоша. Затоа слегов од машината,
-
7:21 - 7:24и се упатив кон мојата дневна соба, и сфатив дека
-
7:24 - 7:26се во моето тело беше претерано успорено.
-
7:26 - 7:31И секој чекор беше многу крут и многу намерен.
-
7:31 - 7:34Немаше флуидност во моите движења
-
7:34 - 7:37и имаше намалување на површината на моите перцепции
-
7:37 - 7:41така што бев фокусирана само на моите внатрешни системи.
-
7:41 - 7:43И, стојам во купатилото, спремна да влезам под туш
-
7:43 - 7:45и сваќам дека можам да го слушнам дијалогот
-
7:45 - 7:48во моето тело. Слушав мал глас кој велеше
-
7:48 - 7:51„добро, ова се твоите мускули кои треба да ги стегнеш.
-
7:51 - 7:52Твоите мускули, треба да ги опуштиш.“
-
7:52 - 7:55И потоа ја изгубив рамнотежата и се потправ на ѕидот.
-
7:55 - 7:59И погледнав кон мојата рака и сватив дека
-
7:59 - 8:03повеќе не можам да ги определам границите на моето тело.
-
8:03 - 8:07Не можам да сфатам каде почнувам и каде завршувам,
-
8:07 - 8:10бидејќи атомите и молекулите од мојата рака
-
8:10 - 8:14се претопуваа во атомите и молекулите од ѕидот.
-
8:14 - 8:18Се што можев да забележам беше оваа енергија - енергија.
-
8:18 - 8:20И се запрашав, „што не е во ред со мене?
-
8:20 - 8:23Што се случува?“ И во тој момент, мојот внатрешен дијалог -
-
8:24 - 8:27дијалогот во левата хемисфера - потполно се стиши.
-
8:27 - 8:30Исто како некој да зел далечински управувач
-
8:30 - 8:33и го притиснал копчето за замолчување. Потполна тишина.
-
8:33 - 8:36На почетокот се шокирав кога се најдов
-
8:36 - 8:40во толку тивок ум. Но, веднаш потоа бев маѓепсана
-
8:40 - 8:44од сета таа енергија околу мене.
-
8:44 - 8:48И, бидејќи не можев повеќе да ги дефинирам границите
-
8:48 - 8:51на моето тело, се чувствував огромна и се ширев.
-
8:51 - 8:55Се чувствував едно со сета енергија,
-
8:55 - 8:58и беше прекрасно таму.
-
8:58 - 9:00Тогаш, одеднаш, мојата лева хемисфера се вклучи повторно
-
9:00 - 9:03и ми кажа „Еј, имаме проблем!
-
9:03 - 9:05Имаме проблем! Мора да побараме помош.“
-
9:05 - 9:07И јас почнав „Ааа! Јас имам проблем.
-
9:07 - 9:10Јас имам проблем.“ И повторно, “добро, добро, имам проблем.“
-
9:10 - 9:13Но потоа повторно отидов назад во
-
9:13 - 9:16претходно опишаната свесност - и нагалено
-
9:16 - 9:19си ја нарекувам оваа состојба Ла-ла земја.
-
9:20 - 9:22Но, беше прекрасно таму. Замислете како би било
-
9:22 - 9:25да бидете потполно откачени од вашиот внатрешен дијалог
-
9:25 - 9:28кој што ве поврзува со надворешниот свет.
-
9:28 - 9:31Значи јас сум тука на ова место, и ова е мојата работа -
-
9:31 - 9:34и сиот стрес поврзан со мојата работа - сето тоа го немаше.
-
9:34 - 9:37И се чувствував лесно во моето тело. И замислете:
-
9:37 - 9:41сите односи со надворешниот свет
-
9:41 - 9:44и сите стресни моменти поврзани со него - сето тоа исчезна.
-
9:44 - 9:49И чувствував мир.
-
9:49 - 9:54И замислете како би изгледало да изгубите 37 години емоционален товар!
-
9:54 - 9:59(смеа) Ох! Чувствував еуфорија.
-
10:00 - 10:03Еуфорија. Беше прекрасно.
-
10:03 - 10:05И потоа повторно, мојата лева хемисфера се вклучи и рече,
-
10:05 - 10:07„Еј! Мора да внимаваш.
-
10:07 - 10:09Мора да најдеме помош.“А јас си мислев, „Мора да најдам помош.
-
10:09 - 10:11Мора да се фокусирам.“
-
10:11 - 10:13Па, излегов од туш кабината и почнав механички да се облекувам
-
10:13 - 10:15и почнав да одам низ мојот стан,
-
10:15 - 10:17и да мислам „мора да отидам на работа. Мора да отидам на работа.
-
10:17 - 10:20Можам ли да возам? Можам ли да возам?“
-
10:20 - 10:22И во тој момент мојата десна рака тотално
-
10:22 - 10:25се парализира. Тогаш сватив,
-
10:25 - 10:28„Ох, господе! Имам мозочен удар! Имам мозочен удар!“
-
10:28 - 10:31И следната работа што ми ја кажа мојот мозок е: „Wow!
-
10:31 - 10:37Ова е толку доброо“ (смеа) „Ова е толку супер!
-
10:37 - 10:39Колку многу истражувачи на мозокот ја имаат можноста
-
10:39 - 10:42да го проучуваат својот мозок од внатре?“
-
10:42 - 10:44(смеа)
-
10:44 - 10:48И потоа ми мина низ ум: „Но, јас сум многу зафатена жена!“
-
10:48 - 10:51(смеа) „Јас немам време за мозочен удар!“
-
10:51 - 10:53И си мислев, „добро, не можам да спречам ударот да се случи,
-
10:53 - 10:56па ќе го правам ова една недела или две,
-
10:56 - 10:58и потоа ќе се вратам на мојата рутина. Добро.
-
10:58 - 11:00Значи, мора да побарам помош. Мора да се јавам на работа.“
-
11:00 - 11:02Не можев да се сетам на бројот од работа,
-
11:02 - 11:04и се сетив, во мојата работна соба имав визит картичка
-
11:04 - 11:07со мојот број. Па, отидов во мојата работна соба,
-
11:07 - 11:10и го земав купчето со визит картички.
-
11:10 - 11:13И погледнав во најгорната картичка и,
-
11:13 - 11:17и покрај тоа што јасно ја гледав сликата на картичката,
-
11:17 - 11:19не можев да познаам дали оваа картичка
-
11:19 - 11:22беше моја или не, бидејќи се што можев да видам беа точки (пиксели).
-
11:22 - 11:24И пикселите од зборовите се претопуваа
-
11:24 - 11:27со пикселите од позадината и со пикселите на симболите,
-
11:27 - 11:29и едноставно не можев да познаам.
-
11:29 - 11:32И потоа чекав да ми дојде она што го нарекувам бран на јаснотија.
-
11:32 - 11:35И во тие моменти можев да се поврзам повторно
-
11:35 - 11:38со нормалната реалност и можев да кажам
-
11:38 - 11:40ова не е картичката ... ова не е картичката .. ова не е картичката.
-
11:40 - 11:44Ми требаа 45 минути да поминам
-
11:44 - 11:46една третина од картичките.
-
11:47 - 11:49Во меѓувреме, за тие 45минути, повредата стануваше
-
11:49 - 11:51се поголема во мојата лева хемисфера.
-
11:51 - 11:54Не разбирав бројки. Не го разбирав телефонот,
-
11:54 - 11:56но тоа беше единствениот план што го имав.
-
11:56 - 11:59Па, го земав телефонот и го ставив тука. Ја земав визит картичката,
-
11:59 - 12:01и ја ставив тука,
-
12:01 - 12:05и почнав да ги споредувам облиците на шкртаниците на картичката
-
12:05 - 12:08со шкртаниците на телефонот.
-
12:08 - 12:11Но, потоа ќе одлетав повторно во Ла Ла земјата,
-
12:11 - 12:14и кога ќе се вратев, не се сеќавав
-
12:14 - 12:15дали веќе сум ги свртела овие бројки.
-
12:15 - 12:19И морав да управувам со мојата парализирана рака како обележувач
-
12:19 - 12:22и да ги покривам цифрите како што ги вртев
-
12:22 - 12:25така што кога ќе се вратев во нормална состојба,
-
12:25 - 12:30ќе можев да кажам „Да, веќе ја свртев таа цифра.“
-
12:30 - 12:32Некако, го свртев целиот број
-
12:32 - 12:34и го слушав телефонот
-
12:34 - 12:37и мојот колега ја крева слушалката и ми вели,
-
12:38 - 12:43„Ву ву ву вууу.“ (смеа) И си мислам,
-
12:43 - 12:49„Господе, па тој звучи како куче!“
-
12:50 - 12:52И му велам - јасно во мојот ум му велам:
-
12:52 - 12:54„Овде е Џил, ми треба твојата помош!“
-
12:55 - 12:58А она што излезе од мојата уста беше “Ву ву ву вуу.“
-
12:58 - 13:00И си мислам, „Господе, па и јас звучам како куче.“
-
13:00 - 13:03Па, не можев да знам - не знаев
-
13:03 - 13:06дека не можам да зборувам ниту да разбирам говор се дури не пробав.
-
13:06 - 13:09Но, тој свати дека ми треба помош и ми прати помош.
-
13:09 - 13:13И малку подоцна, се возам во амбулантна кола
-
13:13 - 13:17од една болница во Бостон до Главната болница во Масачусетс
-
13:17 - 13:19И се стуткав како фетус.
-
13:19 - 13:26И исто како балон со последниот здив,
-
13:26 - 13:29веднаш надвор од балонот, почувствував како мојата енергија
-
13:29 - 13:33се подигна нагоре - и почувстував како мојот дух се предаде.
-
13:33 - 13:39И во тој момент знаев дека јас не сум повеќе
-
13:39 - 13:42кореограферот на мојот живот.
-
13:42 - 13:45И, или докторите ќе го спасат моето тело и ќе ми дадат втора шанса
-
13:45 - 13:48за живот, или ова е можеби
-
13:48 - 13:50моментот на преминот.
-
13:55 - 13:59Кога се разбудив подоцна тоа попладне, се шокирав кога дознав
-
13:59 - 14:04дека сеуште сум жива. Кога почувствував дека мојот дух се предаде,
-
14:04 - 14:07јас се збогував со својот живот.
-
14:07 - 14:11И мојот ум сега се наоѓаше помеѓу две многу спротивставени
-
14:11 - 14:15реалности. Стимулациите кои доаѓаа од моите сетила,
-
14:15 - 14:18ги чувствував како чиста болка.
-
14:19 - 14:23Светлина го гореше мојот ум како див пожар, а звуците
-
14:23 - 14:27беа толку гласни и хаотични што не можев да разликувам
-
14:27 - 14:31нечиј глас од позадинскиот шум, и само сакав да избегам.
-
14:31 - 14:35Бидејќи не можев да ја идентигикувам позицијата на моето тело
-
14:35 - 14:40во просторот, се чувстував огромна и се ширев,
-
14:40 - 14:44исто како духот од лампата на Аладин.
-
14:45 - 14:50И мојот дух пловеше слободно, како голем кит
-
14:50 - 14:55кој плови во море од еуфорија без звуци.
-
14:56 - 15:04Нирвана. Ја најдов Нирвана. И се сеќавам дека мислев,
-
15:04 - 15:07нема шанси да можам да ја соберам цела оваа широчина
-
15:07 - 15:12назад во моето мало тело.
-
15:14 - 15:18Но тогаш сватив, „Јас сум сеуште жива! Јас сум жива,
-
15:18 - 15:22и ја најдов Нирвана. И ја најдов Нирвана
-
15:22 - 15:25и сеуште сум жива, тогаш сите што се живи
-
15:25 - 15:32можат да најдат Нирвана.“. И си замислував свет
-
15:32 - 15:36полн со прекрасни, убави, мирни, сочувствителни,
-
15:36 - 15:39луѓе полни со љубов кои знаеа дека можат да се вратат на ова место
-
15:39 - 15:43во било кое време. И дека можат намерно да одберат
-
15:43 - 15:47да излезат десно од своите леви хемисфери
-
15:47 - 15:52и да го пронајдат овој мир. И тогаш сватив
-
15:52 - 15:56колкав подарок може да биде ова искуство
-
15:56 - 16:00колкав увид за тоа како може да ги живееме своите животи,
-
16:01 - 16:10и тоа ме мотивираше да заздравам.
-
16:10 - 16:13Две и пол недели после повредата,
-
16:13 - 16:15хирурзите ја отстранија истечената крв
-
16:15 - 16:18со големина на голф топче кое ги притискаше моите центри за говор.
-
16:18 - 16:20Тука сум со мама, која е вистински ангел во мојот живот.
-
16:20 - 16:28Ми требаа 8 години за потполно да закрепнам.
-
16:29 - 16:34Значи .. кои сме ние? Ние сме животната сила на универзумот,
-
16:34 - 16:39со вештина во рацете и два когнитивни ума.
-
16:39 - 16:43И имаме можност да избираме, од момент во момент,
-
16:43 - 16:47кои сме и какви сакаме да бидеме во овој свет.
-
16:48 - 16:50Тука и сега,
-
16:50 - 16:54влегувам во свеста на мојата десна хемисфера, каде што сме.
-
16:54 - 16:58Јас сум животната сила на универзумот.
-
16:58 - 17:01Јас сум животната сила на 50 трилиони прекрасни молекуларни гении
-
17:01 - 17:06кои што ја градат мојата форма, едно со се што постои.
-
17:07 - 17:10Или, можам да одберам да влезам во свесноста
-
17:10 - 17:14на мојата лева хемисфера, каде што станувам една индивидуа,
-
17:14 - 17:17цврста. Одвоена од текот,
-
17:18 - 17:21одвоена од вас. Јас сум Др. Џил Болти Тејлор:
-
17:21 - 17:28интелектуалка, невроанатомичарка. Ова се „ние“ внатре во нас.
-
17:32 - 17:39Што би одбрале? Што би одбрале и кога?
-
17:41 - 17:45Верувам дека колку повеќе време
-
17:45 - 17:48се трудиме да живееме од внатрешниот мир
-
17:48 - 17:51на нашите десни хемисфери, толку повеќе мир ќе проектираме
-
17:51 - 17:55надвор во светот, и како резултат целата наша планета ќе биде поисполнета со мир.
-
17:55 - 18:00Мислев дека ова е идеја која вреди да се сподели.
- Title:
- Моќниот удар на увид на Џил Болти
- Speaker:
- Jill Bolte Taylor
- Description:
-
Џил Болти се здоби со можност за научно истражување од прва рака: таа доживеала мозочен удар и гледала како нејзините мозочни функции - движење, говор, свесност - се гасат една по една. Неверојатна приказна.
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 18:21