Мајк Матас: Дигитална книга од следната генерација
-
0:00 - 0:02Изминатата година и пол
-
0:02 - 0:04мојата екипа во Push Pop Press
-
0:04 - 0:06и Чарли Мелчер со Melcher Media
-
0:06 - 0:08работеа на изработката на
-
0:08 - 0:10првата целосна интерактивна книга.
-
0:10 - 0:12Насловена е како „Нашиот избор“
-
0:12 - 0:14а нејзин автор е Ал Гор.
-
0:14 - 0:16Ова е продолжение на книгата „Незгодна вистина“
-
0:16 - 0:18каде се разгледуваат сите решенија
-
0:18 - 0:20на климатската криза.
-
0:20 - 0:23Книгата почнува вака. Ова е корицата.
-
0:24 - 0:26Како што се врти земјината топка
-
0:26 - 0:28можеме да видиме каде се наоѓаме.
-
0:28 - 0:31Потоа можеме да ја отвориме книгата
-
0:31 - 0:33и да пролизгаме по поглавјата
-
0:33 - 0:35за да ја прелистаме книгата.
-
0:36 - 0:39Или пак можеме долу да пролизгаме по страниците.
-
0:40 - 0:42Ако сакаме да зголемиме некоја страница,
-
0:42 - 0:44едноставно ја прошируваме.
-
0:44 - 0:46И сето она што го гледате во книгата,
-
0:46 - 0:48можете да го земете со два прста,
-
0:48 - 0:50да го дигнете од страницата
-
0:50 - 0:52и да го проширите.
-
0:52 - 0:54Ако сакате да се вратите
-
0:54 - 0:56за да продолжите со читањето,
-
0:56 - 0:59свиткајте го и вратете го на страницата.
-
1:00 - 1:03Истото важи и за ова - проширете го за да го отворите.
-
1:03 - 1:05(Аудио) Ал Гор: Се сметам за
-
1:05 - 1:07еден од многуте што
-
1:07 - 1:09гледајќи ветерници, сметаат
-
1:09 - 1:11дека се прекрасен додаток во пејзажот.
-
1:11 - 1:13Мајк Матас: И така низ целата книга,
-
1:13 - 1:16Ал Гор ќе ве прошета и ќе ви ги објасни сликите.
-
1:16 - 1:19Оваа слика можете да ја видите и на интерактивна карта.
-
1:20 - 1:23Приближете ја за да видите каде е направена.
-
1:25 - 1:27Книгата содржи
-
1:27 - 1:29над еден час документарни снимки
-
1:29 - 1:31и интерактивни анимации.
-
1:31 - 1:34Можеме да ја отвориме оваа
-
1:34 - 1:37(Аудио) АГ: Највеќето современи ветерни турбини се состојат од голема ...
-
1:37 - 1:39ММ: Веднаш се пушта.
-
1:39 - 1:42И додека трае, можеме да ја поттргнеме снимката, за да погледаме во страницата,
-
1:42 - 1:44снимката и понатаму тече.
-
1:44 - 1:47Можеме и да оддалечиме за да ја добиеме содржината,
-
1:47 - 1:50а снимката си трае.
-
1:52 - 1:54Но една од најинтересните работи во книгава
-
1:54 - 1:56се интерактивните инфографики.
-
1:56 - 1:58Тука е прикажан ветерниот потенцијал
-
1:58 - 2:00ширум Соединетите Држави
-
2:00 - 2:03Но наместо само да даде приказ
-
2:03 - 2:06можеме да истражуваме со прст
-
2:06 - 2:08и да видиме, држава по држава,
-
2:08 - 2:10баш колку ветерен потенцијал има секоја од нив.
-
2:10 - 2:13Истото важи и за геотермалната енергија
-
2:15 - 2:17и сончевата енергија.
-
2:23 - 2:25Ова ми е меѓу омилените
-
2:25 - 2:28Тука е прикажано ...
-
2:30 - 2:34(Смеа)
-
2:34 - 2:36(Аплауз)
-
2:36 - 2:38Кога дува ветер,
-
2:38 - 2:41сиот вишок енергија од ветерницата
-
2:41 - 2:43се пренасочува во акумулаторот.
-
2:43 - 2:45Ако кога ветерот почнува да замира,
-
2:45 - 2:47сета вишок енергија се пренасочува кон куќата
-
2:47 - 2:50светлата никогаш не се гаснат.
-
2:53 - 2:56Целава книга не е предвидена само за iPad.
-
2:56 - 2:59Работи и на iPhone.
-
2:59 - 3:01На пример, почнувате да читате на iPad во дневната соба
-
3:01 - 3:03а потоа си продолжувате на iPhone од онаму до каде што сте стасале.
-
3:03 - 3:05Работи на ист начин.
-
3:05 - 3:07Земате некоја страница.
-
3:07 - 3:09Ја отворате.
-
3:23 - 3:25Значи, ова е првиот наслов на Push Pop Press
-
3:25 - 3:27„Нашиот избор“ од Ал Гор.
-
3:27 - 3:29Благодарам.
-
3:29 - 3:37(Аплауз)
-
3:37 - 3:40Крис Андерсон: Ова е спектакуларно.
-
3:40 - 3:42Дали сакаш да бидеш издавач,
-
3:42 - 3:44да нудиш технологијава?
-
3:44 - 3:46Која ти е дејноста?
-
3:46 - 3:48Ова е нешто можат да го прават и други?
-
3:48 - 3:50ММ: Да, изработуваме алатка
-
3:50 - 3:53со која издавачите многу лесно можат да составуват ваква содржина.
-
3:53 - 3:55Така, екипата на Melcher Media, која е на источното крајбрежје
-
3:55 - 3:58а ние што го изработуваме овој софтвер сме на западното
-
3:58 - 4:00ја зема нашава алатка
-
4:00 - 4:03и секојдневно внесува слики и текст.
-
4:03 - 4:06КА: Значи сакаш да го нудиш програмов на издавачи.
-
4:06 - 4:08за со него да прават вака убави книги? (ММ: Да.)
-
4:08 - 4:10Во ред. Мајк, ти благодарам.
-
4:10 - 4:12MM: Благодарам. (КА: Со среќа.)
-
4:12 - 4:14(Аплауз)
- Title:
- Мајк Матас: Дигитална книга од следната генерација
- Speaker:
- Mike Matas
- Description:
-
Програмерот Мајк Матас ја прикажува првата целосна интерактивна книга за iPad -- со можност за лизгање на видеоснимки и графика, како и многу интересно прикажани податоци. Книгата е „Нашиот избор“, продолжение на делото „Незгодна вистина“ од Ал Гор.
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 04:14