< Return to Video

Зошто е тешко да се започне бизнис во Африка - како да ја промениме таа состојба?

  • 0:01 - 0:05
    Денес, она што сакам да го споделам
    со вас е нешто што ми се случи,
  • 0:05 - 0:08
    всушност, пред околу
    четири недели се случи.
  • 0:08 - 0:14
    Ми беа кажани зборови кои мислев никогаш
    нема да ги чујам
  • 0:14 - 0:16
    од човечко суштество.
  • 0:17 - 0:21
    И тие зборови,
    ми го скршија срцето.
  • 0:22 - 0:26
    Но, истовремено го исполнија
    со толку многу надеж.
  • 0:26 - 0:31
    Сето тоа искуство ја обнови
    мојата посветеност
  • 0:31 - 0:34
    на идејата за која дојдов
    да ја споделам со вас денес.
  • 0:34 - 0:40
    Видете, велам дека сум личност
    опседната со духови.
  • 0:40 - 0:44
    Ме прогонуваат неверојатни приказни,
  • 0:44 - 0:47
    приказна по приказна,
  • 0:47 - 0:52
    на млади луѓе, мои луѓе,
    и луѓе како мене
  • 0:53 - 0:57
    кои умираат по океаните, токму сега,
    и лежат на дното на океанот
  • 0:57 - 0:59
    како храна за рибите.
  • 1:01 - 1:04
    Дали навистина мислите тоа
    е најдобро што можеме?
  • 1:04 - 1:05
    Да бидеме храна за рибите?
  • 1:06 - 1:09
    За тие кои се обидуваат
    да се преселат во Европа -
  • 1:09 - 1:11
    зашто за тоа се работи,
  • 1:11 - 1:13
    се обидуваат да се преселат
    во Европа за да најдат работа.
  • 1:13 - 1:15
    Одат низ Либија.
  • 1:15 - 1:19
    Дали знаете што ни се случува кога
    се обидуваме да поминеме низ Либија
  • 1:19 - 1:20
    и нè заробуваат?
  • 1:20 - 1:23
    Нè продаваат како робови.
  • 1:24 - 1:28
    За триста долари
    или можеби некогаш петстотини долари.
  • 1:31 - 1:35
    Понекогаш слушам приказни
    за луѓе кои паѓаат од авиони.
  • 1:36 - 1:39
    Се кријат во опрема
    за слетување од авионот
  • 1:39 - 1:41
    или во товарниот дел
  • 1:41 - 1:43
    а потоа ги ноаѓааат
    замрзнати до смрт.
  • 1:43 - 1:48
    Зарем нема да бидете опседнати ако
    од мали ноѕе
  • 1:48 - 1:51
    ги слушате овие приказни
    и постојано се повторуваат,
  • 1:51 - 1:52
    одново и одново?
  • 1:52 - 1:54
    Зарем нема да бидете опседнати?
  • 1:54 - 1:55
    Тоа е мојот случај.
  • 1:56 - 1:59
    Истовремено,
    кога мојот народ умира,
  • 1:59 - 2:00
    и мојата култура умира.
  • 2:00 - 2:01
    Ете, го реков.
  • 2:01 - 2:03
    Бидејќи,
    ја имаме оваа културна подреденост,
  • 2:03 - 2:07
    што значи дека сè што доаѓа од нас
    не е доволно добро.
  • 2:07 - 2:08
    Но, во мојата ситуација,
  • 2:08 - 2:14
    и затоа што ме воспитаа да критикувам
    низ творење,за мене тоа е ремек дело.
  • 2:14 - 2:16
    Татко ми велеше: "Не доаѓај со проблеми,
  • 2:16 - 2:18
    освен ако немаш смислено решение.
  • 2:18 - 2:19
    Не мора да е добро.
  • 2:19 - 2:22
    Само сакам да знам
    дека си смислила нешто".
  • 2:22 - 2:26
    Го применувам тоа. Ако нешто не чини,
    пробувам да го решам.
  • 2:26 - 2:28
    Затоа ги почнувам
    работите кои ги почнувам,
  • 2:28 - 2:30
    потрошувачки брендови,
  • 2:30 - 2:33
    кои го содржат најоброто
    од Африканската култура.
  • 2:33 - 2:38
    Сето тоа го пакувам по
    најновите стандарди на 21 век.
  • 2:38 - 2:42
    и го нудам на еден
    од најпрефинети пазари во светот,
  • 2:43 - 2:44
    како што се САД.
  • 2:45 - 2:47
    Најпрвин тоа беше
    компанија за пијалоци,
  • 2:47 - 2:50
    потоа компанија за нега на кожа, а
    најновата започнува следниот месец.
  • 2:50 - 2:52
    Сите имаат едно нешто заедничко.
  • 2:54 - 2:57
    Значи, зошто овие луѓе заминуваат?
  • 2:57 - 3:00
    Заминуваат бидејќи
    немаат работа.
  • 3:01 - 3:04
    Таму каде што живеат,немаат работа.
  • 3:04 - 3:05
    Тоа е.
  • 3:06 - 3:13
    Сиромаштијата која најмногу ги погодува
    е главната причина зошто си одат.
  • 3:13 - 3:15
    Но, зошто се сиромашни?
  • 3:15 - 3:17
    Сиромашни се бидејќи немаат пари.
  • 3:17 - 3:20
    Немаат пари бидејќи
    немаат извори на приходи.
  • 3:20 - 3:22
    За повеќето од нас,
    кој е изворот на приходи?
  • 3:22 - 3:25
    За повеќе од нас, кој е тој извор,
    кажите ми?
  • 3:25 - 3:26
    Работата. Благодарам!
  • 3:26 - 3:28
    Од каде доаѓа работата?
  • 3:29 - 3:30
    Од каде?
  • 3:32 - 3:34
    Од бизнисот. Благодарам!
  • 3:34 - 3:38
    Aко работата е решение за сиромаштијата,
  • 3:38 - 3:41
    а работа доаѓа од бизнисот,
  • 3:41 - 3:42
    нели --
  • 3:42 - 3:45
    особено од мали и средни
    претпријатија.
  • 3:45 - 3:47
    Ако е така, запрашајте се,
  • 3:47 - 3:51
    дали треба да се фокусираме за да
    им олесниме на луѓето со мали бизниси
  • 3:51 - 3:54
    да го започнат и да
    го водат својот бизнис?
  • 3:54 - 3:56
    Помислувате дека има смисла?
  • 3:56 - 3:59
    Зошто е така? Кога гледам
    на бројките на бизнис индексот
  • 3:59 - 4:00
    на Светската Банка,
  • 4:00 - 4:03
    каде секоја земја во светот е рангирана
  • 4:03 - 4:06
    во однос на тоа колку е лесно
    или тешко да се отвори компанија,
  • 4:06 - 4:08
    кажете ми зошто
    Африканските земји,
  • 4:08 - 4:09
    сите 50,
  • 4:10 - 4:12
    се на дното на оваа ранг листа?
  • 4:15 - 4:16
    Затоа сме сиромашни.
  • 4:16 - 4:19
    Сиромашни сме бидејќи
    е буквално невозможно
  • 4:19 - 4:22
    да се води бизнис
    во тие земји.
  • 4:22 - 4:25
    Но, ќе ви кажувам
    што значи тоа во основа
  • 4:25 - 4:26
    за некој како мене.
  • 4:26 - 4:28
    Имам производствен капацитет
    во Сенегал.
  • 4:28 - 4:33
    Дали знаеете дека за сите сирови
    материјали што ги нема во земјата
  • 4:33 - 4:36
    морам да плаќам 45 отсто
    данок за сè што влегува во земјата?
  • 4:36 - 4:38
    Четириесет и пет проценти тарифа.
  • 4:39 - 4:42
    Дали знаете дека ако
    ми треба убав картон
  • 4:42 - 4:44
    за да ги пратам
    моите производи во САД,
  • 4:44 - 4:46
    не можам да најдам
    нов, готов картон?
  • 4:46 - 4:47
    Невозможно.
  • 4:47 - 4:50
    Бидејќи дистрибутерите
    нема да дојдат овде
  • 4:50 - 4:51
    за да почнат работа,
  • 4:51 - 4:53
    бидејќи нема смисла.
  • 4:53 - 4:56
    Сега, треба да снабдам
    картон од 3000 долари
  • 4:56 - 4:58
    во мојот магацин
    за да можам да го имам.
  • 4:58 - 5:00
    Но нема да стигне во
    следните пет недели.
  • 5:00 - 5:04
    Причината е што сме задушени со
    многу бесмислени закони.
  • 5:05 - 5:07
    Затоа не можеме
    да водиме бизнис.
  • 5:07 - 5:10
    Тоа е како да сте заплеткани во мрежа.
  • 5:10 - 5:13
    Значи, што можете
    да направите во врска со тоа?
  • 5:14 - 5:18
    Ви споменав дека ми беа упатени
    зборови со кои бев обележана.
  • 5:18 - 5:22
    Истото им го споменав и на моите
    вработени во Сенегал.
  • 5:22 - 5:24
    Една жена заплака-нејзиното име е Јахара.
  • 5:24 - 5:25
    Почна да плаче.
  • 5:26 - 5:27
    Ја запрашав:„Зошто плачеш?“
  • 5:27 - 5:30
    Ми рече:
    "Плачам зашто сфаќам
  • 5:30 - 5:33
    дека секогаш ќе нè гледаат како сиромашни.
  • 5:33 - 5:37
    Сфаќам дека можеби
    навистина сме инфериорни.
  • 5:37 - 5:39
    Бидејќи, во спротивно,
    како објаснувате
  • 5:40 - 5:42
    дека секогаш треба некого да молиме?“
  • 5:43 - 5:44
    Тоа е она што ми скрши срцето.
  • 5:44 - 5:46
    Откако го рече тоа,
  • 5:46 - 5:49
    бидејќи им го кажав истото што и вам,
  • 5:49 - 5:51
    таа додаде: "Но, барем знам
    дека не сум јас проблемот.
  • 5:51 - 5:54
    Тоа е средината во која живеам.
    Тоа е мојот проблем.
  • 5:54 - 5:56
    Реков "Да."
  • 5:56 - 5:58
    И тоа ми даде надеж.
  • 5:58 - 6:02
    Кога луѓето ќе сфатат,
    го менуваат ставот кон животот.
  • 6:02 - 6:04
    Кои се нашите идеи и решенија.
  • 6:04 - 6:06
    Ако работата е решение,
  • 6:06 - 6:09
    не мислите дека треба да
    создадеме поедноставна
  • 6:09 - 6:11
    бизнис клима во сите овие држави?
  • 6:11 - 6:13
    Зарем не мислите така?
  • 6:13 - 6:14
    И заедно со вас,
  • 6:14 - 6:17
    би сакала сите ваши пријатели
    од останатите 50 земји
  • 6:17 - 6:20
    кои се на дното на листата
    да го сторат истото.
  • 6:20 - 6:22
    Направете го тоа, ние ќе
    го направиме остатокот.
  • 6:22 - 6:24
    Јас си ја вршам работата,
    вие што правите?
  • 6:24 - 6:25
    (Аплауз)
  • 6:25 - 6:27
    Што правите вие ?
  • 6:27 - 6:29
    (Аплауз)
  • 6:29 - 6:30
    Што правите вие?
  • 6:30 - 6:31
    (Аплауз)
  • 6:31 - 6:33
    На сите вас овде во оваа сала,
  • 6:33 - 6:35
    ќе ви дадам две наредби.
  • 6:35 - 6:36
    Влезете во играта.
  • 6:36 - 6:39
    Ќе влезете само ако учите.
  • 6:39 - 6:40
    Подигнете ја свеста околу вас
  • 6:40 - 6:43
    и потоа залагајте за е-владини решенија.
  • 6:43 - 6:46
    Некој вели: "Корупција,
    како да се бориме со корупцијата?"
  • 6:46 - 6:48
    Па, впрочем,
    Јас сум тука за да ви кажам:
  • 6:48 - 6:51
    Да! Можете со еден потег на пенкалото.
  • 6:51 - 6:54
    Не ви е потребен никој да ви каже
    кога и како да го направите тоа.
  • 6:54 - 6:55
    Има само едно нешто,
  • 6:55 - 6:58
    не треба да чекате некој
    да направи, направете го тоа.
  • 6:58 - 7:01
    Во спротивно,не ми кажувајте
    дека сакате да ја искорените корупцијата.
  • 7:01 - 7:04
    Вие и вашите останати 50 пријатели
    од 50-те земји
  • 7:04 - 7:06
    кои се на дното на таа листа.
  • 7:06 - 7:08
    Така се бори против корупцијата.
  • 7:08 - 7:12
    Ако ми наплатите 5% за влез на
    моите производи во вашата земја,
  • 7:12 - 7:13
    за моите сировини,
  • 7:13 - 7:14
    наместо сегашните 45%,
  • 7:14 - 7:17
    дали навистина мислите
    дека ќе мора да платам мито?
  • 7:17 - 7:19
    Тоа е она што предизвикува корупција.
  • 7:19 - 7:23
    Лоши закони, ужасни
    и бесмислени закони.
  • 7:23 - 7:26
    (Аплауз)
  • 7:26 - 7:27
    Нели?
  • 7:27 - 7:32
    (Аплауз) (Извици)
  • 7:32 - 7:34
    Сакате да се борите со корупцијата?
  • 7:34 - 7:35
    Тогаш направете го тоа.
  • 7:35 - 7:38
    И повторно, запомнете,
    не треба да чекате никого.
  • 7:38 - 7:39
    Можете сами.
  • 7:39 - 7:42
    Освен ако ми кажете
    дека немате овластувања.
  • 7:42 - 7:44
    Тоа е сосема друг проблем.
  • 7:44 - 7:51
    Добро, овде и сега, имам едноставна порака
    до нашите "лидери".
  • 7:52 - 7:53
    Ова може да се случи на два начина.
  • 7:54 - 7:56
    Може да се случи на лош начин,
  • 7:56 - 7:58
    зашто имаме стотици
    милиони млади луѓе
  • 7:58 - 8:01
    кои се појавуваат токму сега и овде.
  • 8:01 - 8:04
    Ако немаат став кон животот,
  • 8:04 - 8:06
    ќе почнат револуција.
  • 8:06 - 8:07
    Тие ќе почнат со насилство.
  • 8:08 - 8:09
    Никој од нас не го сака тоа.
  • 8:09 - 8:10
    Никој, никој од нас.
  • 8:10 - 8:12
    Ова е едниот начин.
  • 8:12 - 8:14
    Има и друг начин.
  • 8:14 - 8:17
    Кога се случува мирно, продуктивно
    и сè добро.
  • 8:17 - 8:20
    Правите го тоа што треба,
    тргнете се од мојот пат,
  • 8:20 - 8:23
    дозволите им на луѓето како мене
    да ги создаваме работни места,
  • 8:23 - 8:27
    за да стане Африка убав и
    напреден континент
  • 8:27 - 8:30
    за каков што е создаден
    и каков што требаше одамна да биде.
  • 8:30 - 8:33
    Така се случува. Секој е среќен
    и продолжуваме со животот.
  • 8:33 - 8:34
    Тоа може да случи на два начина
  • 8:34 - 8:37
    избирате насилство или
    избирате мирен, продуктивен начин.
  • 8:38 - 8:39
    Сакам мирен, продуктивен начин.
  • 8:39 - 8:41
    Никој од нас никогаш не треба да помисли
  • 8:41 - 8:44
    што ќе се случи ако го
    одбереме лошиот начин.
  • 8:44 - 8:45
    Затоа, ве молам.
  • 8:45 - 8:46
    Времето дојде.
  • 8:46 - 8:49
    Оваа слика - напредок
    среќа, човечка благосостојба-
  • 8:49 - 8:52
    тоа е она што го гледам
    ако си ја завршиме работата.
  • 8:52 - 8:53
    Ви благодарам.
  • 8:53 - 8:55
    (Ракоплескање) (Извици)
  • 8:56 - 8:57
    Ви благодарам.
  • 8:57 - 8:58
    (Ракоплескање)
Title:
Зошто е тешко да се започне бизнис во Африка - како да ја промениме таа состојба?
Speaker:
Магатте Вејд
Description:

„Повеќето од Африканските земји се сиромашни од една едноставна причина“- вели претприемачката Магатте Вејд. „Владите имаат создадено премногу пречки за отпочнување и водење бизнис. Во нејзиниот страсен говор, Вејд ги поставува предизвиците на деловното работење на континентот и нуди свои решенија - истовремено ги повикува лидерите да го дадат нивниот удел.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
09:12

Macedonian subtitles

Revisions