Како да ставиме крај на сексуалното малтретирање
-
0:01 - 0:05Сè што сакав беше да го добијам
заслуженото унапредување, -
0:05 - 0:07а тој ми рече: „Качи се на масата
-
0:07 - 0:08и рашири ги“.
-
0:10 - 0:13Сите мажи во канцеларијата
напишаа на лист хартија -
0:13 - 0:15кои сексуални услуги ги сакаат од мене.
-
0:16 - 0:18Сè што јас побарав беше
канцеларија со прозорец. -
0:20 - 0:24„Го прашав за совет како да
помине на комисија законот; -
0:24 - 0:27тој ме праша дали носам
штитници за колена.“ -
0:30 - 0:32Овие се само некои од ужасните приказни
-
0:32 - 0:35кои ги имам чуено од жени
изминативе години, -
0:35 - 0:38додека истражував за сексуалното
малтретирање на работно место. -
0:38 - 0:40Открив дека
-
0:40 - 0:43тоа е епидемија ширум светот.
-
0:44 - 0:48Ужасна вистина за милиони жени,
-
0:48 - 0:50кои единственото нешто кое сакаат
-
0:50 - 0:51е да одат на работа.
-
0:53 - 0:55Сексуалното малтретирање не дискриминира.
-
0:56 - 0:57Можете да носите здолништа,
-
0:58 - 0:59болнички мантил,
-
0:59 - 1:01камуфлажна војничка униформа.
-
1:01 - 1:03Може да сте млади или стари,
-
1:03 - 1:04мажени или немажени,
-
1:04 - 1:05црни или бели.
-
1:05 - 1:09Може да сте демократи или републиканци
или независни. -
1:11 - 1:13Слушнав од многу жени:
-
1:14 - 1:15полицајки,
-
1:15 - 1:17припаднички на воени единици,
-
1:17 - 1:18финансиски помошнички,
-
1:18 - 1:22актерки, инженерки, адвокатки,
-
1:22 - 1:25банкарки, сметководителки, наставнички..
-
1:25 - 1:27новинарки.
-
1:30 - 1:32Излезе дека сексуалното малтретирање
-
1:32 - 1:34нема врска со сексот.
-
1:35 - 1:37Има врска со моќта,
-
1:37 - 1:40и она што некој ви го прави
-
1:40 - 1:42за да ви ја одземе моќта.
-
1:43 - 1:44Денес сум тука
-
1:45 - 1:50за да ве охрабрам да си ја вратите моќта.
-
1:51 - 1:54(Аплауз)
-
1:56 - 1:58На 6-ти јули, 2016 год.
-
1:59 - 2:01направив скок во непознато сосема сама.
-
2:03 - 2:05Тоа беше најстрашниот миг во мојот живот;
-
2:05 - 2:07мачен избор.
-
2:09 - 2:12Паднав во бездна сама,
-
2:13 - 2:15без да знам што ме чека долу.
-
2:16 - 2:20Но тогаш нешто чудесно
почна да се случува. -
2:20 - 2:22Илјадници жени стапија во контакт со мене
-
2:22 - 2:25за да ги споделат нивните приказни
за срамот, болката и агонијата. -
2:26 - 2:28Ми велеа дека станав нивниот глас,
-
2:28 - 2:30тие беа безгласни.
-
2:32 - 2:36Наеднаш сфатив дека и во XXI-век
-
2:36 - 2:38секоја жена има своја приказна.
-
2:41 - 2:42Како Џојс,
-
2:43 - 2:45главна стјуардеса
-
2:45 - 2:47чиј шеф секојдневно на состаноците
-
2:47 - 2:50ѝ раскажувал за порно филмовите
кои ги гледал претходната ноќ -
2:50 - 2:52притоа цртајќи пениси во роковникот.
-
2:52 - 2:53Таа се жалела.
-
2:53 - 2:55Ја нарекле луда и добила отказ.
-
2:55 - 2:58Како Џоан, вработена во банка на Вол Стрит.
-
2:58 - 3:01Нејзините колеги ја ословувале
со погрдниот збор на буквата „п“. -
3:01 - 3:02Таа се жалела-
-
3:02 - 3:04ја обележаа како проблематична
-
3:04 - 3:07и никогаш повеќе не направила
зделка на Вол Стрит. -
3:07 - 3:10Како Елизабет, офицерка во армија.
-
3:11 - 3:14Нејзините подредени колеги мавтале
со банкнота од 1 долар пред неа -
3:14 - 3:16и ѝ велеле: „Танцувај ми“.
-
3:16 - 3:18Кога отишла да се пожали кај мајорот
-
3:18 - 3:21тој рекол: „Што? Само еден долар?
-
3:21 - 3:23Вредиш најмалку 5 или 10!“
-
3:26 - 3:28Откако ќе ги прочитав
-
3:28 - 3:30и ќе одговорев на сите
-
3:30 - 3:35плачејќи над мејловите,
-
3:35 - 3:39сфаќав колку многу треба да направам.
-
3:40 - 3:42Еве ги потресните факти:
-
3:42 - 3:44една од три жени - од тие кои ги знаеме -
-
3:45 - 3:47била сексуално малтретирана
на работно место. -
3:49 - 3:5471 % од инцидентите
никогаш не биле пријавени. -
3:55 - 3:56Зошто?
-
3:57 - 3:58Затоа што кога жените ќе прозборат,
-
3:58 - 4:01ги нарекуваат лажливки, проблематични,
-
4:01 - 4:03ги понижуваат, отфрлуваат и деградираат,
-
4:03 - 4:04ги ставаат на црна листа
-
4:04 - 4:06и ги отпуштаат.
-
4:06 - 4:10Пријавување на сексуално малтретирање
може да значи крај на кариера за некој. -
4:11 - 4:13Сите овие жени кои ме исконтактираа,
-
4:14 - 4:19речиси ниту една не работи
во избраната професија, -
4:19 - 4:21а тоа е невидено.
-
4:24 - 4:27И јас бев повлечена на почетокот.
-
4:28 - 4:32Мене ми се случи на крајот на годината
кога бев Мис Америка, -
4:32 - 4:35кога се сретнав со ТВ директор
на висока позиција -
4:35 - 4:36во Њујорк.
-
4:36 - 4:38Мислев ми помага во текот на денот,
-
4:39 - 4:40кога постојано ми се јавуваше.
-
4:40 - 4:41Излеговме на вечера
-
4:41 - 4:44и на задното седиште наеднаш
се нафрли врз мене -
4:44 - 4:46и ми го вовлече јазикот в грло.
-
4:48 - 4:52Во својата наивност не сфаќав дека
„да се фатиме за работа“- -
4:54 - 4:56значи „да посегне по мојот долен веш“ .
-
4:59 - 5:00Една недела подоцна,
-
5:00 - 5:05ми се случи истото кога се сретнав
со високо рангиран издавач во Лос Анџелес, -
5:05 - 5:06повторно,
-
5:06 - 5:07во автомобил.
-
5:07 - 5:10Ме фати за вратот,
-
5:10 - 5:13и толку силно ми ја зари главата
во неговото меѓуножје -
5:14 - 5:15што едвај можев да дишам.
-
5:21 - 5:27Овие се настани кои целосно
ја уништуваат вашата самодоверба -
5:30 - 5:34Овие се настани кои до неодамна
-
5:34 - 5:36не ги ни нарекував напади.
-
5:39 - 5:43Затоа имаме уште многу да направиме.
-
5:47 - 5:49После годините поминати како Мис Америка,
-
5:49 - 5:52продолжив да запознавам познати луѓе,
-
5:53 - 5:55вклучувајќи го и Доналд Трамп.
-
5:56 - 5:58Кога е направена
фотографијава во 1988 год. -
5:58 - 6:01никој не предвидуваше
каде ќе стигнеме денес. -
6:01 - 6:02(Смеа)
-
6:03 - 6:06Јас, во борба да се запре сексуалното
малтретирање на работно место: -
6:07 - 6:10тој, претседател на САД
-
6:10 - 6:11и покрај тоа.
-
6:14 - 6:17Веднаш потоа го добив првиот
ангажман во ТВ вестите -
6:17 - 6:18во Ричмонд, Вирџинија.
-
6:18 - 6:21Обрнете внимание на сигурната
насмевка во розевото палто. -
6:21 - 6:23Не гледајте ја косата.
-
6:23 - 6:24(Смеа)
-
6:24 - 6:29Работев напорно да докажам
дека русокосите се многу паметни. -
6:31 - 6:34Но,која иронија-една од првите вести
за кои известував -
6:34 - 6:36беше сослушувањето на
Анита Хил во Вашингтон. -
6:37 - 6:38Набрзо потоа,
-
6:38 - 6:41и јас бев сексуално малтретирана.
-
6:42 - 6:44Известував од руралниот дел на Вирџинија
-
6:45 - 6:46и кога се вративме во возилото
-
6:46 - 6:48камерманот почна да ми зборува
-
6:48 - 6:51колку сум уживала додека
ми ги допирал градите -
6:51 - 6:53додека ми го местеше микрофонот.
-
6:53 - 6:54Од тој момент состојбата се влоши.
-
6:55 - 6:57Се потпирав на совозачката врата -
-
6:57 - 6:59ова беше пред мобилните телефони.
-
6:59 - 7:00Се скаменив.
-
7:00 - 7:04Замислував како излетувам низ вратата
-
7:04 - 7:07при брзина од 80 км на час
како што гледав во филмовите, -
7:07 - 7:10прашувајќи се колку ќе боли.
-
7:14 - 7:17Кога се обелодени приказната
за Харви Вајнстин- -
7:17 - 7:20еден од најпознатите филмски
магнати во Холивуд- -
7:20 - 7:22обвинувањата беа ужасни.
-
7:23 - 7:25Но толку многу жени проговорија
-
7:25 - 7:28што сфатив дека она
што го направив вредеше. -
7:29 - 7:35(Аплауз)
-
7:36 - 7:38Неговото оправдување звучеше бедно.
-
7:39 - 7:41Рече дека бил производ на 60-те и 70-те
-
7:41 - 7:43и дека тогаш тоа било вообичаено.
-
7:43 - 7:45Да, тоа било вообичаено тогаш,
-
7:45 - 7:48и за жал, се`уште е.
-
7:48 - 7:49Зошто?
-
7:50 - 7:51Поради сите митови
-
7:51 - 7:54кои се поврзани со сексуалното
малтретирање. -
7:55 - 7:58„Жените треба да си најдат
друга работа и друга кариера.“ -
7:58 - 7:59Да, секако.
-
7:59 - 8:02Кажете ѝ на самохрана
мајка која работи 2 работи -
8:02 - 8:03во обид да врзе крај со крај
-
8:03 - 8:05и била сексуално малтретирана.
-
8:06 - 8:08„Жени-
-
8:08 - 8:09сами си го бараат.“
-
8:10 - 8:12Поради облеката која ја носиме
-
8:12 - 8:13и шминката што ја користиме.
-
8:14 - 8:17Да, оние дуксерките што ги носат
Убер инженерите во Силициумската Долина -
8:17 - 8:19се исто провокативни.
-
8:21 - 8:22„Жените измислуваат“.
-
8:23 - 8:26Да, зашто е забавно и вреди
-
8:26 - 8:28да си отпуштена и деградирана.
-
8:28 - 8:29Јас го знам тоа.
-
8:31 - 8:36„Жените обвинуваат зашто
сакаат да станат познати и богати. -
8:36 - 8:38Нашиот претседател го изјави ова.
-
8:40 - 8:42Се обложувам дека Тејлор Свифт
-
8:42 - 8:46една од најпознатите
и најбогати пејачки во светот, -
8:47 - 8:48не сакала повеќе слава или пари
-
8:48 - 8:51кога поднесе тужба
за несакано допирање, -
8:51 - 8:53барајќи само
1 долар отштета. -
8:53 - 8:55Многу ми е драго што го направи тоа.
-
8:57 - 8:59Најнова вест:
-
8:59 - 9:03нераскажана приказна за жените и
сексуалното малтретирање на работно место: -
9:05 - 9:07жените сакаат само безбедно
и пријатно место -
9:08 - 9:10без сексуално малтретирање.
-
9:10 - 9:11Толку.
-
9:12 - 9:17(Аплауз)
-
9:18 - 9:21Па, како да си ја вратиме моќта?
-
9:22 - 9:23Имам 3 решенија.
-
9:24 - 9:25Прво:
-
9:25 - 9:29мора да ги претвориме набљудувачите
и соучесниците во сојузници. -
9:29 - 9:3398% од корпорациите во САД денес имаат
-
9:33 - 9:35обуки против сексуално малтретирање.
-
9:35 - 9:3870% имаат програми за спречување.
-
9:39 - 9:41Но, сепак кај повеќето случаи
-
9:41 - 9:44набљудувачите и сведоците
не ги пријавуваат случаите. -
9:45 - 9:46Во 2016 год.
-
9:46 - 9:50Харвардското списание за бизнис
го нарече тоа „апатија на набљудувачот“. -
9:52 - 9:55Сепак, сетете се на 9/11.
-
9:55 - 9:58Милиони пати слушнавме:
-
9:58 - 9:59„Ако видите нешто,
-
9:59 - 10:01речете нешто.“
-
10:02 - 10:06Замислете какво влијание
би имало ако тоа се примени -
10:06 - 10:09на набљудувачите на
сексуалното малтретирање- -
10:10 - 10:13ако се препознаат и прекинат инцидентите,
-
10:14 - 10:18да можеме директно да им се
спротиставиме на сторителите -
10:19 - 10:22и да им помогнеме и да ги
заштитиме жртвите. -
10:22 - 10:24Ова е мојот повик до мажите:
-
10:25 - 10:27потребни ни сте во борбата.
-
10:28 - 10:29Но и до жените-
-
10:29 - 10:32да ги претвориме
соучесниците во сојузници. -
10:32 - 10:34Второ:
-
10:34 - 10:35да се изменат законите.
-
10:37 - 10:38Колкумина од вас знаат
-
10:38 - 10:41дали постои регулатива за
присилна арбитража -
10:41 - 10:43во вашиот договор за работа?
-
10:44 - 10:45Не гледам многу раце.
-
10:45 - 10:47Ако не знаете, треба да дознаете.
-
10:47 - 10:48Еве зошто.
-
10:49 - 10:50списанието Тајм го нарекува,
-
10:50 - 10:52таму погледнете на екранот,
-
10:52 - 10:55„оние мали, ситни букви во договорот
-
10:55 - 10:59кои овозможуваат никој да не чуе
за сексуалните малтретирања. -
11:00 - 11:01Еве за што се работи.
-
11:01 - 11:04Присилната арбитража го одзема
уставно загарантираното право -
11:04 - 11:05на јавно судење со порота.
-
11:06 - 11:07Тајно е.
-
11:08 - 11:10Не ги добивате истите сведоци и сведочења.
-
11:10 - 11:13Во многу случаи, компанијата
ги бира арбитрите за вас. -
11:14 - 11:16Нема жалби,
-
11:16 - 11:19и речиси само во 20% од случаите
победува вработената. -
11:20 - 11:22Но, повторно-тајно е.
-
11:22 - 11:25Никој не знае што ви се случило.
-
11:26 - 11:28Затоа работев толку напорно
-
11:28 - 11:29во Капитол Хил во Вашингтон, ДЦ
-
11:29 - 11:31за да се сменат законите.
-
11:31 - 11:32На сенаторите им велам
-
11:32 - 11:34дека сексуалното
малтретирање е аполитично. -
11:34 - 11:36Пред да ве малтретира некој,
-
11:36 - 11:40не ве прашува дали сте за демократ
или републиканец. -
11:40 - 11:41Едноставно ве малтретираат.
-
11:41 - 11:44Затоа треба сите да сме загрижени.
-
11:44 - 11:46Трето:
-
11:46 - 11:47бидете решителни.
-
11:48 - 11:50Почнува кога сме сигурни
-
11:50 - 11:52и градиме самодоверба.
-
11:52 - 11:54Се спротиставувуваме и зборуваме
-
11:54 - 11:56и му кажуваме на светот што ни се случило.
-
11:58 - 12:00Знам дека изгледа страшно,
-
12:00 - 12:02но да го сториме тоа за нашите деца.
-
12:02 - 12:05Да го запреме тоа заради
следните генерации. -
12:07 - 12:09Знам дека го направив тоа за моите деца.
-
12:11 - 12:13Тие беа најважните во мојата одлука
-
12:13 - 12:15дали да проговорам или не.
-
12:16 - 12:17Моите прекрасни деца,
-
12:17 - 12:19мојот 12-годишен син Кристијан
-
12:19 - 12:21и мојата 14-годишна Каја.
-
12:21 - 12:23Колку само ги имав потценето.
-
12:24 - 12:26Првиот училишен ден лани
-
12:26 - 12:28беше денот кога ја донесов одлуката.
-
12:28 - 12:30Бев загрижена што ќе им се случи.
-
12:30 - 12:33Ќерка ми се врати од училиште и рече:
-
12:33 - 12:36„Мама, многумина ме прашаа
што ти се случи летово.“ -
12:36 - 12:38Потоа ме погледна в очи
-
12:38 - 12:39и ми рече: „Мама,
-
12:39 - 12:41многу бев горда
-
12:42 - 12:44кога им реков дека ти си мојата мајка.“
-
12:47 - 12:48Две недели подоцна.
-
12:48 - 12:52кога конечно се охрабри да им
се спротистави на 2 момчиња -
12:52 - 12:54кои ја задеваа,
-
12:54 - 12:56и кога си дојде дома ми рече:
-
12:56 - 12:59„Мама, собрав храброст да го направам тоа
-
13:00 - 13:02зашто видов дека и ти го направи.“
-
13:05 - 13:11(Аплауз)
-
13:12 - 13:16Гледате, дарувањето
на храброста е заразно. -
13:18 - 13:22Се надевам дека моето
искуство ве инспирира -
13:22 - 13:25бидејќи токму сега е мигот на пресврт.
-
13:25 - 13:27Сведоци сме на создавањето на историјата.
-
13:27 - 13:30Сè повеќе жени излегуваат и велат:
-
13:30 - 13:31„Доста беше.“
-
13:34 - 13:38(Аплауз)
-
13:39 - 13:42Ова е мојата последна молба
упатена до компаниите. -
13:43 - 13:47Да ги вработиме пак оние жени
чии кариери се изгубени -
13:47 - 13:49поради некој случаен кретен.
-
13:50 - 13:52Еве што знам јас за жените:
-
13:53 - 13:57нема да бидеме потценети,
заплашувани и спречени. -
13:58 - 14:01Нема да нè замолчат поради вообичаените
начини на однесување -
14:01 - 14:03или остатоците од минатото.
-
14:03 - 14:04Не!
-
14:05 - 14:07Ќе се спротиставиме и ќе проговориме
-
14:08 - 14:10и ќе допреме до сите.
-
14:11 - 14:15Ќе бидеме такви какви што треба да сме.
-
14:16 - 14:18И пред сè,
-
14:18 - 14:22секогаш ќе бидеме решителни.
-
14:22 - 14:23Благодарам!
-
14:24 - 14:29(Аплауз)
- Title:
- Како да ставиме крај на сексуалното малтретирање
- Speaker:
- Гречен Карлсон
- Description:
-
Кога Гречен Карлсон проговори за нејзиното искуство со сексуалното малтретирање на работното место, ги инспирираше жените насекаде да се обидат да си ја вратат моќта и да му кажат на светот што им се случи. Во нејзиниот извонреден и решителен говор, таа ја раскажува сопствената приказна и посочува три посебни нешта кои можеме да ги направиме за да создадеме сигурни и безбедни работни места. „Нема веќе да сме потценети, заплашени и спречени“-вели Карлсон. „Ќе им се спротиставиме и ќе нè чујат сите. Ќе бидеме такви какви што треба да сме.“
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 14:44
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI approved Macedonian subtitles for How we can end sexual harassment at work | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI accepted Macedonian subtitles for How we can end sexual harassment at work | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for How we can end sexual harassment at work | |
![]() |
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for How we can end sexual harassment at work | |
![]() |
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for How we can end sexual harassment at work | |
![]() |
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for How we can end sexual harassment at work | |
![]() |
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for How we can end sexual harassment at work | |
![]() |
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for How we can end sexual harassment at work |