-
Самади
-
Самади е древен санскритски збор за кој нема прецизно толкување.
-
Предизвикот да се сними филм за Самади е голем.
-
Суштината на Самади не може да се замисли или пренесе со зборови.
-
Овој филм е само површно прикажување на моето духовно патешествие.
-
Неговата цел не е да те научи за Самади, или да создаде информации што ќе ги прими твојот ум.
-
Целта е да те поттикне сам да ја откриеш својата вистинска природа.
-
Денес е поважно да се биде во Самади од било кога.
-
Човештвото не само што заборавило што е Самади
-
туку и заборавило што е тоа што го заборавило.
-
Заборавот претставува Маја. Маја е збор за илузијата што одбираме да ја живееме.
-
Живеејќи како луѓе, повеќето од нас се крајно занесени во своето секојдневие,
-
малку помислувајќи да се запраша "кои сме ние", „зошто сме овде“, или „каде одиме?“
-
Повеќето никогаш не го достигнале вистинското Јас - сржта на она што Буда го нарекол „аната“
-
или она што нема име, нема облик и нема објаснување.
-
Како резултат на тој заборав, ние веруваме дека ние сме - овие ограничени тела
-
И живееме во страв, свесен или несвесен, дека ограничената телесна структура со која се идентификуваме
-
ќе умре.
-
Во денешниот свет мнозинството луѓе кои се ангажирани со религиозни или духовни
-
практики како јога, молитва, медитирање, мантрање и слични ритуали,
-
практикуваат техники кои се условени,
-
што значи дека тие нешта се конструкција на човековото его.
-
Потрагата и активностите не претставуваат проблем. Проблемот е во тоа што луѓето си мислат
-
дека го пронашле одговорот во некоја надворешна активност.
-
Духовноста во нејзината вообичаена форма не е ништо поразлична
-
од патолошкото мислење што преовладува насекаде.
-
Духовноста може да биде само уште една закачка на умот.
-
Тоа е дополнително човечко „правење“ наместо човечко „постоење“.
-
Егото создава копнеж за повеќе пари, повеќе моќ, повеќе љубов, повеќе се'.
-
Оние што се на таканаречениот „духовен пат“ сакаат да бидат подуховни, побудни,
-
пососредени, помирни, попросветлени.
-
Опасноста во тоа што ти го гледаш овој филм, е во тоа што твојот разум ќе посака да го достигне САМАДИ.
-
Дури и поопасно е што твојот ум може да те прелаже дека си достигнал Самади.
-
Секогаш кога ќе посакаш да „достигнеш“ нешто,
-
биди сигурен дека тоа е желба и создание на егото.
-
Самади не претставува достигнување и стекнување за себе.
-
Да го достигнеш Самади значи да научиш да умреш, пред да умреш.
-
Животот и смртта се како јин и јанг - тие се неразделно течение
-
кое бесконечно се одвива, без почеток и без крај.
-
Да ја оттурнуваш од себе смртта значи да го оттурнуваш и животот.
-
Но штом директно ја искусиш вистината за тоа Кој Си Ти,
-
стравот од животот и смртта исчезнува.
-
Општеството и културата ти кажуваат Кој Си, а истовремено
-
си роб на своите длабоки несвесни биолошки тежнеења и одбивности кои ти ги одредуваат одлуките.
-
Созданијата на егото се само поттик за повторување на навиките.
-
Тоа е едноставно патеката која енергијата еднаш ја изодела и тенденција на енергијата повторно да ја
-
изоди таа патека, без разлика дали е тоа позитивно или негативно за организмот.
-
Постојат бескрајни нивоа на паметење - или разум, спирали во спирали.
-
Кога свеста се поистоветува со овој разум или конструкција на егото, таа се врзува
-
со општественото условување, кое можеме да го наречеме „матрикс“.
-
Човекот може да биде свесен за некои аспекти на егото, но несвесното
-
архаично-врежаното и првобитните егзистенцијални стравови - се нештата што ја возат целата машина.
-
Бескрајните нагони за заграбување на задоволства и избегнувањето на болката се преобразуваат во
-
патолошки односи... на работа... во односите со другите... во личните убедувања...
-
во мислите и во нашиот целокупен начин и однос кон животот.
-
Како и говедата, повеќето луѓе живеат и умираат во пасивна потчинетост и го хранат матриксот со своите животи.
-
Живееме живот заробени сме во тесни обрасци на повторување на навиките и принудите.
-
Животот е често исполнет со големо патење и веројатно затоа
-
никогаш не помислуваме дека всушност можеме да станеме слободни.
-
Возможно е човек да се ослободи од животот што го наследил од минатото
-
и да го живее животот што чека да дојде преку внатрешниот свет.
-
Сите луѓе се раѓаат во светот со биолошки условени структури, но без свест за самите себе.
-
Кога ќе погледнете во очите на малото дете, во нив нема траги од Себе, само блескава празнина.
-
Возрасниот човек во којшто пораснува детето, е маска која ја носи облечена врз изворната свест
-
Шекспир рекол, „Светот е бина, а луѓето се само глумци“.
-
Кај пробудениот поединец, свеста прозрачува низ личноста, преку маската.
-
Кога си буден ти не се поистоветуваш со твојот лик (улога).
-
Не веруваш дека ти - си маската која ја носиш.
-
Но, исто така, не се откажуваш од играње на улогата.
-
Кога се идентификуваме со нашата улога, нашата персона - тоа е Маја - илузијата на себството.
-
Самади е будење од сонот на твојот лик (улога) во претставата на животот.
-
2400 години откако Платон ја напишал „Република“,
-
човештвото сеуште бара излез од пештерата на Платон.
-
Всушност, поверојатно е дека денес сме повеќе замаени од илузиите од било кога.
-
Платон зборува за Сократ кој опишува некои луѓе што живееле во пештера целиот свој живот,
-
и биле завртени само кон празен ѕид од пештерата.
-
Се што можеле да видат пред себе биле сенки на ѕидот предизвикани од нештата кои се движеле
-
покрај огнот, кој бил зад нивниот грб.
-
Играта на овие сенки - станала нивниот свет.
-
Според Сократ, сенките биле најблизу до реалноста до која овие
-
луѓе од пештерата можеле да стигнат.
-
Дури и откако им кажале дека постои свет надвор од пештерата, тие продолжиле да веруваат
-
дека животот се состои само од сенки.
-
И покрај сомнежот дека има живот надвор од пештерата, тие не сакале да го напуштат
-
она што им било познато.
-
Човештвото денес е како луѓето што ги гледале само сенките на пештерскиот ѕид.
-
Сенките се всушност аналогија на нашите мисли.
-
Светот на мислите е единствениот свет што ни е познат.
-
Но постои и еден друг свет што е зад мислите,
-
зад дуалистичниот ум.
-
Дали си решен да излезеш од пештерата, да оставиш се зад себе,
-
за да ја дознаеш вистината за тоа Кој навистина Си?
-
За да искусиш Самади потребно е да го скренеш вниманието од сенките,
-
односно од мислите, и да го насочиш кон светлината.
-
Оној што е навикнат само на мракот
-
треба постепено да се прилагодува на светлината.
-
Како и со прилагодувањето на било која нова парадигма, потребно е да се вложи време и труд и решителност
-
да го откриеш новото, како и - да се ослободиш од старото.
-
Умот може да се сфати како замка за твојата свест
-
како лавиринт или како затвор
-
Ти не се наоѓаш ВО затвор - всушност, ти СИ затворот.
-
Затворот е илузија
-
Ако се поистоветуваш со илузорно Јас, тогаш ти не си буден.
-
Штом стануваш свесен за затворот, ако се бориш да излезеш од илузијата, тогаш ја третираш илузијата
-
како таа да е реална, и сеуште си во сон,
-
само што сега сонот станува кошмар,
-
Ќе ги бркаш и бегаш од сенките засекогаш.
-
Самади претставува будење од сонот од подвоеното Јас, односно созданието на твоето его
-
Самади е будење од поистоветувањето со затворот кого се нарекувам ЈАС.
-
Никогаш не можеш навистина да си слободен, бидејќи каде и да одиш, твојот затвор е - таму.
-
Будењето не значи ослободување од умот односно од матриксот. Напротив
-
кога не се постиветуваш со умот, тогаш можеш од сесрце да учествуваш во играта на животот
-
и да го прифатиш шоуто такво какво што е, без да му се плашиш или да копнееш по нешто.
-
Во древните учења ова се нарекувало Божествената игра на Лила:
-
играта на играње во дуалност.
-
Човековата свест е континуум.
-
Во една крајност, луѓето се поистоветени со материјалното Јас.
-
Во другата крајност е Самади - непостоењето на Себе
-
Со со секој чекор кој го одиме на континуумот кон Самади, се оддалечуваме од страдање
-
Намалувањето на страдањето не значи живот ослободен од болка
-
Самади ја надминува дуалноста на болката и уживањето.
-
Суштината е дека - има помалку ум, помалку Јас што создава отпор кон она што го носи животот,
-
а тој отпор - е она што создава страдање.
-
Дури и само еднаш да постигнете Самади, Ви овозможува да видите што има од другата страна на континуумот.
-
Да се види дека има и нешто друго освен материјалниот свет и личниот интерес.
-
Кога доаѓа до прекин на умот за време на Самади, егоистичната мисла исчезнува
-
и нема Јас, нема дуалност, но сепак постои Јас Сум , Аната или: не-себство.
-
Во таа празнина осамнува Праџна, односно мудроста - разбирањето
дека иманентното јас
-
е далеку над претставата на дуалноста (подвојувањето), далеку над целиот континуум.
-
Иманентното (вистинското) Јас е безвремено, непроменливо и е секогаш овде и сега.
-
Просветлувањето е во спојот на предзародишната спирала, вечно менливиот манифестиран свет
-
или лотус во кој времето се одмотува, со твоето безвременско битие.
-
Твојот внатрешен склоп се развива, како цвет што се препораѓа вечно
-
секогаш кога се оттргнуваш (престануваш да се идентификуваш) со „личноста“, од малото „јас“,
-
станувајќи жив мост помеѓу светот на времето и безвремениот свет.
-
Воочувањето што е вистинското Јас е само почетокот на патеката.
-
Повеќето луѓе ќе мора да го искусат и загубат Самади безброј пати во медитација
-
пред да можат да го впрегнат во другите делови на животот.
-
Не е невообичаено да имаш длабоки увиди во вистинската природа на твоето постоење
-
за време на медитација или себеиспитување
-
и притоа да се затекнеш како пак се враќаш на старите навики, заборавајќи кој навистина си.
-
Да се достигне таа смиреност во секој сегмент од животот, секој сегмент на личното јас,
-
значи да се стане празнина којашто танцува како сите нешта.
-
Мирот не е нешто што е одвоено од движењето,
-
мирот не е спротивен на движењето.
-
Во Самади, смиреноста се поистоветува со движење, а формата се поистоветува со празнината.
-
Ова не му прави смисла на умот бидејќи умот настанува во подвоеноста.
-
Рене Декарт, таткото на западната филозофија славно изјавил: „Мислам значи постојам“
-
Ниту еден исказ не може да го долови толку добро падот на цивилизацијата, односно
-
поистоветувањето на човекот со сенките на ѕидот од пештерата.
-
Грешката на Декарт, како и на речиси сите луѓе, е во тоа што
-
суштината на постоењето ја поеднаквил со мислењето.
-
На почетокот на неговиот најпознат трактат, Декарт пишува дека се е предмет на сомневање
-
вклучувајќи ги сетилата, па дури и мислите.
-
Исто така, во сутрата Калама, Будата (пробудениот) рекол
-
„За да ја потврдиме вистината, потребно е да ги преиспитаме сите традиции
-
писанија, учења, но и содржините на својот ум, како и сетилата.
-
И двајцата започнале од сомнеж, но разликата е што Декарт
-
сопрел со себеиспитување штом стигнал до мислите, а Буда продолжил
-
и ги пробил најдлабоките сводови на умот.
-
Доколку Декарт продолжил понатаму, можеби и тој ќе ја остварел својата вистинска природа
-
а свеста на западниот свет денес би била многу поразлична.
-
Но Декарт пишува за веројатноста дека постои зол демон
-
што не држи зад превезот на илузиите.
-
Декарт не успеал да увиди што всушност претставува злиот демон.
-
Како и во филмот Матрикс, луѓето можеби се врзани за некоја програма
-
што не држи под напон преку заносни мисли.
-
Во филот, луѓето живеат во Матриксот, додека на едно друго ниво
-
тие се обични батерии што ги напојуваат со својата животна сила машините
-
на кои им е потреба енергија за нивната нејасна агенда.
-
Луѓето секогаш сакаат да обвинуваат некој друг за тажната состојба на светот
-
или за нивната сопствена несреќа.
-
без разлика дали тоа е друга личност, некоја група на луѓе, некоја земја или некој си
-
контролирачки зол Декартов демон од типот на илуминати, или свесните машини на Матриксот.
-
Иронично е што демонот на Декарт е она преку што се дефинирал и самиот тој.
-
Кога ќе достигнеш Самади станува јасно дека постои седржец, постои машина
-
и постои зол демон што ти го пие животот ден за ден.
-
Машината си самиот ти.
-
Структурата на твоето Јас е градена од многу мали условени подпрограми, односно мали наредници.
-
Едниот наредник бара храна, другиот пари, третиот сака социјален статус, четвртиот моќ...
-
секс, интимност.
-
Некој друг сака внимание од другите
-
Барањата се буквално бесконечни и никогаш нема да бидат задоволени.
-
Трошиме многу време и енергија за да си ги украсиме затворските келии
-
и подлегнуваме на притисокот да ги разубавиме маските
-
хранејќи ги малите наредниците, правејќи ги помоќни.
-
Како зависици од дрога, колку повеќе им угодуваме на навиките, тие не тераат на уште.
-
До слободата не се стигнува преку себеподобрување или задоволување на суетата;
-
До слободата се стигнува преку целосно исфрлување на суетата и нејзината себична агенда.
-
Некои луѓе стравуваат дека пробудувањето значи и губење на личната посебност
-
и уживањето во животот.
-
Впрочем, точно е спротивното: посебноста на секоја душа може да се искаже единствено
-
преку надминување на условеното Јас.
-
Бидејќи сме заспани во Матриксот, повеќето луѓе никогаш нема да дознаат
-
што сака да изрази (искаже) душата.
-
Патот до Самади вклучува медитирање, што претставува разгледување на условеното Јас - кое е променливо
-
како и сфаќање на вистинската природа - она кое не се менува.
-
Штом дојдеш до точката на мирување - изворот на твоето постоење, следното е
-
да дочекуваш понатамошни насоки, без било какво инсистирање на тоа како твојот свет треба да се промени.
-
Не мојата волја, туку повисоката волја - да се оствари.
-
Ако умот единствено се обидува да го промени надворешниот свет за тој да се прилагоди на некоја твоја замисла
-
за тоа како ти мислиш треба да биде животната патека, тоа е како да сакаш
-
да го промениш сопствениот одраз во огледалото, манипулирајќи ја рефлексијата.
-
За да направиш твојот одраз во огледалото да се смее, очигледно не можеш да ја манипулираш рефлексијата,
-
треба да сфатиш дека ТИ си автентичниот извор на ликот што се покажува во огледалото.
-
Ако го искусиш вистинското Јас, тоа не значи дека светот околу тебе треба да се промени.
-
Тоа што се променува е свеста, интелигентната внатрешна енергија - Прана - која се ослободува
-
од условените навики и се става во служба на душата.
-
Да станеш свесен за целта на душата, можеш единствено кога ќе научиш како да го набљудуваш
-
условеното Јас и неговите бескрајни барања
-
- да ги оставиш зад себе.
-
Во грчката митологија боговите го проколнале Сизиф да повторува една безначајна работа цела вечност.
-
Тој морал да турка огромен камен нагоре по планината, а каменот постојано се тркалал надоле.
-
Францускиот егзистенцијалист и нобеловец Алберт Ками, клетвата на Сизиф ја сфатил
-
како метафора за човештвото.
-
Тој се запрашал, „како да најдеме значење во нашево апсурдно постоење“?
-
Луѓето рмбаат без престан, за да изградат иднина што никогаш не доаѓа.
-
На крајот, умираме.
-
Ако навистина ја воочиме оваа вистина, или ќе полудиме - ако се идентификуваме со нашите егоични персони,
-
или ќе се пробудиме и ќе се ослободиме.
-
Во надворешната битка никогаш нема да успееме,
-
бидејќи таа е одраз на светот што го создаваме во сопствениот ум.
-
Космичката шега и апсурдноста на нештата стануваат јасни
-
штом згасне егоистичкото Јас кое се храни од своите залудни амбиции.
-
Во зенот има изрека: пред просветлувањето - цепам дрва, носам вода.
-
по просветлувањето - цепам дрва, носам вода.
-
Пред да се просветли, човекот мора да го тркала каменот нагоре по ридот
-
по просветлувањето, човекот продолжува да го тркала својот камен.
-
Што се менува?
-
Внатрешниот отпор кон се' што е.
-
Битката изостанува, односно, оној што се борел
-
сега е освестен како - илузија.
-
Сопствената волја односно сопствениот ум, и божествената волја или повисокиот ум - се ЕДНО.
-
Во суштина, Самади е ослободување од сите внатрешни отпори
-
кон сите менливи појави, без исклучок.
-
Оној што може да го достигне внатрешниот мир, без оглед на околностите
-
достигнал вистинско Самади.
-
Отпорите изостануваат, не затоа што го одобруваш ова или она
-
туку затоа што твојата внатрешна слобода не зависи од надворешната.
-
Важно да се знае е дека прифаќањето на реалноста не значи дека се откажуваш од светот
-
или дека се претвараш во пацифист што медитира
-
Всушност, точно е спротивното - кога делуваме без да водиме од несвесни мотиви
-
тогаш е возможно да дејствуваме во склад со Тао - со целосната сила на нашата животна енергија.
-
Многумина тврдат дека за да го промениме светот потребно е да се бориме посилно против она што го доживуваме како наши непријатели
-
Да се бориш за мир е исто како да ја довикуваш тишината - дејството создава повеќе несакани дела.
-
Денес има војна против се': војна против тероризмот, војна против болестите, против гладот.
-
Секоја војна е всушност војна против самите себе.
-
Секоја борба е дел од колективната заблуда.
-
Велиме дека сакаме мир, но продолжуваме да гласаме за водачи што водат војни.
-
Се лажеме кога велиме дека се бориме за човекови права
-
но и покрај тоа, продолжуваме да купуваме облека направена во тешки услови.
-
Велиме дека сакаме чист воздух, но продолжуваме да го загадуваме.
-
Сакаме науката да не излечи од ракот, но не сакаме да ги смениме нездравите навики
-
кои ги прават болестите поизвесни.
-
Се залажуваме со тоа што промовираме подобар живот.
-
Не сакаме да ги видиме скриените делови што условуваат страдање и смрт.
-
Убедувањето дека можеме да победиме во војните против ракот, тероризмот, гладта
-
или било кој друг непријател што го создаваме со нашето размислување и однос
-
всушност само ја продолжува заблудата дека нема потреба да го промениме
-
начинот на кој дејствуваме на оваа планета.
-
Револуцијата мора да се случи - најпрвин во внатрешниот свет.
-
Надворешниот свет ќе биде во склад со Тао
-
само доколку директно ја искусиме спиралата на животот внатре во себе.
-
Дотогаш, се што правиме ќе не доведува до хаосот што и онака постои во умот.
-
Војната и мирот се прелеваат во еден бран, во бесконечна игра. Тие се еден континуум.
-
Едната половина не може да постои без другата.
-
Како што светлото не може да постои без темното. Како што „горе“ не би постоело без „доле“.
-
Светот како да сака да има светлина без темнина, исполнетост без празнина,
-
радост, без тага.
-
Колку повеќе се вмешува умот, толку е повеќе подвоен (фрагментиран) светот.
-
Секое решение што доаѓа од суетниот ум е придвижено од идејата дека постои проблем,
-
и тогаш решението станува уште поголем проблем од оној што требало да го реши.
-
Она на кое му се противиш - продолжува да трае.
-
Иако човечката проникливост создава нови антибиотици, ја сфаќа итрината на природата - бактериите стануваат се' посилни.
-
Без оглед на засилената борба против ракот, случаите на оваа болест се зголемуваат.
-
Бројот на гладни луѓе низ светот расте
-
како и бројот на терористички напади.
-
Каде грешиме?
-
Исто како помошникот на магот од поемата на Гете, човештвото стекна огромна моќ
-
но не располага со мудрост како правилно да ја користи.
-
Проблемот е што немаме разбирање за спрегите што ги користиме.
-
Не го разбираме човековиот ум, неговата вистинска улога и чин.
-
Кризите настануваат од ограничениот и условен начин на кој размислуваме
-
и поради начинот на кој го чувствуваме и доживуваме животот.
-
Нашето резонирањето не лиши од способноста да ја препознаеме
-
и искусиме мудроста на многу древни култури.
-
Егоистичното размислување не лиши од способноста да ја искусиме
-
длабочината и светоста на животот, неговата големина и волшебство,
-
како и да ги сфатиме различните нивоа на свест и будност,
-
кои се нешта - речиси изгубени за човештвото.
-
Во древната Египетска традиција, Нетерите биле архетипни облици чии својства
-
можеле да бидат преземени од оние што си ги прочистиле духовните и физичките тела
-
на таков начин што станале способни да примат и содржат повисоки нивоа на свест.
-
Првобитниот нетер - божествениот принцип на мудроста, се нарекувал Тот, односно Техути.
-
Најчесто претставен како писар со глава на птица,
-
нетерот бил содржателот на изворот на целото знаење и мудрост.
-
Тот може да се опише како вселенскиот принцип на мислата и умот.
-
Тот ни го дал јазикот, поимите, пишувањето, математиката
-
и останатите вештини и појавности на умот.
-
Само на оние што завршиле специјална обука
-
им било дозволено да го примат светото знаење на Тот.
-
Книгата на Тот не е стварна книга, туку е мудроста на Акаша, односно етеричниот свет.
-
Според преданието, знаењето на Тот е сокриено на тајно место што го има во секој човек
-
а тоа место го штити златна змија.
-
Вечниот мит за змија или змеј што чува богатство, се среќава во многу култури
-
и се нарекува со разни имиња: кундалини шакти, чи, свет дух и внатрешна сила.
-
Златната змија се всушност созданијата на егото, кои го сокриваат изворот на животната сила, и додека таа
-
не се надмине, душата никогаш нема да може да постигне вистинска мудрост.
-
Се кажува дека книгата на Тот им донела само страдања на оние кои ја прочитале
-
и покрај тоа што ги дознале тајните на боговите и други знаења сокриени во ѕвездите.
-
Тоа што мора да се разбере е дека книгата им донела страдања на оние што сакале
-
да имаат надмоќ врз животната сила.
-
Во египетската традиција, пробудената свест ја претставувал Осирис.
-
Без оваа разбудена свест, било кое знаење што го поседува ограниченото Јас
-
доведува до опасност и го исклучува човекот од повисоката мудрост.
-
Окото на Орус требало да биде отворено.
-
Езотеричкото значење на ова е слично со познатата приказна
-
за „паѓањето“ на градината во Еден.
-
Книгата на Тот е паралела со библиската приказна за спознавањето на дрвото на знаењето на „доброто“ и „злото“
-
чии забранети плодови Адам и Ева биле предизвикани да ги пробаат.
-
Секако, човештвото одамна јаде од забранетиот плод и веќе ја отворило книгата на Тот
-
и е одамна истерано од рајската градина
-
Змијата во библиската приказна е метафора за предзародишната спирала
-
што се протега од микрокосмосот па се до макрокосмосот.
-
Денес змијата живее - како ТИ.
-
Таа е - себичниот ум што се изразува низ појавниот свет.
-
Никогаш порано не сме имале пристап до толку многу знаење
-
Ние сме продлабочени во материјалниот свет. Ја пронајдовме и таканаречената „божја прашинка“
-
но и покрај се, никогаш не сме биле толку многу ограничени
-
и во толкава заблуда за прашањето „Кој Сум Јас?“ и „Како Треба Да Живеам?“
-
и немаме разбирање за спрегите преку кои го создаваме страдањето.
-
Преку размислување сме го создале светот каков што е денес.
-
Секогаш кога обележуваме нешто како „добро“ или „лошо“, или создаваме преференци во умот,
-
тоа е поради тоа што во умот создаваме егоистични структури и себични интереси.
-
Спасот не е во борбата за мир или контрола врз природата
-
туку е во спознавањето на вистината: тоа дека егото го подвојува животот
-
на Јас и Други, на Мое и Твое, на Човек и Природа, на Внатре и Надвор.
-
Егото е - насилство. На егото му се потребни бариери и граници од се што е Друго, за да може да постои
-
Кога нема его нема ни војни против никого и против ништо.
-
Нема гордост и грубост, ниту завладување со природата за создавање профит.
-
Овие надворешни кризи во светот се одраз на длабоките кризи во душата и свеста.
-
Не знаеме кои сме.
-
Потполно се истоветуваме со нашите егоистични идентитети,
-
совладани сме од стравови и отсечени од својата вистинската природа.
-
Расите, религиите, државите, политичките партии, групите од кои сме дел
-
само ги потврдуваат нашите егоистични идентитети.
-
Речиси секоја група што постои на земјата денес сака да ги убеди другите дека нејзиното гледиште е вистинското.
-
Тоа го правиме и на лично ниво.
-
Преку утврдување на вистината за своја, групата продолжува да живее на ист начин
-
како што егото и себичната структура се дефинира наспроти се останато.
-
Сега повеќе од било кога, различните реалности и подвоените системи на верување
-
коегзистираат истовремено на земјата
-
Возможно е различни луѓе да искусуваат потполно различни мисли и емотивни реакции
-
на истите надворешни феномени.
-
На истиот начин Самсара и Нирвана, или - Рајот и Пеколот, се две различни
-
димензии што постојат во истиот свет.
-
Настанот што едни го сметаат за апокалиптичен, за други може да претставува спас.
-
Тоа што е очигледно едека твоите надворешни околности може да немаат
-
ефект на твојот надворешен свет на некој посебен начин.
-
Да се достигне Самади значи да се биде себе-движечко тркало
-
значи да се биде свој - сам свој универзум.
-
Твоето животно искуство не е зависно од менливите појави.
-
Можеме да направиме споредба со Метатроновата коцка.
-
Метатрон се споменува во повеќе древни христијански, исламски и еврејски списи
-
и е суштински поврзан со египетскиот нетер Тот, како и со Хермес Трисмегист од древна Грција.
-
Метатрон е поврзан со тетраграматонот
-
Тетраграматонот е фундаменталната геометрски шара - калапот на предзародишното извирање
-
на физичката реалност, која луѓето ја нарекле Божјиот Збор или Логос.
-
Пред себе имаме дводимензионален приказ на нацртот
-
но при подобар увид може да се види тродимензионална коцка
-
При согледување на коцката, ништо не се менува во нацртот, но твојот ум самиот додал
-
нова димензија во гледањето.
-
Димензионалноста, или перспективата на гледање, е едноставно
-
прашање на поинакво гледање и разбирање на светот.
-
Со достигнување Самади човекот се ослободува од гледиштата и слободно може да создава нови
-
затоа што е изземено она Јас, кое е зависно од некое одредено гледиште (сфаќање - убедување).
-
Најголемите умови во човечката историја честопати укажувале на нивоа на мисла
-
кои достигнуваат над ограничената его-структура.
-
Ајнштајн рекол: Човекот се вреднува вистински според начинот
-
и распонот преку кој тој достигнува ослободување од самиот себе.
-
Нема ништо лошо во размислувањето и во постоењето на Јас
-
Размислувањето е прекрасна алатка кога умот е во служба на срцето.
-
Во Веданта пишува дека умот е добар слуга - но е лош господар.
-
Егото постојано ја филтрира реалноста преку јазикот и преку поимите,
-
и постојано суди, преферирајќи едно нешто наспроти друго.
-
Кога умот и сетилата се во улога на господар, тие создаваат постојано страдање,
-
постојано посакување и одбивност, заробувајќи не' во матрикост на мислењето.
-
Ако сакаш да достигнеш Самади, немој да ги судиш своите мисли како добри или лоши
-
наместо тоа, обиди се да дознаеш кој си бил пред да настанат мислите и свеста за сетилата.
-
Штом паднат сите етикети, станува можно да го видиш животот во вистинското светло.
-
Во мигот кога на детето ќе му се покаже што е птица, ако тоа поверува во она што му се кажува,
-
детето можеби никогаш повторно нема да види птица... туку единствено ќе ги види - своите мисли.
-
Повеќето луѓе мислат дека се слободни, свесни и будни.
-
Но ако веруваш дека си веќе буден, тогаш зошто би се вложил целосно
-
за да го достигнеш она што си убеден дека го имаш?
-
Пред да се покаже можноста за пробудување, потребно е да прифатиш дека живееш во сонот на матриксот.
-
Преиспитај си го животот искрено, без да се залажуваш за било што.
-
Дали можеш да ги сопреш роботските и повторливи шеми во животот, доколку одлучиш?
-
Дали можеш да сопреш во потрагата по задоволство и избегнувањето на болка?
-
Дали си зависен од одредена храна, активности и разоноди?
-
Дали постојано ги осудуваш, обвинуваш и критикуваш другите и себеси?
-
Дали умот постојано бара стимули? Или си потполно задоволен, едноставно живеејќи во молк?
-
Дали реагираш на туѓите мислења за тебе?
-
Дали ти се потребни туѓите пофалби и одобрувања?
-
Дали на некој начин ги саботираш ситуациите во твојот живот?
-
Повеќето луѓе ќе ги искусуваат своите животи на ист начин и денес и утре
-
и една и десет години од денес.
-
Кога ќе започнеш да го гледаш твоето роботско однесување ќе станеш повеќе буден
-
Ќе започнеш да го препознаваш изворот на проблемите.
-
Ти си целосно и потполно заспан и изгубен во сон.
-
Како и жителите од пештерата на Платон, повеќето луѓе ќе слушнат за вистината
-
но нема да сакаат или нема да можат да го променат животот
-
затоа што се приврзани за нивните познати шеми и навики.
-
Спремни сме да си кажеме и да слушнеме чуда само за да си ги оправдаме навиките
-
вкопувајќи ја главата во песок, наместо да се соочиме со вистината.
-
Ги обожуваме нашите спасители, но не сме подготвени самите да застанеме на крстот.
-
Колку си спремен да платиш за да бидеш слободен?
-
Сфати дека, ако сакаш да го промениш својот внатрешен свет, треба да си подготвен да го смениш и надворешниот живот.
-
Твојата стара структура и стариот идентитет мора да се претворат во мртвата почва од која ќе излезе новиот живот
-
Првиот чекор кон будењето е да разбереш дека сме поистоветени со матриксот на човековиот ум.
-
односно, со маската.
-
Нешто во нас бара да ја дознае оваа вистина и да се дигне од дремежот.
-
Во тебе има нешто безвремено што отсекогаш ја знаело вистината.
-
Матриксот на умот не' настранува (збунува), не' разонодува, не' тера нешто бесконечно да правиме, да конзумираме, да зграпчуваме,
-
во кругот на копнежите и одбивностите со постојано променливи форми
-
спречувајќи не' да го видиме изворот на нашата свесност, од нашето родено еволутивно право,
-
кое се вика Самади.
-
Патолошкото размислување стана нешто вообичаено.
-
Твојата божествена суштина станала заробена, бидејќи се идентификувала со ограничените его-структури.
-
Големата мудрост, вистината за тоа Кој Си, е закопана длабоко во тебе.
-
Кришнамурти рекол: не е мерило за доброто здравје тоа што си вешто прилагоден
-
кон општество кое е длабоко болно во неговата суштина.
-
Поистоветувањето со егоистичниот ум е болеста.
-
Самади е лекот.
-
Светите и просветлените луѓе низ историјата
-
сите ја стекнале мудроста на себепредавањето.
-
Како е можно да го достигнеш вистинското Јас?
-
Кога ќе ѕирнеш низ превезот на замаеноста - МАЈА, и ќе се ослободиш од лажното јас,
-
што останува?