< Return to Video

Зошто е толку тешко да се предвидат земјотресите? - Жан Батист П. Коел

  • 0:08 - 0:12
    Во 123 НЕ, Кинескиот полимат Жанг Ханг
  • 0:12 - 0:16
    го претставил неговиот најнов изум
    пред советниците на Хан.
  • 0:16 - 0:18
    Голема вазна, која, како што тврдел.
  • 0:18 - 0:21
    можела да предвиди кога ќе се случи
    земјотрес во кралството -
  • 0:21 - 0:25
    вклучувајќи ја насоката
    во која треба да се прати помош.
  • 0:25 - 0:27
    Советниците биле малку скептични,
  • 0:27 - 0:31
    особено откако вазната профункционирала
    едно мирно попладне.
  • 0:31 - 0:34
    Но кога гласник дошол
    да побра помош по неколку дена,
  • 0:34 - 0:37
    нивните сомнежи се претвориле
    во благодарност.
  • 0:37 - 0:41
    Во денешно време веќе не користиме
    вазни за да предвидуваме земјотреси,
  • 0:41 - 0:46
    но земјотресите сѐ уште се предизвик
    за оние кои ги следат.
  • 0:46 - 0:49
    Па зошто се земјотресите толку
    тешки за предвидување,
  • 0:49 - 0:52
    и како може да станеме
    подобри во предвидувањето?
  • 0:52 - 0:54
    За да одговориме на тоа,
    треба да разбереме
  • 0:54 - 0:58
    некои теоретски концепти
    за како се случуваат земјотресите.
  • 0:58 - 1:02
    Земјината кора се состои од неколку
    големи, карпести плочи,
  • 1:02 - 1:04
    наречени тектонски плочи,
  • 1:04 - 1:08
    кои пловат врз жешкиот, делумно стопен
    слој на земјината обвивка.
  • 1:08 - 1:11
    Ова прави плочите да се движат
    многу бавно,
  • 1:11 - 1:15
    со брзина од 1 до 20 cm годишно.
  • 1:15 - 1:18
    Но овие мали движења се доволно моќни
  • 1:18 - 1:20
    за да предизвикаат длабоки
    пукнатини во плочите.
  • 1:20 - 1:23
    А во нестабилните зони
  • 1:23 - 1:27
    зголемениот притисок може на крај
    да предизвика земјотрес.
  • 1:27 - 1:30
    Тешко е да се следат овие
    минијатурни движења,
  • 1:30 - 1:35
    а има и многу други фактори кои
    влијаат на создавањето земјотреси.
  • 1:35 - 1:39
    На различните тектонски раседи
    се допираат разни карпи -
  • 1:39 - 1:42
    некои се појаки а некои послаби
    под притисок.
  • 1:42 - 1:47
    Различните карпи реагираат различно
    на триење и високи температури.
  • 1:47 - 1:49
    Некои делумно се топат,
    создавајќи лубрикант
  • 1:49 - 1:52
    направен од врели минерли
  • 1:52 - 1:54
    кој го намалува триењето на раседот.
  • 1:54 - 1:59
    Но некои се суви, и подложни на опасно
    покачување на притисокот.
  • 1:59 - 2:04
    Сите овие раседи се подложни
    на разни гравитациони сили,
  • 2:04 - 2:08
    и на струите од врели карпи
    кои се движат низ земјината кора.
  • 2:09 - 2:12
    А која од овие непознати
    треба да ја анализираме,
  • 2:12 - 2:16
    и како тие се вклопуваат во нашата
    растечка кутија алатки за предвидување?
  • 2:16 - 2:20
    Бидејќи некои од овие сили
    делуват со константен интензитет,
  • 2:20 - 2:23
    однесувањето на плочите е,
    до некаде, циклично.
  • 2:23 - 2:28
    Многу од најверодостојните претпоставки
    доаѓаат од долгорочните предвидувања
  • 2:28 - 2:32
    кои се основани на тоа каде и кога
    имало земјотреси претходно.
  • 2:32 - 2:34
    На милениумската скала,
  • 2:34 - 2:38
    ова овозможува да правиме предвидувања
    за тоа кога активните раседи
  • 2:38 - 2:39
    како Сан Андреас,
  • 2:39 - 2:42
    се на раб на огромен земјотрес.
  • 2:42 - 2:44
    Но бидејќи во системот има многу непознати
  • 2:44 - 2:48
    овој метод само грубо предвидува
    приближни временски периоди.
  • 2:48 - 2:50
    За да се предвидат иминентни потреси,
  • 2:50 - 2:55
    научниците ги истражуваат вибрациите
    во Земјата пред земјотрес.
  • 2:55 - 2:58
    Геолозите веќе одамна користат сеизмометри
  • 2:58 - 3:02
    за да ги следат и бележат малите
    промени во земјината кора.
  • 3:02 - 3:05
    Денес, повеќето од телефоните можат
  • 3:05 - 3:08
    да ги снимаат примарните
    сеизмични бранови.
  • 3:08 - 3:10
    Со мрежата на телефони околу светот,
  • 3:10 - 3:13
    научниците би можеле да добијат богат,
  • 3:13 - 3:17
    детален систем на предупредување кој
    ги известува луѓето за идните земјотреси.
  • 3:17 - 3:21
    За жал, телефоните можеби не се доволни
    за да се даде предупредување на време
  • 3:21 - 3:23
    за да се спроведат
    безбедносните протоколи.
  • 3:23 - 3:26
    Но таквите детални мерења сепак
    може да бидат корисни
  • 3:26 - 3:29
    за програмите за предвидување како
    Quakesim на НАСА,
  • 3:29 - 3:32
    кој може да користи ригорозна
    мешавина од геолошки подтоци
  • 3:32 - 3:35
    за да ги идентификува ризичните региони.
  • 3:35 - 3:37
    Сепак, неодамнешните студии покажуваат
  • 3:37 - 3:41
    дека најпрепознатливите знаци за земјотрес
    се можеби невидливи за овие сензори.
  • 3:42 - 3:43
    Во 2011
  • 3:43 - 3:46
    точно пред земјотрес да го затресе
    источниот брег на Јапонија,
  • 3:46 - 3:50
    научниците недалеку снимиле
    изненадувачки високи концентрции
  • 3:50 - 3:54
    на радиоактивниот пар изотопи:
    радон и торон.
  • 3:54 - 3:58
    Како што напрегањето се зголемува во
    кората неспоредно пред земјотрес,
  • 3:58 - 4:02
    микропукнатините дозволуваат овие гасови
    да излезат на површината.
  • 4:02 - 4:07
    Овие научници мислат дека ако изградиме
    мрежа на детектори на радон и торон
  • 4:07 - 4:09
    во зоните подложни на земјотреси,
  • 4:09 - 4:12
    може да добиеме потенцијален
    систем на предупредување -
  • 4:12 - 4:15
    кој би можел да предвидува земјотреси
    една недела порано.
  • 4:15 - 4:17
    Се разбира, ниедна од овие технологии нема
    да биде корисна
  • 4:17 - 4:20
    како едноставно гледање
    длабоко во самата земја.
  • 4:20 - 4:22
    Со подлабока глетка можеби ќе можеме
  • 4:22 - 4:27
    да ги следиме и предвидувме
    големите геолошки промени на време,
  • 4:27 - 4:30
    со можност да спасиме десетици илјади
    животи годишно.
  • 4:30 - 4:32
    Но за сега, овие технологии можат
    да ни помогнат
  • 4:32 - 4:36
    да се подготвиме и брзо да помогнеме
    во регионите во криза
  • 4:36 - 4:39
    без да чекаме информации од вазна.
Title:
Зошто е толку тешко да се предвидат земјотресите? - Жан Батист П. Коел
Speaker:
Жан Батист П. Коел
Description:

Види ја целата лекција овде: https://ed.ted.com/lessons/why-are-earthquakes-so-hard-to-predict-jean-baptiste-p-koehl

Во 132 год., од НЕ, Жанг Хенг го претставил неговиот најнов изум: голема вазна која тврдел дека може да предупреди кога земјотрес се случува, дури и стотици километри подалеку. Денес веќе не користиме садови како системи за предупредување, но земјотресите сѐ уште се предизвик за оние кои ги следат. Жан Батист П. Коел истражува зошто е толку тешко да се предвидат земјотресите, и како може подобро да ги превидуваме.

Лекиција од Жан Батист П. Коел, режија Cabong Studios.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TED-Ed
Duration:
04:41

Macedonian subtitles

Revisions